Ескобар: Курти го одби предлогот за динарите

Американскиот заменик-помошник државен секретар Габриел Ескобар изјави дека не успеал да го убеди косовскиот премиер Албин Курти да ја суспендира одлуката за забрана на српската валута во Косово .

Американскиот заменик-помошник државен секретар Габриел Ескобар изјави дека не успеал да го убеди косовскиот премиер Албин Курти да ја суспендира одлуката за забрана на српската валута во Косово додека Европската унија, САД и Владата на Косово не најдат долгорочно решение.

-Премиерот рече дека тоа е одлука на независна институција, рече Ескобар во интервју за Радио Слободна Европа на крајот од неговата посета на Косово, што ја почна на 13 март.

Ескобар сепак рече дека се уште се надева оти решение ќе се најде во вторник, кога во Брисел ќе се сретнат главните преговарачи на Косово и Србија.

Тој додаде дека не добил никаква гаранција од премиерот на Косово во однос на подобрувањето на нацрт-статутот за формирање Заедница на општини со српско мнозинство на Косово.

Ескобар призна дека има, како што рече, „многу разочарување од оваа Влада на самоопределување, не само во Вашингтон, туку и во Брисел, Рим, Берлин и Париз“.

-Мислиме дека имаше одредени финансиски и организациски врски, но го истражуваме тоа во целина. Не бараме Србија да го истражи 24 септември (кога се случи нападот во Бањска), бараме одговорност, рече Ескобар, одговарајќи дали САД гледаат каква било поврзаност меѓу нападот на Бањска и државата Србија.

Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“

Американскиот претседател Џо Бајден ја искористи традиционалната гала вечера со новинарите за да го исмее Доналд Трамп за неговата незрелост, но се пошегува на сметка на својата поодмината возраст.

Бајден (81) го опиша Доналд (77) како инфантилен.

„Да, возраста е проблем. Јас сум возрасен маж и се натпреварувам против „шестгодишно дете““, рече синоќа Бајден, кој го нарече својот републикански ривал „поспан Дон“, пренесува Си-Ен-Ен.

Зборувајќи пред речиси 3.000 новинари, јавни личности и политичари, Бајден додаде дека единственото нешто што им е заедничко е нивната возраст.

„Мојата потпретседателка всушност ме поддржува“, додаде Бајден. Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс претходно изјави дека нема да го поддржи Трамп во трката за освојување уште еден претседателски мандат.

Претседателот на САД продолжи да укажува контрасти помеѓу неговата кампања за реизбор, која се засили по неговото обраќање за состојбата на нацијата минатиот месец, и онаа на Трамп, кој беше спречен активно да се посвети на неа, поради судењето во Њујорк под обвинение дека му наложил на неговиот тогашен адвокат Мајкл Коен да и плати на порно актерката Сторми Даниелс 130.000 долари за да ја спречи да излезе во јавноста за нивната наводна афера.

Според обвинението, Трамп тие пари ги покажал во деловните книги како трошоци за адвокат, што е незаконски.

- Направив голем напор уште од обраќањето за состојбата на нацијата, но Доналд имаше тешки неколку дена во последно време. Можете да ги наречете „бурни“, рече Бајден, алудирајќи на „сценското“ име на актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс.

Бојмацалиев: Нашите бранители -херои од 2001 никогаш нема да бидат заборавени

Нашата татковина е создадена и опстојува благодарение на храброста, непокорот и пожртвуваноста на нашите бранители-херои, порача  дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Нашата татковина е создадена и опстојува благодарение на храброста, непокорот и пожртвуваноста на нашите бранители-херои, порача дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на настанот во Битола организиран од ,,Здружението на членовите на фамилиите на загинатите припадници на вооружените сили на Македонија -Херои на Македонија 2001-2015“ по повод чествување во сеќавање на загинатите бранители во настаните ,,Вејце “ и ,,Шипковица“ во 2001 година.

За мирот и спокојот што денеска го имаме, додаде, ним им должиме и им се поклонуваме. Тие се великаните кои ја променија историјата и оставија светол пример за идните генерации.

-Нивните имиња остануваат вечно врежани во колективната меморијата на македонскиот народ. Нивниот ведар дух, посветеност и професионалност нивните херојски дела оставија траен белег врз нашите животи, за што денеска и секогаш со гордост и пиетет зборуваме и се сеќаваме. Како син на воено лице во пензија, кое во 2001 учествуваше на овие настани, сега како претставник на Министерството за внатрешни работи дозволете ми да им оддадам уште една признание и да им кажам на фамилиите дека никогаш нема да бидат заборавени, а Македонија ќе биде вечна, потенцираше Бојмацалиев.

Објавено видео на кое двајца израелски заложници во Газа бараат од Нетанјаху да ги ослободи

Објавено видео на кое двајца израелски заложници во Газа бараат од Нетанјаху да најде начин да ги ослободи.

Бригадите Ал-Касам, вооруженото крило на Хамас, објавија видео на кое се гледаат двајца заложници заробени на 7 октомври, кои бараат од израелската влада предводена од Бенјамин Нетанјаху да најде начин да ги ослободи.

Видеото содржи разговор со Кит Сегал (64) и Омри Миран (47), кои зборуваат за тешките услови што ги доживеале при израелското бомбардирање во Појасот Газа, пренесува Анадолија.

Објавена и изјавата на израелскиот премиер Нетанјаху, кој рече: Само континуираниот воен притисок ќе доведе до ослободување на сите заложници.

Цитирана е и изјавата на министерот за одбрана Јоав Галант, кој изјави: Колку повеќе се зголемува воениот притисок, толку се поголеми шансите да дојдеме до вашите најблиски.

Бригадите Ал-Касам во видеото велат дека воениот притисок што го изврши Израел доведе до смрт на десетици заложници во Газа, а останатите ги лиши од прославата на еврејската Пасха со нивните семејства. „Вашите нацистички водачи не се грижат за судбината на вашите заробени синови и нивните чувства. Сфатете го ова пред да биде предоцна“, се заканија припадниците на Хамас, организација која е прогласена за терористичка во ЕУ и во САД.

притисни ентер