ЕУРО 2016: Италија го почна шампионатот со победа над Белгија

Репрезентацијата на Италија со победа од 2:0 над Белгија го почна Европското првенство во Франција. Во рамките на групата Е во првиот дуел Шведска и Република Ирска одиграа нерешено 1:1, што знчаи дека Италија е прва по првото коло.

Италија поведе со голот на Емануеле Џакерини во 32.минута, а конечните 2:0 ги постави Грациано Пеле во 90.минута. Со овој пораз Белгија не успеа да ја прекине традицијата и 34 години нема победа над Италија.

На првиот натпревар од вчерашната програма од Д групата европскиот првак Шпанија ја победи Чешка со 1:0.

Денеска на програмата се последните два натпревара од 1.коло од Ф групата, а играат: Австрија – Унгарија (почеток 18 часот) и Португалија – Исланд (почеток 21 часот)./МИА

Ерменија доби повеќе гласови од Азербејџан за организирање на COP17 во 2026 година

Двете земји, кои беа во конфликт со децении, се кандидираа за домаќини на следната климатска конференција, па поради тоа, за првпат во историјата, мораше да се организира тајно гласање за да се одлучи која од двете земји ќе го добие.

Ерменија е избрана за домаќин на 17-та Конференција на Обединетите нации за зачувување на природата во 2026 година, победувајќи го Азербејџан по досега најнеобичното и докрај неизвесно гласање на земјите-членки на Конвенцијата за биолошка разновидност собрани во Колумбија, јавија француските медиуми.

Двете земји, кои беа во конфликт со децении, се кандидираа за домаќини на следната климатска конференција, па поради тоа, за првпат во историјата, мораше да се организира тајно гласање за да се одлучи која од двете земји ќе го добие.

Ерменија победи со 65 гласа наспроти 58 за Азербејџан, објави во пленарната сала претседателот на КОП16, кој завршува во колумбискиот град Кали.

Петрушевски: МЕПСО под СДС и ДУИ дало согласност за авансна исплата од 1.8 милиони евра

МЕПСО под СДС и ДУИ дало согласност за авансна исплата од 1.8 милиони евра на фирма која 5 години нема никаков приход.

Раководството на СДС и ДУИ во МЕПСО дозволиле фирмата Шанси Инвест да биде фирма на која ќе и исплатат аванс од 20%, за набавка на уредот за корекција на напонски профил, иако истата од 2019 до 2023 година нема приходи.

Шанси инвест првите приходи ги има во 2023 година, и тоа верувале или не само 18.000 денари.

Истата оваа Шанси инвест во 2024 година добива тендер од МЕПСО под СДС и ДУИ од 10 милиони евра, сврзана со Далековод АД Загреб, кои очигледно ги користале за референци.

И не само што МЕПСО доделило набавка од 10 милиони евра на Конзорциумот меѓу Шанси инвест и Далековод АД Загреб, туку и во договорот се согласило аванс од 20% да исплати на Шанси инвест, фирма која 5 години нема никаков приход.

МЕПСО под СДС и ДУИ се согласиле да префрлат 1.87 милиони евра на Шанси инвест како аванс.

ЈО не треба да чека, и веднаш да отвори истрага. Очекуваме одговорност.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ бара оставка од Божиновска

СДСМ бара оставка од Божиновска и најавува иницијатива за фунционер да може да има само македонско државјанство.

Сања Божиновска, која што е вмешана во бројни скандали, продолжува да ја лаже јавноста. Денеска прашуваме: Како можеше Божиновска да го излаже народот за своето бугарско државјанство? И што вистински се крие зад нејзините мотиви за негово добивање?

Јавно беше објавен документот со кој таа самата потврдува бугарска самосвест, и тој документ носи нејзин личен потпис. Ова ја разобличува нејзината лага дека „адвокати и ја потпишале изјавата“.

Дополнително, нејзиното тврдење дека бугарско државјанство добила за економски причини е далеку од вистината. Бугарија не беше членка на ЕУ во 2004 година, кога Божиновска го добила државјанството. Економските можности во Бугарија беа послаби од оние во Македонија во тоа време. Ако економски причини не се причината, тогаш прашањето е: кои се вистинските мотиви? Дали навистина има бугарски национални чувства кои ја мотивирале на ваков чекор?

Додека Мицкоски тврди дека се бори против вклучувањето на Бугарите во уставот, тој очигледно нема проблем со државни функционери кои поседуваат бугарско државјанство во најтесното опкружување на Владата. Ова е лицемерие на највисоко ниво кое ги погодува сите граѓани и отвора многу прашања. Колку уште лица во тесното владино опкружување имаат двојно државјанство, и дали тие служат на интересите на Македонија или на странски интереси?

Затоа, СДСМ ќе поднесе иницијатива за законски измени со кои ќе се постави јасен и конкретен услов - премиер, вицепремиери, министри и пратеници во Република Северна Македонија да можат да бидат лица кои поседуваат само македонско државјанство.

Бидејќи Мицкоски вели дека имало поголеми Македонци и помали а Божиновска била најголема Македонка, тие измени ќе бараме да важат веднаш, од актуелниот состав.

Нашите институции мора да ги водат луѓе кои имаат само една држава, и лојалност кон само една држава, кон Република Северна Македонија. Време е оваа Влада да покаже дали сака вистински патриотизам или ќе се служи со лажниот и понатаму.

Нашиот став е јасен: политичарите мора да бидат лојални на народот, на државата и на иднината на оваа земја. Затоа, бараме веднаш Божиновска да поднесе оставка и повикуваме сите граѓани да ја поддржат оваа иницијатива за да осигураме дека само луѓе кои искрено стојат зад државата ќе можат да ја водат државата.

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска- портпаролка на СДСМ

СДСМ

притисни ентер