Дарио Ивановски победник на “Охрид трчат 2024“

 Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски победи на главната трка на 21 километар на 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ што се одржа денеска низ улиците на Охрид.

Дарио полумаратонот го истрча за 1:10:01 часа, пред бугарските атлетичари , второпласираниот Михаил Валковски (1:14:00) односно третопласираниот Николај Николов (1:15:44).

Победникот Ивановски покрај парична награда од 300 евра од Општина Охрид доби ваучер за десетдневни подготовки во Охрид пред настапот на Европското првенство и Олимпијадата што ќе се одржат ова лето.

Најдобар резултат во женска конкуренција во трката на 21 километар оствари Милјана Ристиќ со резултат 1:30:01 часа. Јована Шубатлија од Србија заврши втора (1:30:40ч.), а трета финишираше Фросина Михајловска (1:31:35ч).

Во трката на пет километри победи Мирослав Спасов од Бугарија со време 18:11 минути, пред домашните тркачи Александар Арсов (19: 16 минути.) и Ријат Шеипи (19:32).

Во женска конкуренција на пет километри најбрза беше Емили Иваноска со време 24:25 минути, пред сонародничката Дарија Крстевска (24:28) и Весела Панчева од Бугарија (25:21).

Во штафетната трка на 21 километар најбрза беше екипата „Делта“ од Скопје со време 1:15:55 часа, пред АК „Аеродром“ (1:33:08 часа) и Стребениотес од Грција (1:34:02).

Наградите на најдобрите атлетичари им ги врачија претседателката Гордана Сиљановска Давкова и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

На „Охрид трчаТ“ оваа година учество зедоа рекордни 2.200 натпреварувачи од 31 земја. За организацијата и безбедноста на настанот кој мина во одлична атмосфера се погрижија 500 волонтери и припадници на полицијата.

Видеолотарија изгради 17 детски игралишта низ Македонија

Дополнително, нови две игралишта веќе почнаа да се реализираат во Скопје.  

Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија со донација од 43.500.000 денари, изгради 17 детски игралишта низ Македонија.

Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија, настојува да биде дгивател кој континуирано придонесува за развојот на заедницата и унапредување на животот на граѓаните. Во нашите заложби за подобра заедница, спортот и создавањето на врски меѓу спорт и младите, имаат значајно место.

Со буџет од 43.500.000 денари, нашата компанија обезбеди функционалност на 17 детски игралишта низ Македонија. Од нив, 7 се инклузивни детски, а 10 мултифункционални спортски игралишта. Нашите активности не застануваат тука. Согласно нашата визија, отпочнати се и активности за изградба на две нови игралишта во Скопје, и тоа, мултифункционално спортско и инклузивно детско. На овој начин, заедно со нашите бренд амбасадори, сакаме да креираме идни македонски успешни приказни во спорт, кои ќе не радуваат сите.

Како модерна и одговорна компанија, Видеолотарија Касинос Австрија и во иднина, ќе продолжи со својата мисија за креирање на зони за спорт и рекреација на најмладите низ Македонија. Нашата идеја е да придонесеме кон развивањето на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики низ забава и игра. Затоа остануваме посветени во креирањето на инфраструктура, која ќе помогне во создавањето нови спортиски шампиони во иднина, кои ќе ги бодриме заедно. Да навиваме за Македонија!

#ИграјОдговорно # ИГРАЈСОНАЈДОБРИТЕ

Платини предложи да се намали бројот на играчи на теренот на фудбалските натпревари

Поранешниот претседател на УЕФА и трикратен добитник на „Златната топка“ Мишел Платини предложи да се намали бројот на играчи на теренот за да се зголеми забавната вредност на фудбалските натпревари.

- Можеби треба да повлечеме еден човек и да играме со 10 играчи на теренот. Во 1900 година беа формирани тимови од 11, но во тоа време тие трчаа помалку отколку денес. Тие беа помалку силни, беа побавни. Затоа, можеби би било добра идеја да се ограничи бројот на играчи. Ова ќе ослободи простор на теренот, изјави Платини за „RMC Sport“.

Поранешниот играч за врска на француската репрезентација исто така истакна дека во негово време фудбалот изгледал сосема поинаку.

- Луѓето од мојата генерација повеќе не гледаат фудбал затоа што не се гледаат себеси во играта. Денес се прават повеќе додавања се игра со посед и многу комбинирање. Јас не критикувам. Но, луѓето од мојата генерација, кои се навикнати на напаѓачки фудбал, не гледаат ништо познато во тоа, додаде поранешниот фудбалер.

Платини беше претседател на УЕФА од 2007 до 2015 година. Играше за Нанси, Сент Етјен и Јувентус, а исто така одигра 72 натпревари за Франција и постигна 41 гол.

Видео: Џорџ Клуни и Бред Пит ги воодушевија жените во елегантно издание

Најголемите холивудски заводници, актерите Џорџ Клуни и Бред Пит повторно ги воодушевија жените. 

Модно координирани, елегантни и расположени Бред Пит и Џорџ Клуни се појавија на премиерата на филмот „Волци“ во Лос Анџелес. Џорџ Клуни и Бред Пит беа модерно усогласени - и двајцата избраа елегантни одела.

Бред Пит носеше беж костум, бела кошула и беж чевли. Лежерно го откопча костумот, а на неговиот лежерен изглед му додадоа и очилата за сонце. Неговиот колега и колега во филмот „Волци“, Џорџ Клуни, се одлучи за елегантен црн костум.

Клуни под добро скроениот костум облече црна кошула, а избра ремен со дискретна тока. Актерите изгледаат неверојатно во шеесеттите години и пленат со шарм каде и да се појават. Покрај тоа, тие се и добри пријатели познати по одличната смисла за хумор. Тие одлично се забавуваа додека го промовираа својот нов филм. Така беше и на премиерата во Лос Анџелес, каде весело им позираа на бројните фоторепортери, пренесува Информер.

притисни ентер