Европратениците отфрлија две одлуки на ЕК за нивоата на пестициди во храната увезена во ЕУ

Европскиот парламент на денешното пленарно заседание во Стразбур со големо мнозинство гласови отфрли две одлуки на Европската комисија со кои се регулираа нивоата на дозволени пестициди во прехранбените продукти што се увезуваат во ЕУ од трети земји.

Станува збор за одлуките за толеранција на максималните нивоа на остатоци на ципроконазол и спиродиклофен во житните култури, семињата, месото, црниот дроб и бубрезите, како и за нивоата на беномил, карбендазим и тиофанат-метил во лимоните, лиметите, мандарините и бамиите.

Инаку, употребата на сите овие пестициди е забранета во ЕУ.

Резолуцијата со која се отфрла првата одлука за нивоата на ципроконазол и спиродиклофен беше усвоена со 522 гласа „за“, 127 „против“ и 28 „воздржани“, а втората за нивоата на беномил, карбендазим и тиофанат-метил беше прифатена со 516 гласаа „за“, 129 „против“ и 27 „воздржани“. За усвојување на резолуциите беше потребна поддршка од најмалку 359 гласови на европратениците.

Во резолуциите се нагласува дека за земјоделските производи увезени во ЕУ од земји кои не се членки на Унијата мора да важат истите стандарди, како и за продуктите произведени во земјите членки на блокот, со цел да се обезбеди „рамноправен терен за игра“.

Според европратениците со дозволувањето повисоки нивоа на остатоци од пестициди во увезената храна, воедно се загрозува и здравјето на граѓаните во Европа, но и на жителите на земјите производители на овие прехранбени продукти.

Врз основа на ваквата одлука на ЕП, Еврокомисијата сега мора да ги повлече двете одлуки. Европратениците воедно ја повикуваат ЕК да предложи нови нацрт-одлуки со кои ќе се намалат сите максимални нивоа на остатоци на пестициди до најниската граница што може да се открие или на стандардната вредност од 0,01 милиграми на килограм, како и да отфрли какви било барања за толеранции за отстапување од стандардите за увезената храна. /МИА

Видео: Меланија Трамп за совите голи фотки: Гордо стојам зад нив

Сопругата на американскиот милијардер и екс претседател Доналд Трамп, убавата Меланија Трамп неодамна ја најави својата нова книга, мемоари, која ќе биде исполнета со фотографии од различни периоди од нејзиниот живот,.

Сопругата на американскиот милијардер и екс претседател Доналд Трамп, убавата Меланија Трамп неодамна ја најави својата нова книга, мемоари, која ќе биде исполнета со фотографии од различни периоди од нејзиниот живот, вклучувајќи ја и долгата кариера како модел.

Нејзиното најново промотивно видео беше објавено неодамна на мрежите, а таа не штедеше труд да ги велича своите фотографии, споредувајќи ги со делата на најголемите уметници, како што е Микеланџело.

- Зошто гордо стојам зад мојата гола манекенска работа? Поважното прашање е зошто медиумите решија внимателно да ја разгледаат мојата прослава на човечкото тело во модната фотографија? Дали веќе не можеме да ја цениме убавината на човечкото тело? - вели Меланија. Целото видео е придружено со нејзиниот глас, додека прикажува фотографии од уметнички дела, како што е статуата на Давид од познатиот Микеланџело. Секако, таа не ги откри своите фотографии.

- Низ историјата мајсторите уметници ја почитувале човечката форма, предизвикувајќи длабоки емоции и восхит. Треба да ги почитуваме нашите тела и да ја прифатиме безвременската традиција на користење на уметноста како моќно средство за самоизразување, вели таа.

Ова е четврто видео што Меланија Трамп го објави на своите профили на социјалните мрежи пред објавувањето на нејзините мемоари, кои ќе бидат објавени на 1 октомври. Многу необична маркетинг стратегија за да ги натера луѓето да ја нарачаат однапред нејзината книга.

Украина за прв пат учествуваше во вежба на НАТО за борба со дронови

 Украина за првпат учествуваше во вежбата со беспилотни летала на НАТО, што се одржа од 10 до 20 септември во Холандија, соопшти прес-службата на алијансата.

Повеќе од 450 претставници од 19 земји на НАТО и три земји партнери учествуваа на годишната вежба, на која беше тестирана техничката интероперабилност на мерките за спротивставување на беспилотни летала.

-За првпат Украина учествува заедно со претставници на приватниот сектор и научната заедница, соопшти прес-службата на НАТО, додавајќи дека сојузниците тестирале повеќе од 60 системи и технологии како што се сензори, системи за водење беспилотни летала, заглавувачи и кибер-пресретнувачи.

Учеството на Украина е усогласено со Патоказот за иновативна соработка меѓу НАТО и Украина, одобрен на Самитот на Алијансата во Вашингтон.

Амбасадата на Јапонија ќе набави мобилен рентген апарат за Клиниката за детски болести

Амбасадата на Јапонија потпиша е договор со Клиниката за детски болести за набавка на мобилен рентген апарат.

Во министерството за здравство денеска во рамки на програмата на Амбасадата на Јапонија, за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност, се потпиша договор со Универзитетската клиника за детски болести за набавка на мобилен рентген апарат.

На церемонијата на потпишување се обратија министерот за здравство, Арбен Таравари, амбасадорот на јапонија во Македонија, Оцука Казуја, и директорот на Клиниката за детски болести, Реџеп Мемеди.

притисни ентер