Голема потрага во Австралија- на момче му се губи трагата откако пливал во поток со крокодили

12-годишно момче е исчезнато на северната територија на Австралија и се сомнева дека било нападнато од крокодил додека пливало во поток, соопшти полицијата.

Полицијата соопшти дека е во тек потрага по момчето во Палумпа, оддалечен град во северната територија, во која што се вклучени и локалните жители, објави Скај њуз.

На северната територија живеат повеќе од 100.000 крокодили, од кои некои се долги и до шест метри.

Сепак, фаталните напади врз луѓето се релативно ретки.

Кавадарчанец лишен од слобода по пријава дека допирал млада сограѓанка

Шеесет и седумгодишен кавадарчанец бил лишен од слобода по пријава дека допирал млада сограѓанка, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Вчера во 10.35 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода М.Ј., на возраст од 67 години, по претходна пријава дека во станбена зграда во градот, допирал по телото 20-годишна кавадарчанка, се вели во соопштението на СВР - Велес.

Известен бил јавен обвинител. По документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

По Крос, и Милер најави повлекување од германската репрезентација

Четвртфиналниот натпревар во кој Германија во петокот загуби од Шпанија (0-1) на ЕВРО2024 беше последен во германскиот дрес за 35-годишниот Тони Крос, а крај на репрезентативната кариера најави и неговиот сонародник Томас Милер.

„Да, многу е можно ова да беше мојот последен натпревар за Германија“, изјави по натпреварот Милер за Скај Спорт.

Милер дебитираше за Германија во 2010 година и оттогаш одигра 131 натпревари, постигнувајќи 45 голови, како и 41 асистенција.

„Горд сум што сум дел од овој тим и пред сè горд што сум Германец. Благодарност до сите што навиваа со нас и беа одлични домаќини. Да го внесеме ова чувство во нашиот секојдневен живот токму сега во сегашно време“, напиша Милер на социјалните мрежи.

Неговиот најголем успех со репрезентацијата е освојувањето на Светското првенство во 2014 година.

Поскапуваат патарините во Србија

Новите цени на патарините ќе поскапат линерано за 10 отсто.

Во Србија од 10 јули ќе има поскапување на патарините, откако Владата на Србија го одобри новиот ценовник на Јавното претпријатие Патишта на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Новите цени на патарините ќе поскапат линерано за 10 отсто.

Цената на патарината од Белград – Ниш Југ ќе изнесува 1.130,00 динари додека старата цена изнесуваше 1.020,00 што е за 110 динари поскапо или околу 0,90 центи. Останатите цени на одделни делници се:

Белград – Суботица: нова цена 800,00 динари (стара цена 730,00)

Белград – Шид: 500,00 динари (450,00 динари),

Обреновац – Прељина: 560,00 динари (510,00)

Белград – Врбас: 470,00 динари (420,00)

Белград – Димитровград: нова цена 1.670 (до сега 1.510 динари)

притисни ентер