Русинка го загубила пасошот, па по три години дознала дека е мажена за Мустафа од Египет

24-годишна Русинка неодамна доживеала шок кога дознала дека е во брак со египетски државјанин од 2022 година, околу една година откако го изгубила пасошот.

Жителката на Санкт Петербург за загубила патната исправа што го пријавила во полиција, но во меѓувреме не побарала нова. А потоа дошла во општината да извади извод на детето и останала шокирана.

Имено, кога побарала извод, вработената одговорила дека и нејзиниот сопруг треба да даде согласност. Девојката била шокирана, бидејќи се испоставило дека е во брак со Мустафа.

Таа никогаш не го запознала дотичниот Египќанец, а камоли да го каже судбоносното „да“ во негово присуство.

Сепак, неговото име било во регистарот, пренесува Oddity Central.

Останува нејасно како Мустафа го поседувал пасошот – дали го нашол или го купил на нелегален пазар, или го искористил за да добие виза за привремен престој во Русија.

Во пријавата изјавил дека е оженет со девојка од Санкт Петербург, а како доказ го приложил нејзиниот пасош.

Откако надлежните ја разгледале жалбата, патната исправа била прогласена за неважечка, а информацијата за непостоечкиот брак била избришана.

Фото: Најубавата скриена плажа во Европа 2024!

Престижниот американски магазин Форбс ја одреди најубавата скриена плажа во Европа во 2024 година.

Позната по својата природна убавина и уникатниот пејзаж, плажата Пасјача во Хрватска е прогласена за најубава скриена плажа во Европа во 2024 година.

Се наоѓа во селото Поповиќи во Конавле, блиску до Дубровник и Цавтат, и е позната по својот нереален изглед кој привлекува фотографи и инфлуенсери од целиот свет, дури и само да фотографираат.

Кристално чистото море и спектакуларниот поглед на Јадранското Море ја прават оваа плажа совршена за љубителите на природата. Самата патека која води до плажата е издлабена во карпа и нуди прекрасен поглед на морето.

Оваа необична и по малку авантуристичка патека е омилена меѓу туристите кои сакаат да се фотографираат и да уживаат во природните убавини.

Кинескиот бренд на електрични возила „BYD“ според продажбата се поблиску до Тесла

Водечкиот кинески производител на електрични возила, BYD, се израмнува со „Tesla“ во продажба на автомобили, според податоците за продажба објавени од Reuters.

Компанијата објави зголемување од 21 отсто во продажбата на електрични возила во вториот квартал - тоа е 426.039 ЕВ од април до јуни, само 12.000 возила помалку од проценетите испораки на Тесла за истиот временски период.

Ова го става „BYD“ во добра позиција да стане водечки снабдувач во светот, оценува британската агенција.

Претходно, „Tesla“ објави пад од пет проценти во испораките за минатиот квартал, што е прв пат компанијата да доживее пад во два последователни квартали. Производството е намалено за повеќе од 20.000возила во споредба со првиот квартал.

Има многу фактори кои придонесуваат за падот на Tesla, но најголемиот веројатно е фактот што Тесла ги напушти моделите од ниска класа во корист на роботаксија и „луксузни модели“ од нерѓосувачки челик како „Cybertruck“.

Од друга страна пак автомобилите на BYD се евтини.

Десетици илјади полицајци на улиците во француските градови

Десетици илјади полицајци се распоредени на улиците во француските градови.

Тие се подготвени во случај да има протести или нереди по објавувањето на изборните резултати.

Многу сопственици на продавници во градовите ги заштитиле своите излози.

Француските гласачи во голем број излегоа на денешниот втор круг од парламентарните избори, на кој се очекува победа на екстремно десничарскиот Национален собир (РН).

Излезноста до 17 часот е 59,71 отсто наспроти 38,11 отсто во исто време на последните избори во 2022 година, соопшти француското МВР.

Ова е најголема излезност од 1981 година, што укажува на огромниот интерес за изборите во време на голема поларизација на француското општество.

Последните анкети покажуваа дека РН на Марин Ле Пен ќе освои најмногу места во Националното собрание, но не доволно за апсолутно мнозинство. Ова може да доведе до продолжена нестабилност и политички ќор-сокак во втората по големина економија во еврозоната.

Во првиот круг од изборите најмногу гласови доби антиимиграциската РН со една третина од гласовите, а на второ место се најде Новиот народен фронт (НФП). Аналитичарите ги прогласуваат и двете групи за екстремни, од десниот и левиот спектар, што тие го отфрлаат. Центристичката коалиција на претседателот Емануел Макрон заврши на третото место.

Гласањето во помалите градови завршува во 18 часот, а во поголемите во 20 часот. Првите проекции на резултатите ќе бидат објавени во 20 часот.

притисни ентер