Еве зошто ви се трошат брзо парите – Цел живот сме живееле во заблуда (ВИДЕО)

Станува збор за детаљ на кој малкумина од нас обраќаат внимание, а кој може да промени многу работи.

Постојат одредени правила на фенг шуи кои се однесуваат на тоа дека бојата на паричникот влијае на привлекувањето пари. Иако многу луѓе веруваат дека црвената боја се издвојува како најдобра боја за изобилство, богатство и просперитет, еве колку е тоа вистина.

Неверојатно е како нешто толку едноставно, како изборот на вистинската боја за вашиот паричник, може да влијае на приливот на пари. Сепак, според правилата на фенг шуи, енергијата околу нас, и тоа како може да го подобри или намали богатството, а боите играат многу голема улога во тоа.

- Бојата на вашиот паричник може да биде причина за загубата на пари. Можеби звучи лудо, но навистина е така според правилата на фенг шуи, древната кинеска филозофија. Станува збор за енергијата што ве опкружува, а која во голема мера влијае на вашиот живот, како и на предметите што ве опкружуваат, вклучувајќи го и вашиот паричник. Според правилата на фенг шуи, сè е поврзано едно со друго. Ако вашиот паричник има „погрешна“ боја, можеби едноставно ги одбивате парите од себе без да утврдите причина зошто тоа се случува - вели еден експерт за фенг шуи на Тикток.

Тој истакнува дека црвената боја е најлошата боја што може да ја изберете кога станува збор за бојата на паричникот.

- Според фенг шуи, црвената боја симболизира оган, а огнот и парите навистина не одат заедно. Во буквална смисла, тоа би значело дека вашето богатство брзо согорува во пламен. Ако паричникот ви е црвен, тоа значи дека трошите пари со неверојатна брзина. Ова не е добро ако се обидувате да зачувате или да заштедите пари. Кога станува збор за паричник во сина боја, можеби звучи како детска боја, но всушност симболизира вода. Исто така, и водата лесно заминува. Ако имате син паричник, тоа значи дека постојано гледате како парите ви се лизгаат низ прсти. Колку и да се трудите да ги задржите, едноставно ви се лизгаат од раце, не ви оди од рака – истакнува тој.

Ништо подобра не е ситуацијата кога станува збор за различни нијанси на розова боја. Од друга страна, само две бои гарантираат прилив на пари и нивно штедење.

- Кога станува збор за розов паричник, тој симболизира романса. Ако во животот сакате да привлечете само љубов, само напред. Меѓутоа, кога се парите во прашање, таа боја на паричникот воопшто не ви оди во прилог. Ако се прашувате која боја ќе ја зголеми вашата банкарска сметка, тоа би била црната. Според фенг шуи, црната боја е боја на успех во кариерата, таа е како магнет за пари. Ако, пак, се обидувате да заштедите пари, кафеавата е бојата на паричникот е идеална за вас. Кафеното ја симболизира земјата, а земјата е стабилна и се стреми кон зачувување - заклучува овој експерт.

@qicoil How the color of your wallet can impact your money flow and financial well-being according to the ancient Chinese philosophy of Feng Shui. #FengShui #WalletColor #MoneyFlow #FinancialGrowth #WealthAttraction #luckycolor #luckycolorwallet #wealth #abundance #energy #qicoil #fyp #foryoupage ♬ original sound - Master Wong⚡️Frequency Expert

Необјавени песни на Џими Хендрикс одат на наддавање

 Необјавени песни на познатиот американски гитарист Џими Хендрикс се дел од каталогот сувенири коишто му припаѓале на покојниот музичар, а би требало да бидат понудени на аукција во ноември.

Организатор на наддавањето е продавницата за забавни сувенири „Пропстор“ (Propstore).

- Кога првпат имавме можност да ја истражиме оваа архива, веднаш бевме воодушевени од длабочината и значењето на материјалот, изјави Марк Хонам, консултант за музика и постери во „Пропстор“. - Ова е неверојатна колекција којашто не само што го отсликува личниот живот на Џими Хендрикс, туку Ве враќа во клучните мигови во музичката историја, додаде тој.

Колекцијата била извадена од архивата на Патриша „Трикси“ Саливан, која соработувала и била блиска со менаџерот на Хендрикс, Мајк Џефри, се наведува.

Сега првпат, обожавателите на Хендрикс имаат можност да наддаваат за различни лични предмети коишто откриваат повеќе за музичките потфати и животот на Хендрикс вон сцената... Меѓу предметите има и 50 ретки ленти, вклучително и необјавени снимки, како и лични записи и документи, на пр. рачно напишано барање за извод од Матичната книга на родени, планови за турнеја, па дури и потврди за хемиско чистење на облеката и друго.

Сеул: Потполно сме подготвени да одговориме на провокациите од Пјонгјанг

 Јужнокорејската армија денеска соопшти дека е „потполно подготвена“ да одговори на предупредувањата од Северна Кореја, по зголемувањето на тензиите меѓу двете земји поради летови на беспилотни летала над Пјонгјанг. 

Северна Кореја ги обвини јужните соседи за летање дронови над Пјонгјанг и фрлање пропагандни летоци со „провокативни гласини и ѓубре“.

Пјонгјанг вчера предупреди дека следниот лет на дрон ќе го смета за „објава на војна“. Јужнокорејската армија ги негираше обвинувањата дека стои зад управувањето на дроновите, обвинувајќи ги јужнокорејските активистички групи, кои честопати праќаат пропагандни летоци кон Северна Кореја.

Северна Кореја синоќа нареди на дел од војската, која веќе е во борбена готовност, целосно да се подготви за отворање оган. Истовремено, воздушниот надзор над Пјонгјанг беше дополнително засилен.

САД: Кинеските воени вежби „неоправдани и ризикуваат ескалација“

САД ги осудија кинеските воени вежби околу Тајван, нагласувајќи дека потегот е „неоправдан и ризикува ескалација“. Тие го го повикаа Пекинг да дејствува воздржано.

„САД се сериозно загрижени од заедничките воени вежби на Ослободителната народна армија во Тајванскиот теснец и околу Тајван“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер.

притисни ентер