Ципрас: Јасно кажавме дека преговараме врз основа четирите имиња предложени од Нимиц

Алексис Ципрас ги расчисти дилемите.

Република Илинденска Македонија не е на маса.

Атина преговара за четирите стари предлози на медијаторот Нимиц, појасни грчкиот премиер во собранието, одговарајќи на прашање на лидерот на грчката опозиција, Мицотакис за тоа - дали Илинденска Македонија се уште е тема на преговорите.

Ципрас порача дека приоритет на владата е да обезбеди ерга омнес и уставна ревизија, прашања за кои како што оцени, бил постигнат важен напредок.

-Господинот Заев е првиот премиер од соседната земја што јавно ја прифати оваа перспектива за сложено име, ерга омнес со уставна ревизија. Ова го немате до сега видено во период кога вашата партија се наоѓаше во влади што преговараа. Ние јасно изјавивме дека преговараме врз основа на четирите имиња предложени од Обединетите Нации, конкретно пакетот предлози од Нимиц, изјави Алексис Ципрас, премиер на Грција.

Битката за Илинденска Македонија, според македонската влада, утре и задутре сепак ќе се бие во Њујорк. Во пресрет на новата рунда преговори, македонската влада се уште верува дека овој предлог може да донесе конечен и позитивен епилог.

-Сметаме дека дадениот предлог од наша страна по лидерската средба ги одразува севкупно сите аспекти што се потребни за да се заштити идентитетот, и на македонскиот народ, меѓутоа ги одразува и сите останати делови кои ја обележуваат Македонија како мултиетничка држава. Сметаме дека тоа е добар предлог за конечно решение, рече Бошњаковски.

Со став се огласи и шефот на грчката дипломатија, Коѕијас кој е во посета на САД. Тој посочи дека утре на маса во Њујорк, Грција ќе изложи голем текст, кој е комбинација од ставовите на Атина и на медијаторот Нимиц. По средбата со американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, Коѕијас рече дека кај Вашингтон постои голем интерес за решението на спорот, но оти не и врши притисок на Грција.

Македонскиот атлетичар Вандевски собори државен рекорд од 1975

Македонскиот атлетичар Леонид Вандевски го собори националниот рекорд во дисциплината 2.000 метри стиплчес на меѓународен митинг кој изминатиот викенд се одржа во германскиот град Пилхаузен.

Вандевски заврши осмопласиран, истрчувајќи ја патеката со време од 6:00.49 со што го собори претходниот рекорд на Нехат Алуи (6:16.4) од далечната 1975 година.

Нов македонски рекорд изминатиот викенд постигна и Јован Стојоски во дисциплината 400 метри со пречки.

Стојоски на меѓународниот митинг во словенечки Марибор, Словенија ја истрча делницата со време од 53.65. Претходниот рекорд (55.11) датираше од 1980 година и беше во сопственост на Бранко Илиевски. /MИА

Обид за кражба во простории на објект на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал.

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото.

Како што информираат денеска од МВР, не е причинета штета на капијата ни на изборниот материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОЈО: Жител на Мелница имал три полуавтоматски пиштоли без дозвола

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од Кривичниот законик.

При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар.

За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор.

ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, соопштуваат од Обвинителството.

притисни ентер