Дел од општините Аеродром и Центар без вода

Без вода денеска се дел од жителите лоцирани на улицата „Тодор Чангов“ 36 и 38 во Општина Аеродром. 

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на улица „Тодор Чангов“ 36 број 5.

Поради дефект на улица „Петричка“ во Маџир Маало, денеска од 10:00 часот без вода ќе останат дел од корисниците од улиците „Петричка“ и „Охридска“.

Водоснабдувањето на двете локации ќе биде прекинато се додека не се санираат дефектите.

ВМРО-ДПМНЕ: Играњето оро, чочек и плех музиката ги однесе СДС во слеп тунел

Има ли светло на крај од тунелот на СДС, демолиран рејтинг и контрадикторни соопштенија.

СДС се уште не може да се разбуди од кошмарот кој го доживеа на изборите па пишуваат небулозни соопштенија спротивни со здравиот разум. Во постизборен шок секојдневно самите со комични соопштенија си пукаат во нозе.

СДС е целосно во хаос и секојдневно тоне во сопствените илузии во обид да се консолидира.

Наместо нонсенс соопштенија, СДС нека се потрудат народот да дознае кој им е лидер.

Рејтингот на СДС е во слободен пад за што говорат и последните анкети каде ВМРО-ДПМНЕ има тројна предност пред СДСМ, а Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски 5: 1 наспроти Венко Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ има повеќе проекти и реализација во првите 100 дена отколку СДС во 7 години.

СДС нема право да зборува за инвестиции, бидејќи во нивно време најголем настан беше играње чочек и трубачи во тунел.

Во време на СДС кога милијарди народни пари беа во прашање СДС дозволија надзор да им бидат фирми за производство на долна облека.

СДС нека се потсетат како нивниот министер за транспорт и врски Бочварски дозволи главниот коридор да им биде воден од Артан Груби, а надзор да им бидат фирми за производство на гаќи.

СДС во 7 години лопата не фрлија, затоа наместо политиканство и акробации да се реформираат бидејќи на државата и е потреба силна опозиција за просперитетна држава.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Четворица млади македонски тренери на едукација во Турција

Станува збор за ​​​​​​​Сања Адамовска, Катерина Поп Димитровска, Денис Селими и Иле Стамболџиев кои ќе собираат тренерско искуство во Истанбул.

Како дел од мултинационалниот проект на Светската кошаркарска асоцијација (ФИБА) во кој се вклучени и пет национални федерации, „Развој на млади играчи до 13 години и млади тренери“, четири македонски тренери, на покана на турската кошаркарска федерација во наредните неколку дена ќе поминат една специфична тренерска „мини-обука“, објави Кошаркарската федерација на Македонија.

Станува збор за ​​​​​​​Сања Адамовска, Катерина Поп Димитровска, Денис Селими и Иле Стамболџиев кои ќе собираат тренерско искуство во Истанбул.

За време на оваа своевидна тренерска обука, младите тренери ќе имаат прилика да се запознаат со работата на некои од турските кошаркарски великани, како во оние младински така и во оној сениорски сегмент на функционирањето.

Предвидено е да се запознаат и со функционирањето на новиот спортски, односно кошаркарски комплекс и новото седиште на тамошната федерација, но и оние тренинг-кампуси на клубовите кои функционираат на географското подрачје како што е Истанбул, што несомнено ќе биде од голема корист за македонските тренери во процесот на надградба на тренерските знаења и вештини.

Утре и викендов облачно и посвежо со услови за дожд, од недела утрински минусни температури

Променливо облачно со сончеви периоди ќе биде утре и за време на викендот. Ќе биде и значително посвежо со услови за слаб локален дожд, а потоа ќе следува период на стабилно и тивко време со ниски утрински температури.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Како што информира УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од - 3 до 12 степени, а максималната од 12 до 23 степени.

Од недела ќе има утрински минусни температури. В понеделник и вторник утринската температура ќе биде од - 3 до осум степени, а дневната до 22 степени.

притисни ентер