Менде Трајковски: Ќе се брендираат Мариовски, Пелистерски и Струмички мед

Според Трајковски, брендирањето е важно за потрошувачите да знаат од каде е медот.

- При крај сме со постапката за брендирање и заштита на нашиот Мариовски мед за кој јасно ќе биде посочено географското потекло, а брендирање е најавено за струмичкиот и пелистерскиот мед, истакна Менде Трајковски, претседател на Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија.

Според Трајковски, брендирањето е важно за потрошувачите да знаат од каде е медот.

-Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија е членка на европскиот Сојуз на пчеларите и претставува дел од вкупно 400.000 пчелари во Европа кои во моментов водат кампања за зајакната инспекциска контрола и отстранување на неквалитетниот мед од пазарите низ Европа. Потрошувачите треба да бидат заштитени од неквалитетен мед кој се продава во продавници и затоа апелираме и бараме заштита, посочи Трајковски на традиционалната манифестација „Денови на македонското пчеларство“ што се одржува во Битола.

Годинава на плоштадот „Магнолија“ со свои штандови на изложбата учествуваат колеги пчелари од Тетово, Гостивар, Кочани, Прилеп, Велес и други македонски градови кои се дел од иницијативата преку европскиот пчеларски сојуз да добијат европски субвенции за секое пчелно семејство заради како што велат, придонесот на пчелите што го прават со опрашување на растенијата.

Мареска со прва награда во Премиер лигата

Енцо Мареска ја освои својата прва награда во Премиер лигата откако беше прогласен за менаџер на месецот во септември. 

Така, Челси забележа дабл во однос на овие почести, бидејќи Кол Палмер ја подигна наградата за играч на месецот претходно денеска.

„Сините“ останаа непоразени во првенството во септември по ремито со Кристал Палас и победите над Бурнмаут, Вест Хем и Брајтон, а тимот од Лондон постигна девет гола на тие натпревари.

-Имавме многу добар месец. На сите ни требаат вистинските луѓе околу нас за да ги подобриме работите. Многу сум благодарен што ги имам сите овие луѓе како дел од мојот персонал. Секогаш бараме начини да станеме подобри, изјави Мареска.

Италијанецот е првиот менаџер на Челси кој ја освоил наградата по Томас Тухел, кој ја зеде наградата во октомври 2021 година. /МИА

Стано: Напади врз припадниците на УНИФИЛ се апсолутно неприфатливи за ЕУ

Запрашан околу можноста за запирање на испораките на оружје за Израел од страна земјите на Унијата, Стано нагласи дека тоа прашање не во надлежност ЕУ, туку за тоа решаваат самите земјите членки . 

Намерни напади врз мировниците претставуваат кршење на меѓународното хуманитарно право и релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано во врска со израелските напади врз припадниците на Мисијата на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ).

Стано потенцирајќи дека ваквите нападите врз мировниците на ОН се неприфатливи, потсетувајќи дека во мисијата на УНИФИЛ со свои војници учествуваат и 16 земји членки на ЕУ.

- Ова прашање ќе биде многу висока на нашата агенда и за него дефинитивно ќе биде дискутирано од страна на министрите за надворешни работи на ЕУ на нивната средба в понеделник на редовниот Совет за надворешни работи, така што ова е нешто на што посветуваме многу големо внимание и за Европската Унија се апсолутно неприфатливи овие напади врз припадниците на УНИФИЛ, додаде Стано.

Запрашан околу можноста за запирање на испораките на оружје за Израел од страна земјите на Унијата, Стано нагласи дека тоа прашање не во надлежност ЕУ, туку за тоа решаваат самите земјите членки .

- Институциите на ЕУ не се мешаат во нешто што не е нивна надлежност, туку е надлежност на секоја земја членка, додаде Стано.

На прашање како ЕУ воведува ембарго за извоз на оружје кон Русија и други земји, а сега вели дека не може да воведе кон Израел, Стано рече дека не станува за воведување, туку за спроведување на ембарго врз основа на резолуции на Советот за безбедност на ОН.

- Ако ние воведеме ембарго, тоа ќе значи воведување на санкции од страна на ЕУ. За воведување санкции од страна на ЕУ, потребна е согласност на сите 27 земји членки. Ако сега прашувате за можноста за воведување ембарго за извоз на оружје за Израел, треба да видиме дали земјите членки се подготвени и расположени за постигнување компромис и едногласен договор за воведување на таква рестриктивна мерка. Во оваа фаза нема таква мерка од страна на Европската Унија кон Израел, потенцира Стано. /МИА

Два големи удари за шампионските амбиции на Арсенал

Арсенал за помалку од 24 часа претрпе два големи удари. Прво дозна дека Букајо Сака се повреди на мечот меѓу Англија и Грција, поради што мораше да го напушти теренот, а потоа и дека подолго време ќе остане без капитенот Мартин Едегор.

Додека чекаме поконкретни вести за тоа колку е сериозна повредата на Сака, кој го напушти „Вембли“ кривејќи, се појавија информации за состојбата на Едегор.

Норвежанецот го повреди скочниот зглоб минатиот месец додека настапуваше за репрезентацијата, а најпрвин се мислеше дека тоа не е сериозно. Прогнозите беа околу месец и половина, но сега излезе дека „топџиите“ ќе останат без главниот организатор на играта барем до декември.

Најлошото е што во тој период тимот на Микел Артета има дерби со Ливерпул, Челси и Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, како и со Интер во Лигата на шампионите, па јасно е дека ќе му биде потешко отколку што е, особено ако се утврди дека и Сака би можел да паузира.

Арсенал во моментов е изедначен на второто место на табелата во Премиер лигата со Манчестер Сити, со бод помалку од Ливерпул. /МИА

притисни ентер