Димитриеска-Кочоска: Средствата од унгарскиот заем треба да легнат на сметката во НБРМ

Средствата од унгарскиот заем треба да легнат на сметката во Народната банка, започната постапката за втората транша.

Процедурата за префрлање на средствата од унгарскиот заем е веќе завршена и денеска се очекува да легнат на сметката на Народната банка, а веќе утре да се трансферират во Буџетот, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

- Секторот од МФ ме информираше дека сѐ е подготвено и очекувам средствата да бидат префрлени на сметката во Народната банка, а потоа ќе бидат насочени кон општините и компаниите. Проектите на општините кои ќе бидат финансирани од средствата се веќе избрани. Износот што го побараа општините за реализација на нивните проекти беше поголем, при што важно беше тие да бидат во завршна фаза за да може да придонесат и кон економскиот развој, рече Димитриеска-Кочоска за телевизија Алфа.

Најави дека веќе е започната и процедурата за повлекување на втората транша од заемот која ќе се искористи за отплата на еврообврзницата што доспева во јануари 2025 година.

Во однос на оној дел од заемот што е планиран за бизнис секторот рече дека во петок ќе има средба со Македонската банкарска асоцијација на која ќе се разговара за распределба на средствата кон компаниите, кои ќе бидат распределени по завршување на постапката за нивно префрлање во Развојната банка.

Во интервјуто, таа се осврна и на Предлог-буџетот за 2025 година, истакнувајќи дека фокусот ќе биде ставен на фискалната консолидација, поточно зголемување на приходите и намалување на расходите. Следната година, како што посочи, буџетскиот дефицит е планиран на 4 проценти, за потоа да се намали на 3,5 проценти и во 2027 година да достигне 3 проценти.

Посочи дека во Буџетот за 2025 година предвидени се средства за зголемување на пензиите за 2.500 денари, средства за образовниот сектор, 250 милиони евра за проекти во општините, средства за инфраструктурни проекти, како и за Коридорите 8 и 10д.

Градоначалникот на баварскиот град Бад Гризбах одбива да прими украински бегалци

Градоначалникот на баварскиот град Бад Гризбах, Јирген Фундке, ја блокираше регистрацијата на украинските бегалци, тврдејќи дека градот нема повеќе места во градинките, училиштата и центрите за сместување.

Фундке предизвика конфликт со окружните власти откако го одби нивното барање да прими 35 украински бегалци.

Канцеларијата за миграција на областа Пасау испрати писмо до Фундке во кое му нареди да им дозволи на Украинците да се регистрираат во градот, на што тој одговори: „Јас не сум идиот. Ќе го прочитам тоа на Божик“.

Тој вели дека градот веќе ја исполнил својата квота и нема капацитет за нови бегалци.

Сепак, портпаролот на округот за баварскиот медиум БР24 изјави дека тоа не е точно и дека градот има места за прием на Украинците. Според извештајот на порталот Фокус онлајн, Фундке им предложил на властите во Пасау да ги испратат бегалците во други градови и населени места во околината кои се уште не примиле никого.

Баварија од почетокот на војната прими голем број украински бегалци. Сепак, некои градови, вклучително и Минхен, се пожалија дека се преоптоварени и сега немаат доволен капацитет во училиштата и центрите за сместување.

Меси: Среќен сум во репрезентацијата, но секој натпревар може да биде мој последен

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси изјави дека ужива да игра за националниот тим и има намера да игра за неа се додека здравјето му дозволува.

- Навистина е убаво да се почувствува енергијата на луѓето кои го скандираат моето име од возбуда... Сите ги сакаме овие моменти што ги имаме со години и врската со луѓето. Сакам да бидам тука, да играм за Аргентина. Тоа ме инспирира, уживам, среќен сум што сум покрај моите соиграчи, и покрај мојата возраст. Кога сум во репрезентацијата се чувствувам како дете. Затоа што се чувствувам удобно и се додека можам да му помогнам на тимот, ќе уживам, го цитира Меси „TyC Sport“.

Аргентинецот одговори и на прашање кога би сакал да ја заврши репрезентативната кариера.

- Вистината е дека не одредив датум или рок, само уживам во сето тоа. Многу сум среќен што сум во националниот тим и ја чувствувам љубовта на луѓето, бидејќи знам дека секој натпревар може да биде мој последен, додаде играчот.

Меси за репрезентацијата на Аргентина игра од 2005 година. Триесет и седумгодишниот напаѓач има рекордни 189 натпревари и 112 гола за националниот тим. Како дел од репрезентацијата, Аргентинецот стана светски шампион и двократен победник на Купот на Америка.

Со еден клик до Вашето ново работно место

“JobLink by DEKRA” – ЗА СИТЕ НАС, нов портал кој ги поврзува барателите на работа и работодавачите.

Развојот на нова и корисна технологија од ден на ден е се поважна за личниот и професионалниот живот. Модерното живеење бара решенија кои го олеснуваат пристапот до информации и услуги. ДЕКРА Македонија како долгогодишен креатор на ХР сцената кај нас, ги препозна овие барања и започна проект за креирање на нов интерактивен портал “JobLink by DEKRA” кој е креиран да биде вистинско решение преку кое кандидатите за работа ќе ја пронајдат работната позиција која ја посакуваат, а компаниите во своите редови ќе ги добијат најдобрите професионалци, но воедно да добијат простор каде може да ги презентираат своите компании, вработени, производи, вредности низ призмата на ХР-от како наша водилка.

Нашата мисија е јасна, како силна заедница ги спојуваме луѓето и работата и заедно креираме синергија. Ги разбираме предизвиците со кои се соочува денешниот пазар на труд и посветени сме да обезбедиме простор каде докажаните партнери ќе можат да се здружат за да создадат успешна соработка. При имплементација на решението создадовме алгоритми, преку кои порталот ги поврзува барателите на работа со можностите кои се усогласени со нивните вештини и аспирации, а компаниите отсега можат лесно да објавуваат огласи за слободни работни позиции, да ги следат апликантите и ефикасно да управуваат со нивните процеси на вработување на едно ново, повисоко ниво – изјави Дејан Чекаров, Извршен Директор на ДЕКРА Арбеит Македонија.

Нашиот тим од експерти има долгогодишно искуство во секторот за вработување, а Декра Македонија има силни партнерства со водечки компании во целиот регион. Создавањето доверба е долготраен процес. Клиентите бараат квалитетна услуга, а ние сме задолжени да им обезбедиме широк опсег на можности. Затоа дадовме голема поддршка Декра Македонија да го имплементира ова решение. Огромно е задоволството кога вакви иницијативи доаѓаат од помал економски пазар, но ете токму тој мал пазар има што да понуди. Преку долгогодишното делување, можеме да оцениме дека овој портал значи многу за олеснување на процесите за компаниите но и за кандидатите- изјави Сузана Бернхард, Потпретседател на Групацијата ДЕКРА-Германија.

DekraJobLink.mk” веќе од денес е достапен за сите корисници.

Внесете ги Вашите податоци за регистрација и чекајте ја вистинската можност за Вашиот натамошен професионален развој.

притисни ентер