Ефикасно и евтино!Трик со кој за 2 минути ефикасно ќе го исчистите шпоретот

Дамките и маснотиите на шпоретот е вистинска ноќна мора за секоја домаќинка. Но постои ефикасна и евтина метода со која ова ќе стане минато.

Овој проблем можете да го решите без да користите штетни хемикалии. Еве што ви е потребно:

• 100 % алкохол,

• памучна крпа,

• четка за заби.

Начин на примена:

Само нанесете алкохол на крпата и потоа избришете го шпоретот или што и да чистите. Оставете го алкохолот малку да стои и потоа избришете. Ако не ви се извадија дамките, земете четка за заби и бришете малку посилно. Ќе бидете задоволни.

Во МОН средба со делегација од Советот на Европа

Во МОН средба со делегација од Советот на Европа за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Во Министерството за образование и наука денеска се одржала средба со делегација на Одделот за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) при надлежниот Генерален директорат на Советот на Европа.

Како што информира МОН, делегацијата претставува правен секретаријат на Комитетот на министри на Советот на Европа и има клучна улога во надзорот над извршувањето на пресудите на ЕСЧП.

-На средбата беше отворен конструктивен дијалог за активностите кои Македонија ги презема во насока на подобрување на инклузивноста на образовниот систем. Се дискутираше за предложените измени на Законот за основното образование и дополнителни активности предвидени во планот за спречување и превенирање дискриминација и физичко одделување, со посебен акцент на заштитата на децата Роми во основните училишта, информира Министерството за образование и наука.

МОН во соопштението додава дека средбата е „значаен чекор во процесот на усогласување со европските стандарди и исполнување на обврските кои произлегуваат од пресудите на ЕСЧП, со цел унапредување на еднаквоста и инклузијата во образованието“.

Амал Клуни со битна улога во издавањето меѓународна потерница против Нетањаху

Меѓународниот суд за правда во Хаг вчерa издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант и воениот командант на политичко-воената група Хамас.

Тие се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото за време на војната меѓу Израел и Хамас.

Но, битна улога во издавањето на меѓународната потерница е Амал Клуни - сопруга на познатиот американски глумец Џорџ Клуни и адвокатка за човекови права, која помогна да се усвои одлуката кај главниот обвинител на Меѓународниот суд. Либанско-британската правничка на оваа задача работи од јуни и беше ангажирана како специјална советничка во истрагата на Обвинителството.

Нејзиниот ангажман не им се допадна на властите во САД. Американскиот претседател Џозеф Бајден го оцени барањето како „безобразно“ и навести дека ќе бидат преземени санкции против сите кои учествувале во утврдувањето на оваа одлука. Поради ова, на Амал ѝ се заканува кривично гонење и може да биде депортирана од САД како странец.

Нејзиниот сопруг Џорџ Клуни му порачал на Бајден преку високиот советник Стив Рикети, дека Амал не се кае за своите постапки и дека нема намера да го повлече својот став.

Граѓаните да пријават дека не можат да искористат закажан лекарски преглед во Мој термин

Граѓаните да пријават дека не можат да искористат закажан лекарски преглед во Мој термин за да се намалат листите на чекање

Се бара решение за проблемот со закажани термини во јавното здравство, на кои не се појавуваат пациенти, изјави денеска заменик министерот за здравство Јовица Андовски. Апелираше до граѓаните, доколку имаат закажан термин, а не можат да го искористат, барем последниот ден со смс порака или преку докторот, да го откажат терминот. На тој начин ќе остават место пациентите на кои навистина им треба дијагностичка процедура да ја завршат и да нема големи листи на чекање.

-Ги следиме податоците на закажани термини и на искористени термини. Стварно се јавува еден доста голем проблем. Ние сме во постојана координација и со Мој термин и со Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Разговараме за да изнајдеме идејно решение како тоа би се надминало, посочи Андовски.

Тој кажа дека ова претставува доста голем проблем затоа што им се зема редот на оние граѓани на коишто навистина им треба дијагностичка процедура.

На пример, изминатиот период, во Скопје за компјутерска томографија, од 4.070 закажани термини, 970 не дошле.

-Тоа се над 23 проценти од луѓето од пациентите без откажување не се појавиле на тој термин, појасни тој.

Андовски рече дека се прават анализи и дека во многу земји тоа се решава на повеќе начини.

- Само треба да се решиме на кој начин тоа ќе се направи, одговори Андовски на новинарско прашање.

Во некои земји, двапати ако се откаже терминот, следува одредена парична казна или пак нема да може да закаже редовен термин за одреден временски период.

-Ние не би сакале да одиме со такви реперкусии. Првин ќе апелираме, ќе видиме, ќе разговараме и со докторите, ќе разговарме и преку здруженијата на пациентите, ќе апелираме. Тоа е последно што може да направиме, подвлече тој.

Од Мој термин се праќаат пораки и потсетуваат, и според Андовски, дури и последниот ден да се откаже терминот таму се организирани, може веднаш да го ослободат терминот.

притисни ентер