Џенифер Лопез има бизарно барање за персоналот- кој не внимава, веднаш добива отказ (ВИДЕО)

Џенифер Лопез се најде во центарот на вниманието среде гласините за развод од сопругот Бен Афлек, а сега на површина излезе детал од нејзиниот живот кој не ја покажува во најдобро светло, пишува Дејли Мејл.

Имено, пејачката има бизарно барање до својот персонал - никој не смее да ја гледа во очи.

"Една наша пријателка работеше на осветлувањето на нејзиниот концерт. На сите работници им беа дадени строги упатства: Не гледајте во г-ѓа Лопез. Нема контакт со очите", напишал еден извор на социјалните мрежи.

„Познавам луѓе кои работеа во казино и им беше наложено целосно да избегнуваат контакт со очите на Џеј Ло. “

Музичката дива наводно го вовела истото правило за своите возачи на лимузини, кои „не смеат ни да ја гледаат во ретровизорите“, велат изворите. Дополнително, се огласи и американски диџеј и водителка на подкаст, која на TikTok ја сподели приказната за бизарното владеење на пејачката.

"Имам пријател кој правеше звук на проектот на Џеј Ло и го избрка. Ја прекина целата продукција и сѐ само затоа што ја погледна во очи", рекла таа. Инаку, се огласи лице кое работело во ски-центар во Калифорнија, кое тврди дека на персоналот им било кажано да не ја гледаат пејачката во очи.

@labellatini #stitch with @darianysantana nah. @JLO #jlo ♬ original sound - LABellatini

Макрон: Франција е подготвена за Олимписките игри

Претседателот на Франција, Емануел Макрон при денешната посета на Олимпиското село истакна дека Пaриз е подготвен за да биде домаќин на Олимписките игри.

- Подготвени сме и ќе бидеме подготвени во текот на Игрите, посочи Макрон.

Претходно, францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен изјави дека неколку дена пред почетокот на ОИ во Париз спроведени се еден милион административни истраги и утврдено е оти 4.355 лица би можеле да претставуваат закана.

Безбедносните истражување се спроведени за сите лица кои на каков било начин ќе учествуваат во ОИ од 26 јули до 11 август и на Параолимписките игри од 28 август до 8 септември. Проверени се спортисти, тренери, новинари, волонтери, приватно обезбедување, дури и граѓаните кои живеат во близина на одржувањето на церемонијата на отворање на ОИ.

Околу 35.000 полицајци и жандарми и 18.000 француски војници ќе ги обезбедуваат Олимписките игри секој ден.

Со навремена пријава за пожар и брза интервенција спасена куќа во Велес

Пожар во куќа на улица „Живко Фирфов“, кој избувнал синоќа околу 19:00 часот од сопствениците бил веднаш пријавен во  Територијалната противпожарна единица Велес.

Пожар во куќа на улица „Живко Фирфов“, кој избувнал синоќа околу 19:00 часот од сопствениците бил веднаш пријавен во Територијалната противпожарна единица Велес, а чија екипа веднаш излегла на терен со две противпожарни возила и седум пожарникари. Тие го затекнале пожарот во почетна фаза што им ја олеснило работата, и што помогнало во несреќата огнот брзо да се ликвидира, информираат денеска од ТППЕ Велес.

Воедно потенцираат дека присебноста на сопствениците и навремената пријава на пожарот, како и брзата интервенција на пожарникарите ја спасиле куќата од опожарување.

Од Територијалната против пожарна единица повторно апелираат до граѓаните за брзо пријавување на пожари од било каков вид на телефонските броеви 112 или 193.

Пандов: Затвореници излегувале и влегувале во затворот „Скопје“ кога сакале

Пандев рече дека 11 затвореници не биле во своите ќелии, а состојбата била различна од она што го добиле во списокот и во полуотвореното и отвореното одделение, како и во пералната. 

В.д. директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов денеска информираше дека ноќта на 19 овој месец е направен вонреден надзор во Затворот „Скопје“ и притоа е констатирано дека списокот со затвореници што го добиле од полицијата не кореспондирала со фактичката состојба која ја затекнале.

Пандев рече дека 11 затвореници не биле во своите ќелии, а состојбата била различна од она што го добиле во списокот и во полуотвореното и отвореното одделение, како и во пералната. Тој информира дека четворица затвореници во моментов се бегство.

На денешната прес-конференција тој посочи дека некои затвореници излегувале и влегувале во затворот кога сакале.

Според него, затворските полицајци изјавиле дека затворениците се преместуваат со усна наредба на директорот Филип Андов - Сокол, за кого рече дека ќе побара да биде разрешен.

Тој вели дека седум години не била направена контрола во овој затвор и дека во моментов двајца службеници се во затворот за да го земат материјалот од видео надзорот.

притисни ентер