Џек Блек како „ѓаволскиот“ Дедо Мраз, во филм режиран од браќата Фарели

Пред околу 10 години, браќата Боби и Питер Фарели го издадоа последниот заеднички филм - третиот дел од приказната „Глупавиот и поглупавиот“ (Dumb and Dumber To). Сега повторно заедно сработија филм, и тоа - Божиќна комедија.

Замислата за филмот „Драг Дедо Мраз“ (Dear Santa) се јавила пред 15-тина години, но требало подолго време за тој да се комплетира.

- Овој филм е „долго-обликувачки“, како и сите наши филмови. Патем, на „Глупавиот и поглупавиот“ му беа потребни пет години за да биде направен. За „Има нешто околу Мери“ сценариото беше старо 10 години кога го преработивме... Им требаше малку време за да стигнат до крајот. Таков е случајот и со овој, објасни Питер за „Ентертејнмент викли“ (Entertainment Weekly).

Питер Фарели, заедно со Рики Блит, го напиша сценариото. Откако сите биле задоволни со тоа, Боби се согласи да режира.

Приказната го следи малиот Лијам Тарнер (го глуми Роберт Тимоти Смит), кој сè уште верува во Дедо Мраз. За да им докаже на сите свои пријатели кои не веруваат дека тој постои, тој му пишува писмо на легендарниот човек и го повикува да се покаже. Но, наместо кон Дедо Мраз (Santa), писмото e упатено до Сатаната (Satan). „Нечестивиот“ (Џек Блек), кој никогаш не добил писмо од дете, е „поласкан“ и оди да го запознае Лиjам...

Според режисерот, Џек Блек бил првиот и единствен избор.

- Во секое време, има малку палавост за него, но е исклучително симпатичен. Тоа е, просто - Џек. Никогаш не сакавме да правиме хорор-филм или слично. Сакавме сѐ тоа да биде смешно... Џек е нашиот совршен човек за тоа, појасни Боби Фарели.

„Драг Дедо Мраз“ ќе се прикажува во кино од 25 ноември оваа година.

Минчев: Време е за развој на Македонија, а не за политички манипулации

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, даде јасен одговор на прашањата и обвинувањата од пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети.

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, даде јасен одговор на прашањата и обвинувањата од пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети, повикувајќи на транспарентност, конструктивност и посветеност на реформи во јавната администрација.

Во своето излагање, министерот Минчев изрази загриженост за, како што го нарече, лицемерието на дел од политичките актери, посочувајќи на контрадикторните ставови на ДУИ во однос на стратегијата за реформи во јавната администрација.

„Вие, кои се декларирате како борци за правата на етничките заедници, на седница на Влада во јули 2023 година, каде министри од ДУИ активно учествуваат, усвоивте стратегија што го става начелото на стручност, компетентност и родова еднаквост како примарни критериуми за вработување и унапредување во јавниот сектор и истовремено констатирате злоупотреба на дигиталната алатка “Балансер”. - истакна Минчев.

Минчев појасни дека одлуката за укинување на алатката „Балансер“ е донесена од Уставниот суд, а Министерството за јавна администрација нема мандат да коментира или оспорува такви одлуки.

„ДУИ, наместо да дискутира за суштински теми и развојни политики, одлучи да ја драматизира ситуацијата со обвинувања за наводно одземање на етничките права. Правичната застапеност е уставна категорија и ќе остане таква. Новото законско решение што Владата ќе го предложи, ќе биде изработено од експерти и ќе опстои на долгорочна основа,“ - потенцираше Минчев.

Министерот Минчев додаде дека, според податоците, процентот на етнички вработувања бил поголем во периодот пред воведувањето на балансерот (2001–2015) отколку во периодот кога тој се применувал (2015–2024), нагласувајќи дека злоупотребите на алатката довеле до загриженост и критики, нотирани и во извештаите на Европската комисија.

„Време е да се фокусираме на суштински прашања за развојот на Македонија. Новото законско решение ќе биде квалитетно, долгорочно и поддржано од Венецијанската комисија. Само со таков пристап можеме да изградиме стабилна и правична јавна администрација,“ - заклучи тој.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Обвинителството бара мерки за претпазливост за директорот на фирма, поврзана „Државна лотарија“

Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривична пријава од Управата за финансиска полиција, поведе постапка против две физички и едно правно лице. 

Првопријавениот, во својство на претседател на Управен одбор – Генерален директор на АД за приредување на игри на среќа „Државна лотарија на Република Северна Македонија“, е осомничен за – Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик. За второосомничениот сопственик и правното лице постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело – Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство согласно член 275-в и од Кривичниот законик.

Првоосомничениот во периодот од 2022 до 2024 година одобрувал исплата по фактури со невистинита содржина за набавка на употребувани телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема за потребите на АД „Државна лотарија“. Фактурите ги издавал второпријавениот сопственик и управител на осомниченото правно лице, иако и двајцата биле свесни дека дел од опремата во фактурите не се испорачувала согласно предвиденото во склучените договори за јавни набавки. Предмет на проверки е целокупната постапка за доделување на шест јавни набавки на ваква опрема за „Државна лотарија“, од моментот на утврдување на техничките спецификации до реализацијата.

Надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот сопственик на правното лице – привремено одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска повремено да се јавува во судот, соопшти Обвинителството.

Најмалку тројца загинати во автобуска несреќа во Норвешка- автобус се излизга во езеро (ФОТО)

Најмалку три лица загинале, а четворица се тешко повредени кога автобусот, во кој наводно имало повеќе од 50 патници, излетал од патот Е10 во Норвешка, слетал во провалија и паднал во езеро.

Страшната несреќа се случила околу 13 часот и 30 минути по локално време, на северозападниот брег. Се претпоставува дека во автобусот имало повеќе од 50 патници, меѓу кои и голем број странци.

Автобусот се излизгал. На терен се бројни спасувачки и итни екипи кои ги извлекуваат повредените и починатите од возилото.

Причината за несреќата се уште не е позната. Според локалните медиуми, планирано е да се испратат спасувачки хеликоптери на местото на настанот, но лошите временски услови го отежнуваат тоа.

притисни ентер