ЦЛС: Властите на Белград планираат да ги отстапат автобусите Соларис на Скопје

Центарот за локална самоуправа (ЦЛС) денеска соопшти дека, според извори од Градското сообраќајно претпријатие и порталот Е-капија, Белград планира да ги отстапи автобусите Соларис на Скопје и другите градови во Македонија.

Центарот за локална самоуправа (ЦЛС) денеска соопшти дека, според извори од Градското сообраќајно претпријатие и порталот Е-капија, Белград планира да ги отстапи автобусите Соларис на Скопје и другите градови во Македонија, што невладината организација го оценува како „произволен, неразумен и штетен потег“, јави дописникот на МИА.

-Во ситуација кога градскиот превоз во Белград е во криза, а граѓаните покажуваат големо незадоволство, откажувањето на сто сигурни и популарни автобуси „Соларис“ поради нечиј личен маркетинг и каприци би бил антибелградски потег, се вели во изјавата на директорот на ЦЛС, Никола Јовановиќ, соопшти агенцијта Бета.

Според неговото мислење, крајниот мотив за таквиот потег не би бил наводното подмладување на возниот парк, туку „одмазда“ на градоначалникот Александар Шапиќ кон неговите претходници во Белград, и „пред се, создавање простор за дополнителен увоз на турски автобуси на гас, кои се далеку под квалитетот на европските производители и во никој случај не одговараат на потребите на Белград“.

„Solaris Urbino“ 18 е зглобен автобус дизајниран за јавен градски превоз, се израбтува во Полска, во близина на Познан, и досега во Србија од 2011 година се извезени над 200 автобуси.

Кубанскиот енергетски систем се опоравува: 70 отсто од потрошувачите веќе имаат струја

 Кубанските власти соопштија дека 70 отсто од потрошувачите на Куба повторно добиле електрична енергија, откако снабдувањето беше прекинато поради дефект на термоелектраната „Антонио Гитерас“ во Матанзас.

Министерството за енергетика на Куба соопшти дека работат на целосна обнова на електроенергетскиот систем. Русија претходно најави дека ќе пружи помош на Куба во врска со овој колапс на електросистемот.

Поправките на термоелектраната што се изведуваа во текот на викендот не дадоа резултати, по што повторно беше прекинато делумното снабдување со електрична енергија кое накратко беше обновено.

Куртоа поради повреда ќе го пропушти Ел Класико

риесет и двегодишниот Белгиец нема да може да игра против Барселона.

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа се повреди на натпреварот од 3. коло во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд (5:2).

Триесет и двегодишниот Белгиец нема да може да игра против Барселона.

- По прегледот на Куртоа од страна на медицинската служба на Реал Мадрид, му беше констатирана повреда на аддукторниот мускул на левата нога, стои во соопштението на официјалниот сајт на мадридскиот клуб.

Најверојтано и напаѓачот Родриго нема да игра на Ел Класико. Дваесет и тригодишниот Бразилец заработи повреда на мускулот синоќа на натпреварот против Борусија. На прес-конференцијата по натпреварот, повредата на напаѓачот ја потврди тренерот, Карло Анчелоти.

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се одигра на 26 октомври во рамките на 11. коло во шпанското фудбалско првенство.

Берово го одбележува 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба

- Во чест на 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба, делегации од општествениот и политичкиот живот во Берово денеска положија свежо цвеќе пред споменикот на Димитар Беровски, на плоштадот во Берово. 

Во краткиот говор, пред присутните се читаше реферат за основањето на Македонската револуционерна организација, кое го означило почетокот на организираната борба, на македонскиот народ, кој се изборил за создавање самостојна македонска држава.

-Го чествуваме денот кога е формирана Македонската револуционерна организација. Денеска им оддаваме почит на сите што низ вековите се бореа и го дадоа својот живот за слободата на македонскиот народ и кои и денеска го отсликуваат македонскиот непокор и претставуваат симбол на слободата, беше кажано на денешното одбележување на значајниот датум во Берово.

По повод значајниот датум, срдечни честитки, по повод 23-ти октомври упати и градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

-Основањето на Македонската револуционерна организација означува почеток на организираното револуционерно движење на македонскиот народ за создавање на сопствена, независна држава. нека е за многу години денот, рече Пекевски.

притисни ентер