Ѕвезда на Ефес преживеала три истрели во својот стан на 20. кат од луксузна зграда во Истанбул

Американскиот кошаркар Стенли Џонсон, кој летово стана ново засилување на Анадолу Ефес, преживеа вистинска хорор ноќ кога два куршуми го погодија прозорецот од неговиот луксузен стан во една од престижните области на Истанбул.

Како што пренесуваат турските медиуми, инцидентот се случил додека Џонсон престојувал во својот стан на 20-ти кат, а моментот бил особено застрашувачки со оглед на висината од која се слушнале истрелите, но за среќа во оваа пукотница нема повредени, јавува Еколхабер.

Полициските сили брзо пристигнале на местото на настанот и веднаш започнале детална истрага, собирајќи докази и прегледувајќи ги надзорните камери за да ги идентификуваат напаѓачите и да ги откријат мотивите зад нападот.

Според раните резултати од истрагата, утврдено е дека еден од испуканите куршуми завршил во станот под оној на Џонсон.

Џонсон, иако потресен од овој настан, изразил благодарност што нема повредени и потврдил дека ќе соработува со полицијата во обид сторителите да се изведат пред лицето на правдата.

Во кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Во Oсновниот кривичен суд скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

СИРИЗА избра нов лидер

 Пратеникот и поранешниот претседател на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос е избран за нов лидер на грчката опозициска партија по вчерашните избори на кои гласаа нешто повеќе од 70.000 членови и симпатизери.

Пратеникот и поранешниот претседател на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос е избран за нов лидер на грчката опозициска партија по вчерашните избори на кои гласаа нешто повеќе од 70.000 членови и симпатизери, јави дописничката на МИА од Атина.

Фамелос освои 49,4 отсто од гласовите, поранешниот министер Павлос Полакис беше втор со 43,5 проценти и веднаш по соопштувањето на резултатите доцна синоќа изјави дека не е потребно одржување втор круг.

Останатите двајца кандидати, европратеникот Николаос Фарандурис и актерот Апостолос Глецос освоија 5,1, односно 1,99 проценти од гласовите.

Поради зголемениот интерес, гласањето вчера беше продолжено за еден час.

По соопштувањето на резултатите, Фамелос (58) рече дека „СИРИЗА ќе биде посилна и поголема и во и вон Парламентот и во Грција и во Европа“.

Изборите во СИРИЗА се одржаа откако поранешниот претседател Стефанос Каселакис по само една година на функцијата беше разрешен во септември со одлука на Централниот комитет на партијата и не му беше дозволено одново да се бори за лидерската позиција, по што во саботата ја претстави неговата нова партија Движење на демократија.

На парламентарните избори пред нешто помалку од 18 месеци СИРИЗА освои 17,83 отсто од гласовите, додека пак на евроизборите во јуни годинава 14,92 проценти, а и во двата изборни процеси беше на второто место.

Согласно резултатите од истражувањата на јавното мислење во Грција објавени во изминатиот период, СИРИЗА е со намален рејтинг.

Марк Руте во посета на Турција и Грција

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска и утре ќе ги и посети Турција и Грција. 

Како што соопшти Алијансата, Руте денеска ќе престојува во Анкара, каде ќе има средби со претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и со турските министри за надворешни работи и за одбрана, Хакан Фидан и Јашар Ѓулер.

Руте ќе има средба со претставници на турската одбранбена индустрија, а ќе посети и фабрика на „Турската воздухопловна и вселенска индустрија“ (ТУСАШ).

Предвидено е генералниот секретар на НАТО да положи и венец на мавзолејот на основачот на турската република Кемал Ататурк.

Утре, пак, Руте ќе престојува во Атина, каде ќе се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и со министрите за надворешни работи и за одбрана на Грција, Јоргос Герапетритис и Никос Дендиас.

притисни ентер