ЕУ го одложи воведувањето електронска пасошка контрола за влез и излез

ЕУ на неодредено време го одложи воведувањето на електронска пасошка контрола за влез и излез за патниците кои не се членки на унијата, меѓу кои е и Македонија, а кое требаше да стапи на сила на 10 ноември. 

Причината за одлагањето е што Германија Франција и Холандија се изјасниле дека нивните компјутерски системи на границата се уште не се подготвени да бидат ставени во функција, изјави Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон. Таа рече дека нема нов датум за воведување на новиот систем, но дека се разгледува можноста за етапно воведување.

-Јасно е дека ова нема да биде 10-ти ноември, бидејќи како што рече министерот Пинтер три земји-членки неодамна изјавија дека не се подготвени. // Значи она што го дискутиравме денес е можноста за фазно воведување, со чекор по чекор влегување во системот, а не голем удар на сите гранични премини во исто време.- Илва Јохансон - Еврокомесарката за внатрешни работи

Системот за проверка првично требаше да започне со работа во 2022 година, но се соочи со низа одложувања. Беше презакажан за мај 2023 година, а потоа и за крајот на 2023 година, пред да се одреди датумот за ноември годинава.

Овој систем предидува сите патници кои влегуваат во ЕУ а не се од земјите членкли, да дадат отпечатоци и прстите и да им се фотографира лицето со кој ќе се создаде дигитален запис кој го поврзува патниот документ со биометриските отчитувања кои го потврдуваат идентитетот на лицето. По оваа процедура, ќе следи и системот ЕТИАС, кога ќе треба да се обезбеди дозвола за патување. Таа ќе важи три години и ќе чини седум евра. Оваа мерка има за цел да им го отежне влезот на нелегалните мигранти или терористите во ЕУ со лажни пасоши.

Шолц: Новата воена помош за Киев е сигнал до Путин

 Германскиот канцелар Олаф Шолц на денешната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Берлин вети дополнителни испораки на оружје за Киев во вредност од 1,4 милијарди евра.

Новата помош вклучува системи за противвоздушна одбрана, артилерија и беспилотни летала, рече Шолц.

- Германија останува цврсто на страната на Украина, истакна тој.

Шолц, исто така, ги осуди руските напади врз цивилната инфраструктура во Украина, чија цел е да се скрши отпорот на населението против руската инвазија.

- Играњето на течење на време нема да успее. Нема да попуштиме во поддршката за Украина, рече Шолц на средбата со украинскиот претседател.

Двајцата лидери се согласија дека Русија мора да учествува на мировната конференција за да обезбеди праведен и траен мир за Украина, рече Шолц.

- Јасно е дека мирот може да се постигне само врз основа на меѓународното право. Ова ќе бара огромни напори, додаде германскиот канцелар.

- Нема да прифатиме мир диктиран од Русија, нагласи тој.

За време на состанокот во Берлин Зеленски треба да му ги претстави на Шолц деталите од својот план за победа.

Средбата со украинскиот претседател дојде на крајот од неговата европска турнеја, откако американскиот претседател Џо Бајден го откажа клучниот меѓународен самит во американската воздухопловна база во Германија поради ураганот Милтон.

Зеленски на состанокот во Берлин му се заблагодари на германскиот канцелар Олаф Шолц за неговата поддршка против Русија.

- Германија ѝ помогна на нашата земја повеќе од другите со системите за противвоздушна одбрана, рече Зеленски на средбата.

- Тоа е факт. И тоа спаси илјадници украински животи, обезбедувајќи им на нашите градови и села заштита од рускиот терор, додаде тој. Зеленски рече дека противавионскиот топ Гепард и противракетните одбранбени системи „ИРИС-Т“ и „Патриот“ се непроценливи./МИА

Верстапен: Ред Бул не може да задржи никого со сила

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен потврди дека Ред Бул биле свесни дека не можат да ги задржат сите клучни фигури во тимот, а значителен број од нив го напуштија тимот во оваа сезона.

Дизајнерот Адријан Њуи објави дека заминува во мај и веќе потпишал со Астон Мартин, спортскиот директор Џонатан Витли оди во Ауди, а шефот за стратегија Вил Кортни во Мекларен. Овие заминувања ја одбележаа тешката година за Ред Бул, во која тимот беше потресен од секс скандалот со Кристијан Хорнер и последователната борба за моќ во тимот, а на патеката Ред Бул ја загуби својата супериорност.

-Отсекогаш сум велел дека сакам сите да останат во тимот, но на крајот на денот не можете да ги запрете луѓето. Ако ги принудите да останат кога се фрустрирани или не сакаат да останат, едноставно нема да има смисла. Ред Бул не може да задржи никого на сила. Но, ова секогаш се случува со успешни тимови, други почнуваат да крадат луѓе од нив. Ова е во секој спорт. И некои луѓе од нашиот тим добија многу сериозни понуди од други тимови, изјави Верстапен. /МИА

Борел: Нуклеарна војна не може да се добие и никогаш не смее да се води

 Борел, денеска соопшти дека доделувањето на Нобеловата награда за мир на јапонската организација Нихон Хиданкјо служи како потсетник за многу сериозните последици поврзани со употребата на нуклеарно оружје.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска соопшти дека доделувањето на Нобеловата награда за мир на јапонската организација Нихон Хиданкјо, која ги обединува преживеаните од атомските бомби фрлени на Хирошима и Нагасаки, служи како потсетник за многу сериозните последици поврзани со употребата на нуклеарно оружје.

Борел во соопштение на веб-страницата на Дипломатската служба на Европската Унија (ЕЕАС), исто така рече дека ова е потсетување на одговорноста што ја споделуваат сите држави да спречат вакви настани, како и дека никогаш не смее да се води нуклеарна војна.

- Како што потсетија лидерите на петте држави со нуклеарно оружје во јануари 2022 година, нуклеарна војна не може да се победи и никогаш не смее да се води, рече Борел./МИА

притисни ентер