Дачиќ: Уапсени осомничени за обид за убиство на Лука Бојовиќ

По консултација со обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, на лицата им е одредено задржување, при што со понатамошна работа ќе се утврдува улогата на секое лице и со пријава ќе бидат приведени до надлежното обвинителство.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека полициските службеници на Службата за организиран криминал на УКП вчера уапсиле четири лица, додека по едно лице интензивно се трага, за кое се сомничи дека е припадник на кавачкиот клан, кој следел и подготвувал убиство на Лука Бојовиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Полициски службеници на Службата за борба против организиран криминал на Управата за криминалистичка полиција по интензивна работа на територијата на град Белград попладнето уапсиле четири лица, додека во тек е интензивна потрага по едно лице за кое постои основано сомнение дека како членови на кавачкиот клан, вршеле следење и подготвувале убиство на Лука Бојовиќ, изјави Дачиќ.

Како што се наведва во соопштението на српското МВР, при претрес на гаража во Нов Белград, пронајдено е едно возило кое требало да послужи за извршување на ликвидацијата, во чиј багажник при претресот биле пронајдени 10 пиштоли, еден борбен елек и поголема количина муниција.

По консултација со обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, на лицата им е одредено задржување, при што со понатамошна работа ќе се утврдува улогата на секое лице и со пријава ќе бидат приведени до надлежното обвинителство.

Лишени се од слобода Н. Б. (2004), Г. В. (2000), В. Р. (2004) и Н.Ѓ. (2000), рече министерот Дачиќ.

Лука Бојовиќ се врати во Србија во ноември 2022 година, откако отслужи повеќегодишна затворска казна во Шпанија, а оттогаш, во последните шест месеци, полицијата двапати успеа да го спречи неговото убиство.

Бојовиќ во 1995 година беше осуден на три месеци затвор за напад на полицаец, но никогаш не ја одлежа казната поради помилување.

Тој беше уапсен во 2012 година во Валенсија за убиството на Милан Јуришиќ Јуре, но беше ослободен од таа вина и покрај бројните докази.

Меѓутоа, во 2015 година беше осуден на 18 години затвор во Шпанија за фалсификување документи, злосторничко здружување и поседување оружје. Бојовиќ по отслужување на две третини од казната беше пуштен на условна слобода, а во Србија пристигна на 30 ноември 2022 година, каде што е слободен човек.

Град Скопје со апел да се стави иницијативата на приватните превозници на разгледување

Град Скопје апелира до Трајко Славевски да ја стави иницијативата на приватните превозници на разгледување пред советниците

Град Скопје во денешното соопштение до медиумите апелира до претседателот на Советот Трајко Славевски веднаш да ја стави иницијативата за барањето на приватните превозници за разгледување пред советниците со цел деблокирање на овој сегмент од јавниот превоз во главниот град.

- По вчерашната прес конференција на приватните превозници евидентно е дека непринципиелната политика, личните интереси и партиските приоритети сѐ уште се тактика на мнозинството во Советот на Град Скопје предводено од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за која цената ја плаќаат граѓаните на градот Скопје, се наведува во соопштението од Градот Скопје.

Оттаму посочуваат дека приватните превозници редуцирано сообраќаат поради револтот за неразгледување на нивната иницијатива за која може да расправа и да донесе одлука единствено Советот на Град Скопје.

- Тие имаат доставено барање до претседателот на Советот на град Скопје Трајко Славевски пред неколку месеци, кое според Деловникот за работа на Советот на град Скопје требаше да биде ставена на разгледување пред советниците во Советот веднаш без одлагање. За жал, тактиката на мнозинството во Советот да се креира незадоволство и предизвика хаос за граѓаните на градот Скопје, преку спречување набавка на нови еколошки автобуси и обидот за девастирање на јавниот превоз со неисплаќање на долгот кон ЈСП од 8 милиони евра кој го има Владата за превоз на студентите и студентскиот стандард, се наведува во соопштението од Одделението за односи со јавност на Град Скопје.

Кога и под кои услови унгарските кредити ќе бидат достапни за компаниите?

Парите од унгарскиот кредит наменети за бизнисот мора веднаш да се стават во функција – бара првиот човек на Стопанксата комора Бранко Азески

Парите од унгарскиот кредит наменети за бизнисот мора веднаш да се стават во функција – бара првиот човек на Стопанксата комора Бранко Азески, откако беше обајвено дека банките не ги прифатиле критериумите под кои Владата сакаше да ги пласира 250 милиони евра, па остана нејасно кога и по кои услови тие ќе бидат достапени за компаниите..

„Намерата на премиерот да помогне на бизнисот е чесна како и настојувањата на банкарите да го одбранат своето. Но, чесно е барањето на бизнисот, имплементација одма. Тоа ќе овозможи заедно со другите инвестициски активности што ги најавува Владата и оние што ги планираат компаниите, да внесеме доза на оптимизам дека работите одат кон посакуваната цел, а тоа подразбира раст на економијата поголем од 1,8% што беше просек во изминатиот период.“ - Бранко Азески – претседател на Стопанка комора.

Главниот проблем биле трошоците што банките ги пресметуваат за пласманот на кредитите. Банките на основната камата од 3.25% за унгарската Ексим банка, побарале уште толку за нивните трошоци, па како решение се споменува тие да паднат на товар на буџетот.

Од Македонската банкарска асоцијација, засега нема став околу тоа како течат преговорите со Владата.. Премиерот викендов рече дека не очекувал тие да бидат алтруисти но ризикот, вели, мора да се подели.

„Не можам а да не го сокријам моето разочарување. Очекував сите заедно да работиме за интересот и на државата и на граѓаните и секој да понесе дел од одговорноста. Јас не очекувам некој да биде алтруистра далеку од тоа, не очекував дека банките ќе бидат алтруисти но исто така не очекував дека ќе се доведеме во една ваква ситуација, но тоа е што е ние треба да се подготвиме да го помогнеме бизнисот. “-изјави Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Минстерката за финансии Кочоска пред неколку дена кажа дека фоксуот на разговорите сега е рокот за отплата на кредитите. Предлгот на Владата е тој да биде ист како што се услвоите од Унгарците – 3 години грејс период и 15 години отплата, но банките се повикале на своите интересни акти според кои ваквите кредити ги сметаат за високоризични и ги диваат на рок не подолг од 10 години.

СВР Велес со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени

СВР Велес попладнево излезе со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени, на патот од Кавадарци за Росоман, кај росоманското село Рибарци.  

- Денеска во ОВР Кавадарци било пријавено дека околу 08.45 часот во близина на село Рибарци, општина Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 18-годишната В.З. од Градско и товарно возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(46) од Велес, појаснија од СВР Велес.

Оттаму соопштија дека од здобиените повреди на местото починал М.П.(40) од Велес, сопатник во товарното возило, а смрт констатирал лекар.

- Со тешки телесни повреди се здобиле возачот на товарното возило и 18-годишната А.Н., сопатник во патничкото возило, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршиле јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираа од СВР Велес.

притисни ентер