Од Ауди кај овие модели се фокусирале на перформансите и во таканаречениот „Boost Mode“ овие модели можат да произведат дури 496 коњски сили, додека постоечките модели можат само 402 коњски сили.
Во нормална состојба, „S“ моделот развива 405 коњски сили, а останатите, да ги наречеме стандардни верзии, произведуваат 355 коњски сили.
„E-Tron S“ моделите забрзуваат од 0 до 100км/ч за 4,5 секунди и можат без проблем да ја достигнат електронски ограничената максимална брзина од 211 км/ч. Тие имаат исти капацитет на батеријата како и кај стандардните модели 95 kWh.
Од Ауди не се потрудиле многу да направат „S“ моделите да се разликуваат од постоечките верзии. Воочлив е новиот браник, поголемите отвори за воздух како и поистакнат дифузор. Исто така, тука е и нов сет од 20 инчни бандажи, но купувачите можат да одберат и сет од 22 инчи.