Црвен крст: Најмалку 18 загинати во израелски напад во северен Либан

Најмалку 18 лица загинаа денеска во израелски воздушен напад во северен Либан, соопшти либанскиот Црвен крст.

Според спасувачките екипи, повредени се уште четири лица.

Израелскиот напад погоди куќа во која раселените луѓе се засолнуваа во областа Аито, во регионот Зогерта, изјави либански безбедносен извор.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека бројот на загинати досега е девет. Едно лице е рането, се вели, додавајќи дека спасувачките операции се уште се во тек. /МИА

Зидан отворен за преговори со Манчестер Јунајтед

„Црвените ѓаволи“ го забележаа најлошиот почеток на сезоната во Премиер лигата.

Легендарниот француски поранешен фудбалер и тренер на шпански Реал Мадрид, Зинедин Зидан ќе инсистира на конкретен трансфер во Манчестер Јунајтед доколку се постигне договор со англискиот клуб, со кој моментално е отворен за преговори, тврди football365.com.

Зинедин Зидан би сакал францускиот дефанзивец на Барселона, Жил Кунде, да биде првото ново засилување во Јунајтед доколку го преземе тимот. Според него, Кунде би имал фундаментална улога во зајакнувањето на одбраната на англискиот тим.

„Црвените ѓаволи“ го забележаа најлошиот почеток на сезоната во Премиер лигата, откако тимот на менаџерот Ерик тен Хаг собра само седум бода од можни 21 и примија пет гола во воведните седум кола.

Меѓу имињата кои се поврзуваат за потенцијални замени на холандскиот стручњак, покрај Зидан се и Масимилијано Алегри, Герет Саутгејт, Томас Тухел, Еди Хау и Томас Франк./МИА

Од Нова Градишка почна ултрамаратонот во чест на Тоше

Во Нова Градишка, Хрватска попладнево започна 17-от ултрамаратон во чест на Тоше Проески. 

Четиринаесетте маратонци ќе трчаат низ Хрватска, па преку Србија, низ Македонија, сѐ до Крушево каде треба да стигнат напладне в среда, 16 октомври, на годишнината од смртта на нашата и балканска музичка ѕвезда, Тоше Проески. Тоше загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.

Пред тргнувањето, маратонците положија цвеќиња на спомен обележјето на Тоше во Нова Градишка.

Како што објаснува Наум Капричеваски кој е дел од ултрамаратонот од неговото востановување во чест на Тоше, маратонците цела Хрватска ќе ја поминат штафетно, низ Србија ќе се возат со возила, и се очекува утре, на 15 октомври околу 13 часот да пристигнат на граничниот премин Табановце и да влезат во Македонија. Утре околу 18 часот, маратонците ќе бидат на плоштадот во Скопје, а потоа од 20 часот го продолжуваат ултрамаратонот. Ќе поминат кај Велес, Градско, Росоман, Прилеп, за на 16 октомври, в среда напладне, да пристигнат во Крушево. Во родниот град на Тоше ќе бидат пречекани од учениците од основното и средно училиште кои ќе даруваат 500 рози во чест на Тоше Проески. Крајната цел на маратонците е вечното почивалиште на Тоше Проески, споменичното обележје на Гумење во Крушево.

Маратонците вчера пристигнаа во Загреб, Хрватска. Беа пречекани од претставниците на македонското друштво, а во македонската православна црква во Загреб, ги пречека протојереј ставрофор, отец Кирко Велински и се одржа света литургија за помен на Тоше. /МИА

Министерот Салиу на конференција во Чанакале

На конференцијата се дискутирало за положбата на Ромите во Турција и Балканот, биле разменети искуства од спроведувањето на Стратегијата за Ромите од Берлинската конференција.

На покана на претседателот на Федерацијата на европски и балкански ромски здруженија, Хилми Кескин, министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу присуствувал на конференција во Чанакале, Турција, каде се зборувало за формирање федерација за заедничко дејствување на невладините организации, соопштија од неговиот кабинет.

На конференцијата се дискутирало за положбата на Ромите во Турција и Балканот, биле разменети искуства од спроведувањето на Стратегијата за Ромите од Берлинската конференција.

- Воедно, посетата на Едрене ја искористив за средби со локалните лидери Роми, кои освен што ни овозможија да размениме знаења, претставуваат зародиш за нови средби и плодни проекти, се истакнува во писмената изјава на министерот.

притисни ентер