Едно патување засекогаш ѝ го променило животот

„Син ми загина, а мажот ми почина, болката ме скрши“

Оваа жена мир пронашла во една далечна земја и никогаш не се покајала за својата одлука.

Џенет Сусман ја следеле бројни трагедии во животот. Нејзиниот син загинал во градежна несреќа, шест месеци претходно нејзиниот сопруг доживеал тежок мозочен удар. Џенет работела во училиште и немала време да тагува. Таа извршувала повеќе работи за да му обезбеди соодветна нега на сопругот и тој мирно да ги проживее последните денови.

Откако и тој починал, таа решила целосно да го промени својот живот. Иако израснала во Филаделфија, а животот го поминала со сопругот на Флорида, решила да започне од почеток и се преселила во Панама.

Борба за живот

Како што изјавила во својата исповед за „Вusiness Insider“, Џенет сонувала, откако ќе се пензионираат, со сопругот да живеат во мала куќичка во една шума на северниот дел на Њујорк, но нејзините соништа пропаднале откако нејзиниот сопруг се разболел. Работела како учителка, но извршувала и други хонорарни работи. Во еден момент, работела на три работни места и се борела да ја плати хипотеката на куќата. И тогаш загинал нејзиниот постар син.

- На сите нас ни се случуваат трагедии во животот, тие ни се потребни за да можеме да ги цениме добрите работи – изјавила таа со тага во гласот.

По смртта на нејзиниот син, таа го погребала и сопругот во 2010. Иако има уште две деца, била целосно изгубена.

- Трагедиите се редеа една по друга. Не бев при себе, болката ме распарчуваше, но морав да функционирам. Другите две деца веќе тргнаа по својот пат, а јас не знаев што да правам и каде да одам - ​​признава Џенет.

Во еден момент решила да отпатува за Панама. Купила повратен билет за 79 долари. И, кога првпат зачекорила во оваа земја, почувствувала како да се вратила дома.

- Имав чудно чувство, како да сум живеела таму во некој минат живот. Веднаш знаев дека сакам да живеам таму. Луѓето беа фини и љубезни, а трошоците за живот беа неспоредливо пониски отколку во САД – изјавила оваа жена.

Иако Панама била поевтина за живеење, била свесна дека мора да продолжи да работи. Во првите неколку години, живеела на релација помеѓу двете земји додека, конечно, засекогаш не се преселила во Панама.

- За да преживеам, започнав транспортен бизнис, од аеродромот во Панама до одреден хотел. Од САД испратив комбе заедно со резервните делови. Четири години работев како наставник во меѓународно училиште , а потоа отворив свое школо за странски јазици, работев како службеник за иселеници и патував низ земјата - се присетува Џенет.

Најдов мир

Според неа, Панамците се посиромашни од Американците, но се подарежливи и пољубезни.

-Лутав низ Панама Сити со локациите на живеење, и еден ден дојдов во домот на моите сегашни пријатели. Тоа беше мала двособна куќа со 10 луѓе, но ме пречекаа со насмевка и ми ја понудија и онаа малку храна што ја имаа. Никогаш нема да го заборавам овој настан. Поради луѓето се преселив во Панама, каде конечно го пронајдов својот мир по сите трагедии што ме снајдоа – изјавила таа.

Набргу се навикнала на новиот живот, научила шпански за полесно да комуницира со соседите и да ја разбра локалната култура и традиција на овој народ.

Кога жените во Панама ќе наполнат 55, а мажите на 60 години, тие добиваат 25% попуст во рестораните, 30% попуст на превозот, 15% до 20% попуст на медицинските третмани и се ослободени од даноците на увоз до 10.000 долари на апарати за домаќинството. Ова ѝ помогнало на Сусман да ги намали трошоците за храна и патување.

- Не знаете што ве чека утре, затоа уживајте денес! Можете да патувате, но ако посакате да отпатувате некаде, кога ќе ги почувствувате оние пеперутки во стомакот, само воздивнете длабоко и кажете си, тоа е тоа. Не плашете се од промени. Јас никогаш не зажалив што се преселив во Панама – заклучила таа.

Истекува рокот за поднесување на ДДВ пријава, повеќе од половина се уште не ја поднеле

Истекува рокот за поднесување на ДДВ пријава, повеќе од половина од даночните обврзници се уште не ја поднеле.

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека нешто повеќе од половина од даночните обврзници се уште немаат поднесено ДДВ-04 пријава, а рокот истекува во четврток.

Согласно податоците на УЈП, од вкупно 40 509-те даночни обврзници, ДДВ-04 пријава поднеле 19.030 обврзници, а 21 479 обврзници тоа треба да го сторат до четврток.

- УЈП уште на почетокот на месецов информираше и апелираше за навремено поднесување на ДДВ-04 пријава. Укажуваме да се прифатат досегашните повици од Управата за јавни приходи и да се избегнат последици, со оглед на тоа дека законот пропишува глоба за непостапување, односно неподнесување на даночната пријава во законски пропишаниот рок, се наведува во соопштнието од УЈП.

Советот на ЕУ ги продолжи економските санкции против Русија

Советот на Европска Унија соопшти дека ги продолжува економските санкции против Русија воведени поради војната во Украина до 31 јануари 2025 година.

Санкциите првично беа воведени пред 10 години и беа продолжени во 2022 година.

- Санкциите вклучуваат ограничувања на трговијата, финансиите, технологијата и стоките со двојна употреба, производството, превозот и луксузните артикли. Тие, исто така, вклучуваат забрана за увоз или претовар на море на сурова нафта и одредени нафтени деривати од Русија во ЕУ, исклучување од меѓународниот платен систем СВИФТ (SWIFT) на неколку руски банки и суспензија на емитувањето и лиценците на неколку про-Кремљ канали за дезинформација.

Советот додава дека санкциите треба да се задржат и доколку е потребно да се прошират сè додека продолжат незаконските дејствија на Русија.

Од топлотен удар почина жена на Кипар, три други хоспитализирани во сериозна состојба

Според портпаролот, трите жени на возраст од 25, 67 и 80 години се во сериозна состојба,.

Поради високите температури на Кипар, 64-годишна жена починала од топлотен удар, а три други се хоспитализирани, изјави за кипарската новинска агенција портпаролот на Државната организација за здравствени услуги Хараламбос Харилау, јави дописничката на МИА од Атина.

Според портпаролот, трите жени на возраст од 25, 67 и 80 години се во сериозна состојба, а поради топлотниот бран во изминатите денови „има зголемен број случаи на топлотна исцрпеност“ на сите возрасти од деца до стари лица.

притисни ентер