Во Шпанија се уапсени 54 лица поради изнуда на пари и грабежи од постари граѓани

Шпанската и португалската полиција уапсија 54 лица одговорни за кривични дела изнуда и грабежи извршени врз постари граѓани, соопшти денеска Европол.

Користејќи комбинација од лажни телефонски повици и социјален инженеринг, членовите на криминалната група од жртвите изнудиле 2,5 милиони евра, се вели во соопштението.

Некои од најмалку 84 потврдени жртви ги загубиле животните заштеди кога криминалците ги принудиле да им ги предадат парите на нивниот праг.

Шпанската национална полиција и португалската правосудна полиција спровеле 19 рации низ Пиринејскиот Полуостров и заплениле важни дигитални и физички докази за злосторствата.

Еден од главните криминалци бил фатен на лице место и уапсен; со тоа што полицијата го нашла како седи пред својот компјутер со банкарските податоци на една од жртвите.

Освен што собрале компјутери, лаптопи, мобилни телефони, сим картички и замрзнувале банкарски сметки, во претресените простории на лице место биле пронајдени и канабис и кокаин.

Користејќи докажан начин на работа и делејќи ја работата помеѓу членовите, криминалната мрежа систематски ги таргетирала постарите шпански граѓани.

Претставувајќи се како вработен во банка, криминалецот ја контактирал жртвата и ја убедувал дека има проблем со неговата банкарска сметка. Оваа криминална тактика најчесто се спроведувала преку телефон.

Откако ќе извлечеле некои основни информации, имитаторот ќе ги споделел со другите членови на криминалната мрежа кои се појавувале на прагот на жртвите.

Преку притисок врз жртвите со тактики за заплашување и социјален инженеринг, измамниците ги преземале платежните или кредитните картички и ќе извлечеле PIN-кодови и банкарски детали. Во некои случаи, криминалците, исто така, насилно влегувале во домовите на жртвите, крадејќи готовина и вредни предмети како што е накит.

Како последен чекор во овој криминален процес, сторителите ги користеле украдените картички за подигање пари од банкомати или скапи набавки, додека банкарските податоци биле злоупотребени за т.н. преземање сметка.

Средствата биле депонирани на неколку шпански и португалски сметки контролирани од измамниците, од каде биле канализирани во разработена шема за перење пари. За да се прикрие потеклото на недозволените средства се користела широка мрежа на преносители на пари, надгледувани од специјализирани членови на организацијата.

Користејќи ги аналитичките и координативните способности на Европол, истражителите од Шпанија и Португалија работеле со експерти на Европол на оперативните состаноци за да создадат разузнавачка слика, се вели во соопштението.

Во Шпанија се приведени 40 осомничени, а тројца се во притвор во Португалија и чекаат екстрадиција во Шпанија.

Путин му честита на новиот ирански претседател

Рускиот претседател Владимир Путин упати „искрени честитки“ до новиот ирански претседател Масуд Пезешкијан, соопшти денеска Кремљ.

- Руско-иранските односи имаат пријателски и добрососедски карактер, рече Путин во честитката до Пезешкијан.

Земјите сојузници под западни санкции, Русија и Иран „ефикасно ги координираат напорите за решавање на актуелните меѓународни прашања“, наведе рускиот претседател и изрази надеж за „зајакнување на конструктивната билатерална соработка во сите правци“.

Путин му посака на Пезешкијан „успех, здравје и просперитет“.

Реформистот Масуд Пезешкијан победи во вториот круг од претседателските избори во Иран.

Пезешкијан ќе го наследи Ебрахим Раиси, кој во мај загина во хеликоптерска несреќа во северозападниот дел на земјата заедно со министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан и неколку други официјални лица.

Поплави во централна Кина откако пукна брана

Кинеските власти од утринава ги санираат последиците од поплавите по пукање на брана во централна Кина, каде што беа евакуирани речиси 6.000 жители, јавија државните медиуми.

Нема информации за жртви.

Браната беше пробиена вчера попладне кај езерото Донгтинг во централната провинција Хунан, јави новинската агенција Синхуа.

Водата од езерото поплави земјоделски површини и куќи во блиското село.

Кинескиот претседател Си Џинпинг повика да се направи се за да се спасат животите и имотот на луѓето.

Министерството за вонредни ситуации испрати повеќе од 800 луѓе, 150 возила и десетици чамци да помогнат во спасувачката операција.

Лефков: Филипче и Заев ги врзува „крвавиот тендер“ за реагенси од 2018 година тежок 35 милиони

Филипче и Заев ги врзува „крвавиот тендер“ за реагенси од 2018 година тежок 35 милиони евра, кој го доби анонимна фирма управувана од zuti45@yahoo.

Датум: 06.07.2024

Венко Филипче и Зоран Заев ги врзува една силна врска, тоа се меракот за пари и коруптивни зделки. Да потсетиме овие двајца браќа по криминал и корупција уште во 2018-тата година се врзаа во еден скандал, едниот како премиер, другиот како министер. Имено во 2018-тата година Филипче го спроведе скандалозниот тендер за централизирана набавка на апарати и реагенси за лабораториите за испитување на крв во Јавните здравствени установи низ цела Македонија. „Крвавиот тендер“ на Филипче тежок 35 милиони евра предвидуваше монопол во набавката на реагенси, а сето тоа ќе го добиеше компанија формирана неколку месеци пред тендерот.

Оваа компанија раководена од тотални анонимуси и без било какво претходно искуство за набавка или продажба на медицинска опрема, беше фаворизирана уште со самата тендерска документација.

За сериозноста, односно несериозноста на компанијата говори и фактот што истата беше управувана од човек по име Александар Јовановски - Жути, човек без било какво искуство во медицинската опрема, а во централниот регистар како адреса за контакт била наведена веќе легендарната zuti45@yahoo. Оваа адреса стана синоним за алаш вериш тендерите на Филипче.

Сите овие скандалозни факти не беа доволни Филипче да не го додели овој огромен тендер, но дури после огромниот и голем притисок на јавноста и ВМРО-ДПМНЕ истиот да го поништи. Но, како и за многу други скандали, така и за овој обвинителството остана немо.

Венко Филипче беше клучниот играч на Заев во сите криминалии и корупција кои се случуваа во здравството. Затоа и го штитеше и го чуваше на таа позиција. Тогаш го чуваше во министерското столче, сега го постави во претседателската фотелја во СДСМ. Заев и Филипче мислат дека ако ја имаат СДСМ како заложник ќе може да ги уценуваат политичките процеси или да се пазарат со правдата и одговорноста. Се лажат. Одговорност ќе има, а народот веќе ги има прочитано што мостра се. Впрочем дереџето на кое се најде СДСМ во голема мера е резултат на Заев и Филипче и како тргнале да ја држат партијата во заложништво за личните интереси, така уште повеќе ќе ја тонат.

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер