ЕП:Црвено жолтите против Исланд за место меѓу осумте најдобри

Нашите најдобри ракометари попладнево од 16 часот против незгодниот Исланд ќе го одиграат вториот натпревар во Групата -1 на Европскиот шампионат во Данска.

По убедливиот пораз на стартот на втората рунда од репрезентацијата на Унгарија за нашиот национален тим денешниот натпревар со силниот противник ќе биде шанса да се поправи впечатокот од дуелот со Унгарците и да се направи обид да се оствари уште еден позитивен резултат на еврошампионатот кој би не однел меѓу осумте најдобри селекции на континенталниот собир во Данска.

Исланд е еден од најнезгодните противници за црвено жолтите во историјата . Во досегашните 11 меѓусебни средби нашата селекција има остварено само две победи.

Во 2009 година со победа над Исланд во Баражот отпатувавме на Светското првенство во Хрватска, посакуваме реприза на оној незаборавен дуел од пред скоро пет години во Борис Трајковски, па доцна попладнево да славиме за влезот меѓу осумте најдобри селекции на ЕП Во Данска.

Селекторот на црвено жолтите Ивица Обрван смета дека за добра резултат против Исланд ни е потребна многу поквалитетна игра отколку на дуелот против Унгарија.
За нашиот предводник Иласнд има поквалитетна репрезентација од Унгарија.
Но без разлика на се ако попладнево повторно профункционира нашето најсилно оружје одбраната , која ќе мора да ја запре брзата игра на популарните „рибари“ а во нападот покрај стандардно одличниот капитен Кире Лазаров кој немаше свој ден против Унгарија , повторно проработат крилата и левите бекови (Пецаковски, Ангеловски, Прибак ) Македонија ќе биде рамноправен противник на силниот Исланд.

Исланд својот квалитет го покажа на премиерното натпревар од Групата -1 против Австрија , силните скандинавци досега на првенството се поразени само од светскиот шампион Шпанија .
Но ако попладнево проработи повторно македонскиот инает , Ристовски ја спушти ролетната на голот , Велко Марковски и Ацо Јоновски ги спречат ударите на бековите а во нападот Лазаров , Миркуловски и Стоилов добијат поддршка од останатите репрезентативци тогаш Македонија ќе биде блиску до посакуваниот втор триумф ,а Исланд до вториот пораз.
Според последните информации од Данска,. Кире Лазаров кој поради болки во препоните го прескокна синоќешниот тренинг , денеска ќе ја води селекцијата против Исланд во која сигурно ќе играат и Велко Маркоски и Гоце Ојлески кој се повредија на дуелот против грубите Унгарци.
Пред стартот на 2 коло во Групата 1 во кое ќе се сретнат:
Македонија – Исланд, Австрија – Шпанија и Данска Унгарија , на табелата со 6 бодови води бранителот на титулата домаќинот Данска, пред светскиот шампион Шпанија со 4 , Унгарија и Исланд со 3 , Македонија 2 и Австрија 0 бодови.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Полицијата денеска упадна во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растера пропалестинските активисти кои протестираа против израелската офанзива во Газа.

Претходно денеска група од околу 70 студенти ја окупираа зградата на Институтот за политички науки во центарот на Париз, по неуспешните преговори меѓу студентите и администрацијата за врските на Универзитетот со Израел, јави France24.

Од кабинетот на францускиот премиер по тој повод соопштија дека одговорот на владата е силен и ќе биде во целост таков.

„Наредивме систематска реакција и интервенција на органите на прогонот за слободен пристап до универзитетите штом ќе се воспостават блокади или собири“, изјавија од кабинетот на премиерот за ТВ БФМ.

Француските медиуми објавија дека на вработените во Универзитетот денеска им било кажано да работат од дома, бидејќи универзитетските згради биле затворени.

Директорот на Институтот за политички науки вчера ги отфрли барањата на студентите за преиспитување на врските на Универзитетот со Тел Авив.

Студентите на неколку француски универзитети ги блокираа или окупираа нивните факултети по митинзите организирани на кампусите низ САД против конфликтот во Газа.

Околу 100.000 имигранти во САД ќе можат да добијат здравствено осигурување до 2025 година

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега.

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега, врз основа на директивата објавена денеска од администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Финализацијата на одлуката траеше подолго отколку што се очекуваше и не го вклучува предлогот на Бајден да им се дозволи на тие имигранти да аплицираат за Медикејд (Medicaid), програма за здравствено осигурување која обезбедува речиси бесплатно покритие за најсиромашните луѓе во нацијата.

Од друга страна, одлуката ќе им овозможи на илјадници мигранти да пристапат до даночни олеснувања откако уписот според Законот ќе започне на 1 ноември, само неколку дена пред претседателските избори, пренесува американските медиуми, според кои, овој потег може да му донесе на Бајден клучни гласови од Латинска Америка, но се очекува да биде критикуван од републиканците.

Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Пратеникот Борислав Крмов, Носител во ИЕ3, за програмата на Левица, во однос на работниците и земјоделците истакна:

,,ИЕ 3 е во најголем дел работнички и земјоделски регион. Ние предлагаме шестчасовно работно време. Тоа не е никаква илузија, тоа на Запад го има - многу е поголема продуктивноста со шестчасовно работно време.

За земјоделците, најклучно е да имаме државни откупни центри, за да може земјоделците да добијат фер цена. Сега имате флаширана вода 20 денари, а тие сакаат млекото да им го откупат за 18 денари", се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер