Еве како користењето на сламки за пиење предизвикува здравствени проблеми

Проблеми настануваат откако вишок воздух ќе влезе во дигестивниот тракт.

Не треба да се нагласува колку е важно да бидете доволно хидрирани. Но, не е сеедно на кој начин внесувате течност, а сигурно сте забележале дека кога користите сламки за пиење имате проблем со додатна подуеност и гасови.

Според гастроентерологот д-р Дејвид Кларк, процесот на прекумерно голтање воздух низ сламките е познат како аерофагија. Воздухот што го внесувате со течноста може да се акумулира во стомакот и да предизвика непријатност.

- Кога ќе ја ставите сламката во пијалакот, во неа се задржува воздух заедно со течноста. Тој воздух „патува“ до вашиот дигестивен тракт, предизвикувајќи надуеност и гасови. Поголемите сламки задржуваат повеќе воздух. Исто така, кога пиете течност преку сламка, вие посилно ја вовлекувате течноста, а тоа автоматски ја зголемува количината на дополнителен воздух - објаснува Кларк.

Како да спречите надуеност?

- Обидете се полека да го испиете пијалакот. Избегнувајте хартиени сламки и користете метални или пластични. Исто така, не јадете премногу брзо и не зборувајте додека џвакате, порачува докторот.

Тој напоменува дека гасовите и подуеноста предизвикани од употребата на сламки за пиење не се опасни, но може да бидат непријатни бидејќи предизвикуваат подждригнување и гасови.

Кога треба да се загрижите?

- Во некои случаи, надуеноста има друга причина, како што е делумна блокада на цревата. Таа најчесто е предизвикана од воспаление што доведува до отекување на ткивото, тумор (бениген или малиген), лузни или оштетување на нервите. Гасовите и другите работи од цревата може да бидат блокирани како што е случај со водата зад браната. Ова предизвикува проширување на ѕидовите на цревата, а тоа ги активира нервите за болка. Ако блокадата продолжи, може да предизвика уште поголема болка, повраќање, па дури и оштетување на ѕидовите на цревата – нагласува Кларк, а пренесува parade.com..

Извор: srecna.republika.rs

Канатларовски: Националниот тим секогаш треба да биде на прво место

 Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Драган Канатларовски ги искажа своите очекувања за претстојните две средби во октомврискиот циклус на квалификации за пласман на Европското првенство.

- Секој повик за репрезентацијата, сам по себе претставува голем мотив. Играчите треба да разберат дека националниот тим секогаш е на првото место и треба со голема желба и посветеност за се игра и бори за Македонија, без разлика кој е противникот на другата страна. Натпреварот со Молдавија го дочекуваме со посебна желба и мотивација, со оглед на тоа што се случуваше на првиот меѓусебен наш дуел каде што забележавме несреќен пораз. Се надевам и верувам дека ќе успееме да одиграме квалитетно, борбено и максимално пожртвувано, остварувајќи победа. Што се однесува до Грузија, не очекува еден тежок натпревар, на кој ќе добиеме вистинска слика за нашиот тим, изјави Канатларовски за сајтот на ФФМ.

Натпреварот со Молдавија ќе се игра на 11 октомври, на тренинг центарот „Петар Милошевски" во Скопје.

На 15 октомври македонските фудбалери ќе гостуваат во Грузија.

Антигва и Барбуда отстранета од листата на ЕУ на „даночни раеви“

 Европскиот совет денеска реши да ја отстрани малата карипска држава Антигва и Барбуда од листата на ЕУ на „некооперативни земји и територии за даночни цели“.  

Советот посочува дека ваквата одлука е донесена откако Антигва и Барбуда направила измени на важечките даночни правила.

Државата, која има нешто над 100 илјади жители, беше ставена на листата на ЕУ на „даночни раеви“ во октомври 2023 година, врз основа на негативната оценка дадена од Глобалниот форум на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) поради начинот на „размена на барани информации“ поврзани со даночните обврзници.

Со отстранувањето на Антигва и Барбуда, на оваа листа остануваат 11 земји или територии и тоа Американските Девствени Острови, Американска Самоа, Ангвила, Вануату, Гуам, Палау, Панама, Русија, Самоа, Тринидад и Тобаго и Фиџи.

Во соопштението на Советот се изразува жалење што овие земји и територии на „се уште не соработуваат за даночни прашања“ и апелира до нив да ја подобрат својата законска рамка за надминување на идентификуваните проблеми.

Советот уште додава и дека океанските држави Палау и Фиџи направиле „ветувачки чекори за усогласување со критериумите“ за даночните политики, но дека тоа се уште не е доволно за ниво отстранување од листата.

Листата на ЕУ на некооперативни земји и територии за даночни цели е изработена во декември 2017 година, како дел од Стратегијата на Унијата за оданочување во странство и има за цел да придонесе за промоција на принципите на „добро даночно владеење“ ширум светот.

Некооперативноста се проценуваат врз основа на низа критериуми утврдени од Советот, како даночна транспарентност, правично оданочување и имплементација на меѓународните стандарди за спречување на намалувањето на даночната основица и помало оданочување на остварениот профитот.

ЕУ прави периодични прегледи на состојбите поврзани со ова прашање и врз основа на нив се врши ажурирање на листата. Од 2020 година листата на „даночни раеви“ е ажурирана во два наврати. Следниот преглед е предвиден за февруари 2025 година.

Тајани: Наредбата на руските власти за апсење на новинари на РАИ е акт на политички прогон

Тајани ја осуди одлуката на Москва да издаде налог за апсење на двајца новинари на италијанската државна телевизија РАИ.

Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Антонио Тајани, ја осуди одлуката на Москва да издаде налог за апсење на двајца новинари на италијанската државна телевизија РАИ поради нивното покривање на ненадејната инвазија на Украина во руската област Курск во август, објавија италијанските медиуми.

Вчера рускиот суд нареди апсење во отсуство на репортерката Стефанија Батистини и снимателот Симоне Треини поради „нелегално преминување“ на границата од Украина во Русија.

Рускиот суд побара и тие да бидат екстрадирани од Италија во Русија.

-Рускиот налог за апсење на двајца новинари на РАИ е уште една форма на политички прогон на слободата на медиумите. Италијанската влада секогаш ќе застане во одбрана на правото на независно новинарство, рече Тајани на социјалната мрежа „Х“.

Русија ги стави Италијанците и уште неколку западни дописници на листата на барани поради нивното известување од Курск.

Украинските сили контролираат големи области од регионот откако влегоа во него на 6 август. /МИА

притисни ентер