Бразилската влада официјално се извини за приодот на ропство на црното население

Федералната влада на Бразил јавно му се извини на црното население за ропството на црнците и последиците од тие дела, со порака дека борбата против расната дискриминација во земјата треба да продолжи, објави lnginnorthernbc.ca .

„Унијата јавно се извинува за ропството на црнците, како и за неговите последици. Признава дека е неопходно да се вложат напори за борба против расната дискриминација и промовирање на еманципацијата на црниот бразилски народ. Конечно, таа е посветена на зајакнување на фокусот за креирање јавни политики за оваа намена“, се наведува во пораката што во главниот град Бразилија ја прочита државниот обвинител Хорхе Месијас.

Министерката за човекови права и државјанство, Макае Еваристо, во текот на настанот потсети на борбата на црното население за слобода, еднаквост и остварување на правата. Таа изјави дека за неа признанието е резултат на борбата и делата на многу актери на црното движење./МИА

Успешната приказна на Елена Лука е презентирана на регионалната конференција за жени Профемина

Успешната приказна на Елена Лука денеска беше презентирана на регионалната конференција за жени Профемина.

Сопственичката и генерална менаџерка на „Елена Лука“ и „Елена Лука Хоум“, Елена Пандева истакна дека клучот на успехот лежи во сериозниот пристап и истрајноста, а успехот и во светот на модата и градежниот сектор се темелат на постојаните истражувањата за тоа што се бара на пазарот, а потоа применување на врвни стандарди и квалитет при работењето...

Актуелен проект на Елена Лука-Хоум во моментов е комплкесот Futura-луксузен објект граден по највисоки стандарди, додека во Елена Лука веќе е достапна новата луксузна линија на женски костими..

Митева: На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии

Над 300 мали, средни и големи винарии, вечерва ќе се претстават на македонската вечер, во рамки на „Винска визија на Отворен Балкан“ во хотелот „Хајат“ во Белград, со почеток во 19:00 часот.

Покрај дегустација на вина, присутните ќе можат да вкусат македонски специјалитети, а вечерта ќе биде збогатена со македонските музичари Андријана Јаневска и Наум Петревски.

- Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе има свое обраќање пред присутните, каде покрај претставниците на македонската дипломатија ќе бидат присутни високи претставници на дипломатскиот кор, бизнис заедницата, но и многу гости од регионот. Она што е најважно што овие настани во минатото беа организирани и ја чинеа државата 400 илјади евра. Оваа година Владата успеа со сопствени ресурси на најдостоинствен начин да го презентира најдоброто од Македонија, изјави портпаролката на Владата Марија Митева.

Освен премиерот, на македонската вечер ќе се обрати и македонскиот амбасадор во Србија, Никола Тупанчевски.

Во состав на македонската делегација на саемот се и Љупчо Димовски заменик-претседател на владата за политички систем, Иван Стоилковиќ, заменик-претседател на владата и министер за односи меѓу заедниците, Игор Јанушев, генерален секретар на владата на Република Северна Македонија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам, Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Минчев, министер за јавна администрација и Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово.

Третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ оваа година се одржува од 22 до 24 ноември на Белградскиот саем.

Туск: Војната на Русија и Украина може да прерасне во глобален конфликт

Полскиот премиер Доналд Туск денеска предупреди дека војната меѓу Русија и Украина влезе во одлучувачка фаза и може да прерасне во глобален конфликт.

„Војната на истокот влегува во одлучувачка фаза. Можеме да почувствуваме дека доаѓа неизвесност“, рече полскиот премиер на состанокот на Синдикатот на полските учители, објави новинската агенција ПАП, пренесе Политико.

Тој предупреди дека никој не знае каков ќе биде крајот на конфликтот, но јасно е дека тој добил драматични размери.

Изминатите десет или повеќе часа покажаа дека заканата од избувнување на глобален конфликт е сериозна и реална“, рече полскиот премиер.

притисни ентер