Еве колку калории има вашиот омилен алкохолен пијалак

Освен што се висококалорични, алкохолните пијалаци немаат ниту нутритивна вредност. 

Со своите лесни, слатки и овошни вкусови, коктелите лесно ќе ве намамат да порачате уште еден, па уште еден… Но, размислете за состојките на еден просечен коктел. Само вотка, рум, џин и виски содржат повеќе калории отколку пиво или вино. А во коктелите се мешаат по два или повеќе видови алкохол. Калориската бобма станува се’ поголема кога во коктелот се додаваат слатки сирупи и сокови, а со некои коктели оди и шеќер.

Еве колку калории содржат некои од најпознатите и најкалоричните коктели:

1 Long Island Ice Tea – 780 калории

2. Margarita – 740 калории

3. Pina Colada – 644 калории

4. White Russian – 425 калории

5. Mai Tai – 350 калории

6. Gin / vodka & Tonic – 200 калории

7. Mojito – 160 калории

8. Cosmopolitan – 150 калории

9. Sex on the beach – 270 калории

10. Screaming Orgasm – 309 калории

А еве каква е ситуацијата со другите пијалаци – тука е истакната бројот на калории во 100мл:

Пиво – 45 калории

Шампањско – 85 калории

Бело вино – 85 калории

Црвено вино – 80 калории

Коњак 38 вол % алкохол – 230 калории

Коњак 50 вол % алкохол – 375 калории

Ликери – 250 калории

Ракија 25 вол % алкохол – 175 калории

Ракија 33 вол % алкохол – – 195 калории

Ракија 50 вол % алкохол – – 350 калории

Рум 40 вол % алкохол – – 280 калории

Бренди – 40 вол % алкохол – – 230 калории

Вињак – 250 калории

Виски – 250 калории

Водка – 230 калории

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Полицијата денеска упадна во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растера пропалестинските активисти кои протестираа против израелската офанзива во Газа.

Претходно денеска група од околу 70 студенти ја окупираа зградата на Институтот за политички науки во центарот на Париз, по неуспешните преговори меѓу студентите и администрацијата за врските на Универзитетот со Израел, јави France24.

Од кабинетот на францускиот премиер по тој повод соопштија дека одговорот на владата е силен и ќе биде во целост таков.

„Наредивме систематска реакција и интервенција на органите на прогонот за слободен пристап до универзитетите штом ќе се воспостават блокади или собири“, изјавија од кабинетот на премиерот за ТВ БФМ.

Француските медиуми објавија дека на вработените во Универзитетот денеска им било кажано да работат од дома, бидејќи универзитетските згради биле затворени.

Директорот на Институтот за политички науки вчера ги отфрли барањата на студентите за преиспитување на врските на Универзитетот со Тел Авив.

Студентите на неколку француски универзитети ги блокираа или окупираа нивните факултети по митинзите организирани на кампусите низ САД против конфликтот во Газа.

Околу 100.000 имигранти во САД ќе можат да добијат здравствено осигурување до 2025 година

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега.

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега, врз основа на директивата објавена денеска од администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Финализацијата на одлуката траеше подолго отколку што се очекуваше и не го вклучува предлогот на Бајден да им се дозволи на тие имигранти да аплицираат за Медикејд (Medicaid), програма за здравствено осигурување која обезбедува речиси бесплатно покритие за најсиромашните луѓе во нацијата.

Од друга страна, одлуката ќе им овозможи на илјадници мигранти да пристапат до даночни олеснувања откако уписот според Законот ќе започне на 1 ноември, само неколку дена пред претседателските избори, пренесува американските медиуми, според кои, овој потег може да му донесе на Бајден клучни гласови од Латинска Америка, но се очекува да биде критикуван од републиканците.

Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Пратеникот Борислав Крмов, Носител во ИЕ3, за програмата на Левица, во однос на работниците и земјоделците истакна:

,,ИЕ 3 е во најголем дел работнички и земјоделски регион. Ние предлагаме шестчасовно работно време. Тоа не е никаква илузија, тоа на Запад го има - многу е поголема продуктивноста со шестчасовно работно време.

За земјоделците, најклучно е да имаме државни откупни центри, за да може земјоделците да добијат фер цена. Сега имате флаширана вода 20 денари, а тие сакаат млекото да им го откупат за 18 денари", се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер