Денес на Олимписките игри во Париз ќе настапат двајца Македонци

На Олимписките игри во Париз денес ќе настапат двајца македонски натпреварувачи.

Во борење слободен стил категорија до 57 килограми ќе се појави Владимир Егоров. Тој ќе има борба со Аман Шерават од Индија. Почетокот на борбата е околу 11:30 часот

Во таеквондо, категорија до 57 кг, нашата Милјана Релиќ ќе се соочи со олимписката шампионка Џејд Џонс од Велика Британија.

Почетокот на борбата е во 12 часот.

Во Србија продолжува штрајкот на вработените во образованието

Репрезентативните синдикати на образованието во Србија денеска продолжуваат со штрајкот, со скратување на наставата на 30 минути во училиштата во управите на Ниш, Крушевац и Лесковац, Заечар и Јагодина.

Репрезентативните синдикати на образованието во Србија денеска продолжуваат со штрајкот, со скратување на наставата на 30 минути во училиштата во управите на Ниш, Крушевац и Лесковац, Заечар и Јагодина, со што се бара подобрување на финансиската состојба на вработените, јави Бета.

Портпаролката на УСПРС, Мирјана Гашиќ, изјави за медиумот дека барањето на синдикатот нивните претставници да присуствуваат на собраниската седница за буџетот за 2025 година е одбиено, од претседателката на Парламентот, Ана Брнабиќ.

Таа рече дека синдикатите побарале нивни претставници да им се обратат на парламентарците на седницата што почнува денеска, а најави дека просветарите ќе им се обратат на новинарите пред Собранието на Србија.

Тие бараат Владата на Србија да го исполни ветувањето од минатогодишниот Протокол и да ја изедначи почетната плата на наставниците со просечната плата во земјата од 1 јануари 2025 година.

Владата понуди покачување од 11 отсто за сите вработени во образованието и еднократна помош од 15.000 динари, како и дополнително зголемување од еден отсто за одделенските раководители.

Минатата недела наставата беше скратена на 30 минути во училиштата на територијата на управата Крагуевац, Краљево, Чачак и Ужице. Претходната недела, поради истата причина, наставата беше скратена на 30 минути во училишните управи во Нови Сад, Зрењанин, Сомбор и Ваљево, а од 4 до 8 ноември во Белград и Пожаревац.

ВМРО - ДПМНЕ: 40 потрчковци и неврохирургот на Заев, Филипче не можат да донесат ништо ново

40 потрчковци и неврохирургот на Заев, Филипче не можат да донесат ништо ново и добро ни во СДС, ниту во Македонија.

Венко Филипче не е ново лице на македонската политичка сцена. Венко Филипче е стар и истрошен лик, облечен во ново руво, наречено претседател на СДС.

Филипче е лице кое што на македонската политичка сцена беше активен во СДС и во водењето на државата во најтемните, најсрамните и најтешките периоди на Македонија.

Тој е човекот на кого како министер за здравство во модуларната болница во Тетово живи му изгореа 14 луѓе, кои во болница дошле со надеж да оздрават и за што не понесе никаква одговорност.

Филипче не понесе одговорност дури ни за високата смртност од корона вирусот, по што Македонија на стави на врвот на светските и европски листи.

Филипче е потрчко и продолжена рака на неговиот другар Зоран Заев со кој, за заедно да лумпуваат на приватни и скапи журки по елитни хотели, одат дури во далечниот Дубаи.

Филипче, кој е неврохирург на Заев не може да внесе свежина ниту во СДС, а најмалку на политичката сцена во Македонија.

Тоа се гледа и во составот на неговото избрано раководство, каде во нивниот Централен одбор, има се само не нови ликови. Немањето визија и кадри за учество во новото раководство се гледа и по изборот на Фани Каранфилова Пановска за неговиот заменик, која е поранешна директорка на Отворено општество Сорос и која ја интересираат само високите хонорарци.

Во ЦО има лица кои што биле на високи партиски и државни позиции, случајно или не, во периодот кога со партијата раководел неговиот ментор и духовен водач, Зоран Заев.

На листата на членови има Централниот одбор има поранешни пратеници, градоначалници, директори, министри, заменици министри, поранешни и сегашни претседатели на општинските партиски организации и сите од периодот на владеење на Заев.

Така да, Венко Филипче, неврохирургот на Заев и неговите избрани 40 потрчковски, не можат да донесат ништо ново ниту добро, како ни за СДС така ни за Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Најстудено утрово во Берово, најтопло на Попова Шапка

 Утрово најстудено со измерени - 8 степени Целзиусови е во Берово, додека со 1 степен најтопло е на Попова Шапка.

Измерени се -6 во Скопје-Петровец, Битола, Демир Капија, Струмица и Куманово, -5 степени во Тетово, Прилеп, Велес и Штип, -4 на Скопје-Зајчев Рид и Кавадарци, -3 Крива Паланка, -2 степени во Охрид, Претор, Виница, Гевгелија и Маврови Анови и нула степени во Крушево.

Во текот на ноќта, соопштија од УХМР, времето беше ведро, а утрово е сончево и студено со мала локална облачност. Понекаде дува слаб ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

притисни ентер