ДСЗ: Ќе се формира комисија да се утврди дали имало пропусти со починатата родилка од Куманово

Изршен е и вонреден инспекциски надзор кај матичниот гинеколог на родилката , со увид во здравствената евиденција и документација.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат излезе со информација за спроведен вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ ОБ Куманово и во ПЗУ Гинолабор – ординација по гинекологија и акушерство -Куманово во врска со почината родилка М.С.

На ден 30.09.2024 година од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, спроведен е вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ ОБ Куманово по Налог на директорот на Инспекторатот и Наредба од министерот за здравство од 30.09.2024 година а во врска со третманот и лекувањето на починатаат родилка М.С.

Изршен е и вонреден инспекциски надзор кај матичниот гинеколог на родилката , при што од увидот во здравствената евиденција и документација а согласно надлежностите на Инспекторатот констатирана е следната фактичка состојба:

Родилката се јавила на акушерското одделение на ден 26.09.2024 о 12,46 кога е извршен гинеколошки преглед од страна на специјалист гинеколог- акушер и поставена дијагноза – Z 34.8 -„Надзор на друга нормална бременост„.

Пациентката на прием била во добра здравствена состојба. Напревени се ЕХО, ЦТГ креиран запис за прием на акушерското одделение заради раѓање.

Родилката се јавувала редовно на преглед кај лекарот кој ја примил во повеќе наврати во период од 12.09.2024 до денот на прием 26.09.2024 година .

Ден по приемот , на 27.09.2024 година е поставена индикација за породување и околу 15.00 часот се отпочнало со аплицирање терапија за отпочнување на породувањето.

Истата терапија е повторно дадена во 19,30 часот кога дошло до нагло влошување на здравствената состојба на родилката (во 19.40) после кое била итно спроведена во операциона сала и извршен царски од страна на дежурниот тим лекари (специјалист по гиенекологија и акушерство, специјализант по гинекологија и акушерство и специјалист анестезиолог ).

Во 20ч 30 мин направена е итна екстракција на жив машки плод а во во 20ч 45 минути е констатирана смрт на родилката од страна на анестезиолог.

Од увидот во медицинската евиденција и документација во ПЗУ Гинолабор – ординација по гинекологија и акушерство -Куманово , каде починатата родилка била прикрепена како матичен пациент, е констатирано дека станува збор за втора уредно контролирана бременост на здрава трудница. Биле редовно вршени прегледи ( лабораториски анализи, ЕХО прегледи и упатувана на останати потребни иследувања) при што немало отстапување од нормалните параметри .

Со оглед дека телото е предадено на судско – медицинска обдукција а од страна на министерот за здравство ќе се формира комисија за стручен надзор со цел да се утврди дали има пропусти во третманот и начинот на лекување на починатата родилка , дополнително треба да се добијат податоци за причината за смрт.

В.Д Директор,

Д-р Кирил Лазов

Израелски функционер по ракетниот напад: Иран ќе плати висока цена (ВИДЕО)

Откако конфликтот на Блискиот Исток доби уште пострашни размери, бидејќи Иран истрела проектили кон Израел, израелски функционер испрати сериозна порака, пишува haaretz.com.

Тој зборуваше по ракетниот напад и рече: „Иран ќе плати висока цена“.

Првата снимка од експлозии кои одекнуваат над Тел Авив се појавија на социјалните мрежи додека израелската противвоздушна одбрана пресретна над 200 ирански балистички ракети.

На снимката се гледаат и фрагменти или делови од ракети кои паѓаат врз градот.

Засега нема извештаи од Израел за повредени или материјална штета.

Речиси 200 проектили се лансирани кон Израел од Иран

Речиси 200 проектили се истрелани од Иран кон Израел, јавува Армиското радио.

Сирените се активираа низ целата земја бидејќи се лансирани проектили-пресретнувачи за да ги соборат, објави Скај Њуз.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) во соопштение пред неколку минути рекоа дека нападот продолжува и побарале од цивилите „да останат во заштитен простор до понатамошно известување“.

Во меѓувреме, израелското армиско радио исто така известува дека полетувањата и слетувањата се суспендирани на главниот меѓународен аеродром Бен Гурион.

Привремено е затворен и воздушниот простор на соседниот Јордан, јавуваат државните медиуми.

Тела по улиците на Тел Авив во експлозија пред иранскиот напад (Вознемирувачко видео)

Конфликтот на Блискиот Исток се вжешти. Иран истрела ракети кон Израел!

Како што е објавено на социјалните мрежи, со многу вознемирувачко видео, среде овој конфликт, наводно се случил масовен терористички напад на Јафа во Тел Авив, објави Скај Њуз.

Пријавени се најмалку 10 жртви, се јавува на мрежите.

притисни ентер