Филипче: Здравствената администрација доби зголемување на платите во два наврати

Нашите ветувања беа фокусирани на зголемување на платите на здравствените работници.

Здравствената администрацијата доби зголемување на платите во два наврати досега, еднаш лани кога се зголемија сите плати во здравство и еднаш годинава со зголемување на платите на администрацијата, изјави денеска за МИА министерот за здравство Венко Филипче.

Здравствената администрација и помошно-техничкиот персонал на јавните здравствени установи, денеска одржаа протест пред Министерството за здравство на кој побараа за десет отсто да се зголемат нивните плати и најавија дека ако не се исполнат нивните барања ќе побараат од синдикатите протестот да се претвори во генерален штрајк на административните службеници во здравствените организации.

Филипче посочи дека разговараат со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, за да ги утврдат начините како може здравствената администрација да ја одделат од другата, за следен чекор, период што доаѓа, да има некаква правна форма и тоа да биде начин според кој оваа администрација во здравството заради спецификите, да биде одделена од другата.

– Веќе имавме состаноци и со министерот за информатичко општество и администрација Манчевски и со една работна група од администрацијата, им кажавме што е идејата, тие се вклучени во тоа. Така што тоа е ставот, значи ние не можеме сега овој момент нашата администрација да ја одделиме од другата во другите сектори… Лани се зголемија платите на сите вработени во јавно здравство, тука влегоа буквално сите. Годинава исто така, со тоа што администрацијата за разлика од другите доби зголемување во септември токму поради овие исти причини, бидејќи ја врзавме со другата администрација и другите сектори, а сите други и помошно – техничкиот персонал добија во јануари. Значи во два наврати зголемени плати, рече Филипче.

Тој нагласи дека ќе продолжи со комуникацијата со нив за да се изнајде решение.

Во врска со одвојувањето на здравствената администрација од другата администрација, Филипче рече дека ќе се обидат, но не знае дали ќе можат тоа да го направат.

– Значи тоа не зависи само од нас. Сепак тоа зависи од Министерството информатичко општество и администрација. Може тоа да биде една од тезите за кои ќе дискутираме на состанокот. Меѓутоа не знам дали тоа може да биде така. Значи ние не можеме да ја издвоиме оваа администрација од другата администрација во други ресори, тие не се никако издвоени во овој дел. Дополнително тие двапати добија зголемување, еднаш со цела администрација и еднаш како дел од здравствен систем, вработени во јавно здравство лани во септември, кога добија сите 20.000, додаде Филипче./МИА

Во живо

последно ажурирање пред 6 минути

Инцидент при слетувањето на хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси

По веста објавена од Иранската државна телевизија дека хеликоптерот, со кој патувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“ на терен се упатени 16 спасувачки тимови и беспилотни летала.

пред 6 минути19:42

САД и ЕУ внимателно ги следат информациите за Раиси

По веста дека хеликоптерот со кој се превезувале претседателот на Иран, Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдулахиан, принудно слетал во планинската област во провинцијата Источен Азербејџан, американскиот Стејт департмент соопшти дека внимателно ги следи информациите.

- Во овој момент немаме друг коментар, истакна портпаролот на Стејт департментот.

Тој додаде дека за тоа е информиран и претседателот на САД, Џо Бајден.

И Европска Унија соопшти дека внимателно ги следи информациите за Раиси.

- Нашето срце е со иранската нација како пријател и брат. Го молиме Бога за милост и грижа за претседателот, министерот за надворешни работи и нивните придружници, изјави портпаролот на Хамас, Изат ал Ришек.

Иранската државна телевизија повтори дека сè уште нема информации за судбината на патниците во урнатиот хеликоптер и оти не може да потврди дали има загинати или повредени лица.

Додека ИРНА јави дека сè уште не е локализирано точното место на инцидентот со хеликоптерот.

Во меѓувреме иранскиот духовен лидер, ајатолахот Али Хамнеи одржа итен состанок на Советот за безбедност на Иран.

Началникот на Генералштабот на иранската армија нареди користење на сите воени ресурси за помош во операциите за пребарување и спасување.

Сè уште не е лоциран хеликоптерот, а во областа паѓа ноќ. Воздушната потрага е прекината поради лошите временски услови, а сите спасувачки операции во моментов се изведуваат од земја, јави Иранската државна телевизија. /МИА

пред 13 минути19:35

Ирак и Азербејџан му понудија помош на Иран

Ирак му понуди помош на Иран во пребарувањето на хеликоптерот со кој се превезуваа иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдулахиан.

Владата на Ирак им даде инструкции на Министерството за внатрешни работи, Црвената полумесечина и другите релевантни органи да помогнат во потрагата во иранската провинција Источен Азербејџан.

И претседателот на Азербејџан Илхам Алиев му понуди помош на Иран во пребарување на теренот.

Алиев истакна дека се моли за Раиси и оти е длабоко шокиран од веста за хеликоптерската несреќа, по нивната денешна средба.

Во меѓувреме, иранските медиуми објавија дека исчезнале тројца спасувачи кои трагаа по урнатиот хеликоптер.

Додека Иранската државна телевизија јави дека сè уште не е лоциран хеликоптерот, а во областа паѓа ноќ. Воздушната потрага е прекината поради лошите временски услови, а сите спасувачки операции во моментов се изведуваат од земја.

пред еден час18:27

ИРНА: Сè уште се трага по хеликоптерот

Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека во тек е опсежна операција за пребарување и спасување откако хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси беше принуден да изврши „тврдо слетување“ во планинскиот регион во северозападниот дел на Иран.

Инцидентот се случи денеска во шумата Дизмар помеѓу градовите Варзакан и Џолфа во иранската провинција Источен Азербејџан. Раиси се враќаше од Азербејџан, каде присуствуваше на отворање на брана со азербејџанскиот Илхам Алиев.

Неименуван ирански претставник за западните медиуми изјави дека хеликоптерот со кој се превезуваа иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдулахиан се урна додека летал над планинска област во иранската провинција Источен Азербејџан, изјави.

Тој истакна дека „животите на Раиси и Амирабдолахиан „се загрозени по хеликоптерската несреќа“.

- Сè уште се надеваме, но информациите кои ни доаѓаат од местото на несреќата се многу загрижувачки, наведе неименуваниот ирански претставник.

Како што јави ИРНА, повеќе од дваесет целосно опремени тимови за пребарување и спасување, вклучително беспилотни летала и кучиња трагачи, се испратени во областа. Иранските вооружени сили распоредија командоси и специјални сили за да помогнат во операцијата за пребарување.

Поради нерамниот терен на регионот и тешките временски услови, особено густата магла во областа, операцијата за пребарување и спасување би можела да потрае некое време.

Портпаролот на Иранската служба за итни случаи изјави дека осум амбулантни возила се испратени во регионот.

пред 6 минути17:20

Иранска новинска агенција (ИРНА) на англиски јазик објави дека се случила несреќа односно хеликоптерот се урнал. Иранската државна телевизија, како и ИРНА не јавија дали Раиси или други лица се повредени.

Претходно иранската новинската агенција Мехр објави дека операцијата за пребарување и спасување ќе потрае извесно време поради непроодноста на теренот, планинските и шумските услови, како и неповолните временски услови, особено густата магла.

Дел од иранските медиуми објавија дека некои од придружниците на претседателот во хеликоптерот успеале да стапат во контакт со централните власти, истакнувајќи оти тоа надеж дека нема жртви во инцидентот.

Конвојот на претседателот се состоеше од три хеликоптери. Во другите две летала се превезувале други ирански функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан и гувернерот на иранската провинција Источен Азербејџан.

Раиси патувал во Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

Раиси на претседателската функција стапи во август 2021 година.

На социјалните мрежи се појави и видео од насобрани луѓе кои се молат за здравјето на Раиси.

Утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. 

Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.

До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град. Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок. Температурите ќе бидат без значителна промена.

Ново детско катче и простор за одмор на ул. "Ѓорѓи Димитров"

Прекрасниот неделен сончев ден го искористија децата кои живеат во непосредна близина на улицата ,,Ѓорѓи Димитров”. 

Во голем број излегоа да уживаат на новото детско катче и новиот терен за мал фудбал. Просторот е надополнет со урбана опрема и зеленило, така што претставува нова локација за одмор и дружење и за повозрасните.

-Се работи за ново детско катче, нова урбана опрема, клупи, нова подлога и игралиште за мал фудбал со вештачка трева на улица ,,Ѓорѓи Димитров”. Најмладите наши жители, за нивната детска игра непречено да тече, добиваат ново детско катче и терен за фудбал, а повозрасните генерации ќе можат да уживаат во зеленилото и урбаната опрема која ја нуди ова место.Сето ова, хортикултурно уредено за да естетски изгледа уште поубаво овој парк. Мојот народ од овој дел на Кисела Вода добива реконструирано катче каде ќе можат да се сретнат, да одморат, да се рекреираат или едноставно да уживаат на отворено. Промените се случуваат и продолжуваат секој ден, нема запирање-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

притисни ентер