ДОЈРАНСКА РИБЈА ЧОРБА

Рецепт на: Горан Митев

Потребни состојки: околу 500 гр. месо од сом и крап, 2 јајца, 1 морков, 1,5 л. вода, 1 лимон, 3 лажици брашно, малку маслиново масло, 1 китка магдонос, сол и бибер по вкус.

Постапка:

Месото од риба се чисти од коските, се зачинува со сол и се вари околу 20 минути.

Во тенџере со загреано маслиново масло се пропржува ситно сечкан морков околу 2-3 минути.

Потоа се додава околу 1,5 л. вода за да проврие заедно со морковот.

За тоа време ситно се сечка магдоносот и се цеди 1 лимон.

Откако ќе проврие водата се додава сечкано месо од сом и крап, сечкан магдонос и се зачинува со сол и бибер по вкус.

Во друг сад се матат 2 јајца и се додава сок од лимон.

Во смесата од матени јајца и сок од лимон се додава течност од тенџерето со постојано мешање.

Добиената смеса се додава во тенџерето со постојано мешање.

Во тава со загреано маслиново масло се подготвува бела запршка со 3 лажици брашно.

Запршката се додава во тавата и чорбата дополнително се крчка околу 15 минути.

Македонскиот филм „М“ со ново Гран При, овојпат во Шведска

 Македонскиот филм „М“, во режија на Вардан Тозија, а во продукција на Фокус Покус, ја освои главната награда за најдобар филм на интернационалниот фестивал на жанровски филм Light Till Dark во Оребро, Шведска. 

-Овој филм носи нова перспектива на еден познат жанр. Филм со силни актерски изведби и сензитивна режија. Тоа е прекрасен филм, подеднакво визуелно и тематски. Филм кој не’ остава со надеж, но и скршено срце, беше образложението на интернационалното жири.

Фестивалот Light Till Dark е фестивал чија селекција обединува нови и класични филмски дела од областа на фантастиката, научната фантастика и хорор.

- Целта на овој фетивал е да се промовираат жанровски филмови, но и да се откриваат нови дела кои не стигнуваат во широка дистрбуција, изјави Даниел Лундстен, директорот на фестивалот.

Следни проекции на филмот „М“ ќе се одржат на почетокот на декември, каде „М“ ќе ги има својата холандска и финска премиера - во рамките на официјалните селекции на фестивалот „Eastern Neighbors” во Хаг и Интернационалниот Скандинавски Филмски Фестивал во Хелсинки.

Вандие: Во следните 18 месеци на масата на НАТО ќе биде ставена цел за одбранбени трошоци

Во следните 18 месеци на масата на НАТО ќе биде ставена цел за одбранбени трошоци од три отсто од БДП.

Зајакнувањето на европската одбранбена индустрија и подобрувањето на воената мобилност бараат дополнителни средства, поради што е потребно издвојувањата за одбраната да бидат поголеми од сегашната цел на НАТО за најмалку два отсто од националниот БДП на секоја земјата членка, смета врховниот командант на НАТО за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие.

- Треба да одвојуваме повеќе. Во следните 18 месеци на маса ќе биде ставена цел за три отсто од од БДП, вели Вандие во интервју за бриселскиот портал „Политико“, посочувајќи дека во време на Студената војна трошоците за одбраната изнесувале четири или пет проценти од БДП.

Според него, конфликтот во Украина, кој претставува комбинација на рововски борби и артилериски напади во стилот на Првата светска војна со користење на високотехнолошки дронови и проектили и кибер напади, ја наметнува потребата европските армии да ги ажурираат своите одбранбени планови, а тоа чини пари.

Вандие посочува дека за да победи во новата глобална трка во вооружување, Европа мора да презема поголеми ризици, да троши повеќе за одбраната, да биде поефикасна и да ја намали бирократијата.

- Европа не може да ја добие трката во вооружување со правилата што самата си ги наметна, вели Вандие во неговото прво интервју по преземањето на функцијата кон крајот на септември годинава.

Според него, барањата за „прекумерна усогласеност“ со регулативите во основа претставуваат пречки со кои се соочуваат европските производители на оружје.

- Ако (ЕУ) сака да остане во трката за вооружување, мора да ги смени правилата, нагласува францускиот адмирал.

Вандие оценува дека регулативите на ЕУ, кои се резултат на европскиот менталитет за намалување на ризиците, воспоставуваат процедури за вооружувањето што се „премногу бавни и недоволно флексибилни“

- Тоа прашање на психологија. Многу луѓе велат дека тоа не може да се направи, дека законските правила се такви, дека одредбите во Договорот (на ЕУ) се такви, вели Вандие, посочувајќи дека преземањето ризици е од фундаментално значење и дека Европа може да учи од американскиот пристап кон технологијата и иновациите.

Според него, во контекст на новата геополитика, на Вашингтон му е потреба силна европска одбранбена индустрија, која нема да биде само „подизведувач“ на американските компании.

- Време е да се разбудиме. Ние всушност можеме да направиме големи работи, што значи дека треба добро да ги користиме парите, да преземаме повеќе ризици и да пробаме повеќе работи, смета Вандие.

Лефков: Аврамовска Мадиќ е специјалист за матни тендери

Аврамовска Мадиќ е специјалист за матни тендери, додека беше секретар во Град Скопје, градот набави противпожарна скала од зет и за 900.000 евра поскапо од Загреб.

Викторија Аврамовска Мадиќ не може да биде ново лице на СДС, таа е специјалист за матни тендери.

Аврамовска Мадиќ, која неврохирургот на Заев, Филипче ја постави во ЦО, специјализираше на набавката на противпожарна скала од 1.7 милиони евра во време кога беше секретар во Град Скопје.

Тендерот за противпожарна скала го доби фирмата на зетот на Аврамовска Мадиќ, а Град Скопје од буџетот тоа го чинеше 1.7 милиони евра, односно 900.000 евра повеќе отколку во Загреб, каде тамошната градска управа набавила исто таква скала.

И не е само скалата од 1.7 милиони евра. Фирмата на зетот на Аврамовска Мадиќ во време на СДС доби тендери од над 4 милиони евра и тоа најмногу од Министерството за одбрана, МЕПСО, АД ГА МА, Дирекцијата за заштита и спасување, Град Скопје и многу други институции.

Во време додека Аврамовска Мадиќ била државен функционер, фирмата на нејзиниот зет нижела тендер по тендер.

Аврамовска Мадиќ никако не може да биде ново лице во СДС и во политиката, туку само потрчко на Заев и неговиот неврохирург Филипче.

Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер