Една од најубавите спортистки на светот не настапува на Олимпијадата во Париз (ВИДЕО)

Шпанската тенисерка, а воедно и една од најубавите спортистки во светот, Пола Бадоса, одлучи да не настапи на Олимписките игри во Париз.

Таа допрва ќе се посвети на некои други турнири.

Бадоса мораше да го искористи својот „заштитен пласман“ за Олимпијадата, што не сакаше да го направи, бидејќи тоа би значело дека ќе мора да пропушти еден од преостанатите два Грен слем турнири - Вимблдон или УС Опен.

Секако, треба да се земе предвид фактот дека таа може да го подобри актуелниот пласман, но сепак реши да го искористи тоа што може за Грен слем турнирите.

Тоа значи и дека Шпанија во женска конкуренција ќе ги има само Букса и Сорибес, а во машка конкуренција Алкараз, Надал, Карењо Буста и Давидович Фокина.

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

 Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, по освојувањето на титулата викендов на трката за Големата награда на Лас Вегас, зборуваше за неговата кариера.

- Ако луѓето се критични и велат дека можам да победам само со најдобриот болид, јас им докажувам дека грешат. Ако сега не ми дадат кредит, не знам што друго да правам. Дали би станал шампион во Мекларен? Да! И тоа многу побрзо. Во 2021 година, во друг болид, исто така би ја освоил титулата, изјави четирикратниот шампион во Формула 1.

Макс се сомнева дека кој било друг возач е способен да ја освоеше титулата во болидот на Ред Бул тековата сезона.

-Ние сме во Вегас, можете да се обложите на ова мое тврдење, истакна холандскиот пилот.

Верстапен го обезбеди трофејот на две трки пред крајот на сезоната 2024.

Видео:Руски авион се запали при слетување во Анталија–сите патници евакуирани

Моторот на руски патнички авион се запалил синоќа при слетување на аеродромот во Анталија, Јужна Турција, соопшти турското Министерство за транспорт.

Според информациите од Министерството кои ги пренесуваат денеска турските медиуми, слетувањата на аеродромот биле прекинати до 03:00 часот по локално време (01:00 часот по македонско време), додека надлежните не го отстраниле авионот од пистата.

Пилотот испратил итен повик веднаш по слетувањето во 21:34 часот по локално време, а спасувачките и противпожарните екипи брзо го изгаснале огнот, стои во соопштението од Министерството.

Сите 89 патници и шестмина членови на екипажот биле безбедно евакуирани од патничкиот авион „Сухој Суперџет 100“ на авиокомпанијата „Азимут ерлајнс“, кој летал од рускиот црноморски град Сочи, соопштија од Министерството.

Од авиокомпанијата изјавиле дека авионот направил грубо слетување поради лоши временски услови и силни ветрови. Руската Федерална агенција за авијација „Росавијација“ соопшти дека го истражува инцидентот.

Според веб-страницата за следење летови „Флајтрадар24“, авионот е стар седум години. Русија се соочува со недостиг од авиони поради западните санкции воведени заради инвазијата на Украина во 2022 година.

Генералниот конзулат на Руската Федерација во Анталија соопшти дека, во соработка со турските власти, „Росавијација“ и „Азимут ерлајнс“ подготвиле план за помош на патниците од летот А45051. Дел од руските патници безбедно го напуштиле аеродромот, а останатите чекале да си го земат багажот.

Патниците кои требало да се вратат во Русија со повратен лет биле сместени во хотел додека пристигне резервниот лет, соопшти Генералниот конзулат, пренесува ТАСС.

Српскиот премиер тврди дека сите што се виновни за падот на настрешницата ќе бидат гонети

Српскиот премиер тврди дека сите што се виновни за падот на настрешницата ќе бидат кривично гонети.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека сите што се виновни за падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 лица, ќе одговараат „но не затоа што некој го побарал на улица“, туку ќе се утврди нивната вина од страна на судот.

Вучевиќ за Радио телевизија на Србија (РТС) изјави дека Србија мора да продолжи да функционира како држава и општество.

„Народот мора да продолжи понатаму, тоа не значи дека е заинтересиран за утврдување одговорност, бидејќи животот мора да продолжи и Србија не смее да запре, ниту семејствата кои ги загубија своите најблиски, мора да продолжат да живеат“, рече премиерот.

„За доброто на загинатите треба да продолжиме и да се погрижиме тоа никогаш да не се повтори, а виновниците ќе бидат кривично гонети затоа што тоа ќе го утврди судот, а не затоа што некој на улица го кажал тоа“, посочи Вучевиќ.

Тој потсети дека Обвинителството приведе 13 лица и додаде дека „работи онака како што мисли дека треба да работи, а не под влијание на извршната власт“.

притисни ентер