Децата бегалци од Егејска Македонија одбележаа 76 години од прогонството

И по повеќе од седум децении од прогонот, неизбришливи се трагите во меморијата на бегалците од Егејскиот дел на Македонија. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Скандал во Британија: Жена болна од рак лежи на под во ходник - немало кревети во болницата

Медлин Бучер (62), на која ѝ бил дијагностициран рак на јајниците, лежи на подот во болницата во Блекпул поради недостаток на кревети.

На мрежите се појави наводната фотографија од жената која е примена за можна сепса и предизвика бурни реакции.

Медлин пристигнала во болница во неделата, околу три часот по полноќ, вели нејзиниот сопруг Џон (61).

Таа покажала симптоми на инфекција и им било кажано дека ќе чекаат во собата за итни случаи потенцијално 36 часа, пишува New York Post.

Медицинскиот персонал ѝ објаснил дека не можат да ѝ обезбедат кревет, инвалидска количка или столче, бидејќи нема ништо на располагање. Наместо тоа, и дале ќебе и перница и ја принудиле да лежи на подот, тврди сопругот.

„Бев ужаснат. Како е тоа прифатливо во денешно време? Терминално болен пациент лежи на подот?“, рече Џон.

Докторот кој ја примил Медлин го потврдил сомнежот за сепса, а Џон истакнува дека во еден момент медицинските сестри донеле инвалидска количка. Жената била примена на одделението дури вчера вечер.

Мајката на две деца е задржана во медицинската установа, каде што се опоравува.

„Добивме поплака за грижата на г-ѓа Бучер. Сакам да ѝ се заблагодарам што се јави и многу ми е жал ако квалитетот на негата што ја доби не ги исполни високите стандарди што ги очекуваат пациентите“, рече Мери Форшо, в.д. Извршен директор на здравствениот персонал во Блекпул.

Ужас во Италија: Си го убил и обезглавил братот и главата му ја фрлил од тераса,соседите во шок

Маж (59) од Италија е уапсен откако со нож го избодел својот брат до смрт, му ја отсекол главата и му ја фрлил главата од тераса во провинцијата Беневенто.

Бруталното злосторство се случило вчера вечерта, а шокиран граѓанин повикал полиција да пријави што видел, пренесе Ил Џорнале.

Приказната изгледала малку веројатна, но се испоставило дека е сосема реална кога полицијата пристигнала на местото на настанот и го пронашла безживотното тело на 65-годишен маж, избодено неколку пати и обезглавено.

На страшната сцена посведочеле и други локални жители, јавуваат италијанските медиуми.

Осомничениот (59) за свирепо кривично дело се предал без отпор и бил испрашуван во текот на целата ноќ.

Карабинерите ги испрашуваат роднините и познаниците на браќата кои живееле заедно во семејната куќа. Во тек е истрага за реконструкција на мотивот на злосторството.

Русинка го загубила пасошот, па по три години дознала дека е мажена за Мустафа од Египет

24-годишна Русинка неодамна доживеала шок кога дознала дека е во брак со египетски државјанин од 2022 година, околу една година откако го изгубила пасошот.

Жителката на Санкт Петербург за загубила патната исправа што го пријавила во полиција, но во меѓувреме не побарала нова. А потоа дошла во општината да извади извод на детето и останала шокирана.

Имено, кога побарала извод, вработената одговорила дека и нејзиниот сопруг треба да даде согласност. Девојката била шокирана, бидејќи се испоставило дека е во брак со Мустафа.

Таа никогаш не го запознала дотичниот Египќанец, а камоли да го каже судбоносното „да“ во негово присуство.

Сепак, неговото име било во регистарот, пренесува Oddity Central.

Останува нејасно како Мустафа го поседувал пасошот – дали го нашол или го купил на нелегален пазар, или го искористил за да добие виза за привремен престој во Русија.

Во пријавата изјавил дека е оженет со девојка од Санкт Петербург, а како доказ го приложил нејзиниот пасош.

Откако надлежните ја разгледале жалбата, патната исправа била прогласена за неважечка, а информацијата за непостоечкиот брак била избришана.

притисни ентер