Џенифер Анистон се пофали со бањата и тушот од 25.000 долари (ВИДЕО)

Актерката Џенифер Анистон (55) неодамна на Инстаграм објави сторија во која еден детаљ го украде вниманието.

Таа е снимена во бањата додека го промовира својот козметички бренд, а она што сите го забележаа е луксузниот туш во позадина.

За него пишуваа и странски медиуми. Според Дејли Мејл, актерката во бањата има туш со пареа, за што би било неопходно да се издвојат 25 илјади долари. Тушот е целосно затворен за да ја задржува пареата и има вграден простор за седење.

Ова не е првпат нејзините обожаватели да видат дел од нејзиниот луксуз. На интернет повторно почна да се шири нејзиното видео од 2022 година, во кое покрај скапиот туш во бањата, може да се види и ориентален тепих на подот.

За потсетување, Џенифер го купила својот дом во 2018 година и наводно платила 21 милион долари за него. Вилата се простира на речиси 800 метри квадратни и има четири спални соби, шест бањи, винарска визба, базен и куќа за гости.

Во едно од нејзините видеа можете да видите пространа дневна соба, во која доминира телевизор поставен на ѕидот над каминот. Собата е опремена со впечатливи парчиња, а поврзана е со тераса со поглед на Лос Анџелес.

„Скопска Новогодишна приказна“ во Општина Кисела Вода

​Кисела Вода испиша прекрасна „Скопска Новогодишна приказна“.

Под насловот „Скопска Новогодишна приказна,“ синоќа пред салата Расадник, Општина Кисела Вода организираше незаборавна новогодишна прослава, која собра илјадници жители од Кисела Вода и Скопје. Настанот започна со настапот на „Куку Леле“ и под водство на харизматичниот Игор Џамбазов, кој настапи заедно со „Гуру Харе Бенд.“

Програмата продолжи со енергичните „ДНК,“ на кои им се придружи Врчак, кој по 15 години пауза повторно се појави на музичката сцена. Вечерта кулминираше со настапот на популарниот Лозано, кој заедно со публиката ја дочека Новата година.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, се обрати кон присутните граѓани непосредно пред полноќ, упатувајќи искрени новогодишни желби:

„Драги жители на Кисела Вода и Скопје, оваа вечер ви ја посветуваме вам и на радоста, љубовта и сплотеноста што ја носи Новата година. Ви посакувам добро здравје, лична и семејна среќа и уште многу успеси. 2025-та година да биде година на поубави можности и остварени соништа! Од срце ви благодарам што сте тука со нас, споделувајќи ја оваа магична Новогодишна ноќ. Заедно да броиме до нови успеси и светли моменти. Среќна Нова година!“-честиташе градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Со заедничко одбројување, огномет го осветли небото над Кисела Вода, додека публиката со воодушевување пееше, играше и се забавуваше со изведувачите.

Настанот имаше и богат дневен дел, посветен на најмладите посетители. Програмата започна со настап на балетското студио „Лебед“, продолжи со Бисера Мојаноска и театарската група „Театар за тебе“. Малите посетители уживаа во веселите настапи на „Поточиња“, аниматорите и Дедо Мраз, кој овој пат беше во друштво на ликот Гринч. Сите присутни деца добија празнични пакетчиња, кои дополнително му додадоа магија на Новогодишниот ден.

ФБИ: Смртоносниот напад со автомобил во Њу Орлеанс е „терористички чин“

Федералното истражно биро (ФБИ) соопшти дека смртоносниот напад со автомобил во Њу Орлеанс го смета за „терористички чин“.

Човекот кој го предизвика инцидентот на новогодишната прослава во Њу Орлеанс, беше убиен од полициските службеници, наведува ФБИ.

Инцидентот се случи на улицата Бурбон за време на новогодишната прослава околу 03:15 часот по локално време. Најмалку 10 лица загинаа откако човекот удри во толпа луѓе, а повеќе од 35 се хоспитализирани.

Николоски: Традиционално - колаж од најзначајните настани во 2024 година

Почитувани пријатели, позади нас е годината во којашто се случија промените и ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста за Македонија.

- Почитувани пријатели, позади нас е годината во којашто се случија промените и ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста за Македонија Погледнете ја мојата битка во 2024 година . Среќна Нова Година!

Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт

притисни ентер