Човек си ја одржува својата градина

Своите растенија ги кастри во “чудни“ форми

Најновата скулптура што ја има направено од своите растенија е во форма на машки полов орган и е во висина од 6 метри.

Man lovingly trims garden foliage into shape of 18 ft penis

Крис Бишоп посакал да ги инпресионира своите соседи со својата умешност. Но не се сите баш среќни поради формата на ова растение. Еден од соседите изјави: Тој и неговите пријатели мислат дека ова е многу смешно, но за мене ова е многу навредливо.

** EMBARGO FOR USE UNTILL 00:01 ON FEBRUARY 19TH 2016** PIC BY KORAY EROL/CATERS NEWS (Pictured: Chris Bishop posing with his penis shaped tree) - A whopping 18ft penis-shaped tree has been carefully crafted by its tree surgeon owner in a bid to make passers-by titter. Chris Bishop, from Bromsgrove, Worcestershire, has spent the last three years encouraging the 25-year-old Cypress tree to be a grower AND a shower before whacking out his specialist tools to give the tree its annual hourly trim. The monster member stands proud in Chris front garden much to the bemusement of his neighbours. SEE CATERS COPY

Крис, кој има 43 години изјавил дека поминал многу време работејќи на својата градина, поточно цели три години.

Градинарот кој сеуште не е оженет и нема девоја изјави: Јас сум хирург на дрва и го поминувам целото свое слободно време кастрејќи ги грмушките.

Утре без струја делови од општина Карпош

Без електрична енергија утре ќе останат делови од општина Карпош.

Како што информираат од ЕВН Македонија АД, без струја во пеиодот од 09:00 до 15:00 часот ќе бидат дел од корисниците во село Горно Нерези, а од 09:00 до 14:00 часот дел од корисниците од ул. „Ринхини“ и ул.„Езерци“ во населба Влае, општина Карпош.

Во поплавите и лизгањето на земјиштето во Индонезија животот го загубија 62 лица

Бројот на луѓе кои го загубија животот во поплавите и свлечиштата во индонезиската провинција Западна Суматра денеска се зголеми на 62, соопштија официјални претставници.

Спасувачките тимови ги пребаруваат областите во близина на реките во потрага по 25 лица кои се уште се водат како исчезнати.

„Дождовите почнаа во саботата, создавајќи порои, лизгање на земјиштето и текови на студена лава, која е мешавина од вулканска пепел, камења и течна кал“, изјави шефот на спасувачкиот тим во Западна Суматра, Абдул Малик.

„Обилните дождови ги однесоа материјалите како пепел и големи камења од вулканот Марапи. Текот на студена лава и порои ни се закана во последно време. Но, проблемот е што тоа секогаш се случува доцна навечер, пред зори“, рекол Малик.

Тој посочи дека на терен се околу 400 спасувачи, полицајци и војници кои со помош на неколку багери и беспилотни летала трагаат по исчезнати лица, а операцијата за спасување е отежната на оштетените патишта.

Поповиќ: Охридско лето високо котира во Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Високото место во Европската фестивалска асоцијација е доказ за успесите на „Охридско лето“

Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ ги презентираше успесите на фестивалот на Самитот на уметнички фестивали што се одржа изминативе четири дена во Уседом, Германија.

Според директорката Поповиќ Фестивалот „Охридско лето“ е специфичен и посебен, препознатлив и единствен на нашите простори, како еден од најистакнатите културни настани во Европа и светот, фестивал со вековна отвореност кон културите создавајќи духовна интеракција во размената на светските добра.

„Членството во оваа елитна асоцијација е доказ дека фестивалот „Охридско лето“ е на вистинскиот пат во неговата меѓународна афирмација. Високото место кое „Охридско лето“ го зазема меѓу повеќе од 140 фестивали членки на ЕФА ја потврдува неговата посебност и специфичност“, рече Поповиќ.

Поповиќ во говорот истакнала дека „Охридско лето“ секоја година пречекува над 1000 врвни уметници од целиот свет кои се воодушевени од прекрасната организација благодарение на посветеноста и професионализмот на тимот на Фестивалот.

„Долгогодишното опстојување на оваа манифестација упатува на една голема традиција, која извира од градот Охрид, духовната престолнина на државата, и важи за столб на македонската култура и стожер на нашата традиција. Токму ЕФА е местото од каде се промовира врвната уметност, се негува традицијата, се градат мостови помеѓу културите на различните народи и се создава визија за иднината на светската уметничка сцена “, истакна Поповиќ.

ЕФА асоцијацијата вклучува над 140 фестивали од 40 земји. Фестивалот „Охридско лето“ од 1994 година е значаен партнер на асоцијацијата. Годинава на предлог на директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ во оваа елитна асоцијација влегува и Драмски театар Белград од Р.Србија со кој се затвори минатото фестивалско издание на „Охридско лето“ со изведба на претставата „Лагата“ пред преполното гледалиште на Античкиот театар.

Директорката Поповиќ и во наредните четири години со реизбор останува како делегат на ЕФА. Асоцијацијата годинава доби нов Управен одбор.

притисни ентер