Чомовски: Зошто никој не постави прашање што ќе донесе новата Германска Влада?

„Ова е многу поважно прашање се до оној момент додека не се структуира неговата администрација и не ја видиме надворешно политичката агенда. Знаете што ќе донесе, големи проблеми за Македонија.“

Ние немаме длабочински стратегиски анализи во кој правец оди новата геостратегија во светот. Немаме ниту економски анализи што значи променетата филозифија на економски партиотизам на Америка, наспроти економскиот либерализам на главнината на тамошните економски експерти. Генерално гледано, ако дојде од економски агол до рестриктивна политика на новата Американска администрација во однос на кинеските производи, во однос на конкуренцијата со европската пенетрација и пенетрацијата на ЕУ на амекриканскиот пазар, нас не ни се пишува добро, затоа што нашиот главен стратегиски фактор Германија е на граница од депресија, а уште поважно дека таму настанува длабочинска политика криза. Се поставува што ќе донесе Трамп, зошто никој не постави прашање што ќе донесе новата Германска Влада? Тоа е многу поважно прашање се до оној момент додека не се структуира неговата администрација и не ја видиме надворешно политичката агенда. Знаете што ќе донесе, големи проблеми за Македонија, ќе наидеме на многу сериозни економски проблеми. Кога ќе се отвори целиот економски пакет, ќе предизвика лавиниа на социјални и економски проблеми за Германците. Нас не не' интересира што ќе се случи ако падне Шолц, а тоа е клучното прашање што не го разговара. Не заради Шолц, туку како ќе се ситуира новата Германска стратегија и Влада и дали Макрон кој единствен за сега има легитимитет и некаквз тежина што ќе наоѓа партнер во германската политичка структура, во која очигледно ќе додје до радикализација на десницата или крајните десни сили, рече Алекдандар Чомовски во Само Вистина.

Европарламентот усвои измени на Законот за дефорестација

Европскиот парламент денеска со 371 глас „за“, 240 „против“ и 30 „воздржани“ ги усвои измените на Регулативата на ЕУ за заштита на шумите од уништување, со кои се предвидува одлагање на стапувањето во сила на некои од нејзините одредби. 

Првично беше предвидено примената на овие одредби да важи од крајот на годинава, но сега тие за големите и средни компании ќе стапат во сила од 30 декември 2025 година, а за микро и малите претпријатија од 30 јуни 2026 година.

Законот за дефорестација има за цел да гарантира дека производите што се продаваат во ЕУ не се добиени со обесшумување на земјиште. Измените беа предложени по скратена постапка, откако некои членки на ЕУ, изразија загриженост дека земјите кои не се членки на Унијата, како и некои трговци и оператори не ќе може да ги почитуваат овие правила доколку тие почнат да се применуваат од крајот на 2024 година.

Се проценува дека дополнителното време што им се дава на компаниите ширум светот со одлагањето на целосната примената на Регулативата, ќе спречи непречено спроведување на нејзините правила од самиот почеток без поткопување на целите на законот.

Европратениците усвоија и неколку други амандмани на Регулативата предложени од политичките групи, со кои се воспоставува нова категорија земји „кои не претставуваат ризик“ за уништување на шумите, покрај веќе постојните три категории на држави од „низок“, „стандарден“ и „висок“ ризик за дефорестација. Земјите како ќе бидат дефинирани како „без ризик“ за уништување на шумските површини, би се соочиле со значително помалку строги барања. Комисијата е задолжена оваа класификација да ја заврши до 30 јуни 2025 година.

За да стапат во сила, денеска усвоените измени во ЕП ќе треба да бидат одобрени и од Советот на ЕУ.

Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО) проценува дека во периодот меѓу 1990 и 2020 година биле уништени 420 милиони хектари шума, површина што е поголема од територијата на ЕУ. Според проценките, производите што се продаваат во ЕУ „се одговорни“ за околу 10 отсто од глобалното уништување на шумите. Над две третини од ова отпаѓа на палминото масло и сојата.

Регулативата за заштита на шумите од уништување, која стапи во сила на 29 јуни 2023 година, има за цел да ја зајакне борбата против климатските промени и загубата на биодиверзитетот преку спречување на уништувањето на шумите, поврзано со потрошувачката на производи од какао, кафе, палмово масло, соја, дрво, гума, јаглен и хартија.

Љутков: Работни групи работат на случајот со Универзална сала

Работни групи работат на случајот со Универзална сала, во собраниска процедура се измените на Законот за култура.

Неколку работни групи работат на случајот со Универзалната сала. Јас лично се заложив и најголем дел од времето го поминувам за откочување на тој процес. Во собраниска процедура се измени и дополнувања на постојниот Закон за култура и се надевам дека до крајот на месецот ќе се донесе, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Тој денеска за време на посетата на Македонскиот народен театар (МНТ), одговорајќи на новинарско прашање до каде е состојбата со Универзална сала, посочи дека се чека да поминат измените на Законот, кој предвидува Министерството за култура и туризам освен националните установи, да може да гради и локални установи или градски установи и со ова да се олесни постапката понатаму.

-Верувајте дека работиме. Неколку работни групи работат на случајот. Јас лично се заложив, најголем дел од моето време го поминувам за откочување на тој процес. Во собраниска процедура е и помина на претходната седница на Влада измена на Законот, се надевам дека на крајот на месецот и ќе помине тој закон во Собрание, рече Љутков.

Тој додаде дека имаат три до четири клучни точки кои го стопираат процесот, но се надева дека за брзо време истите ќе бидат откочени.

-Имаме уште три до четири клучни точки на коишто сме сопнати, но со тимот којшто го имаме и со којшто работиме се надевам дека за многу брзо време ќе ги откочиме. Верувајте, работиме многу експедитивно и многу брзо, но сепак тоа се некои административни процедури и задачи коишто ги даваме, а за кои треба да помине малку време додека да се пристапи до нив, рече министерот.

На прашање дали ќе се заврши постапката до локалните избори, тој одговори дека се надева, бидејќи веќе се распишани тендерите.

Патрушев: Русија го засилува присуството во Касписко Море за да го ограничи присуство на НАТО

Каспиското Море е уникатно водно тело, кое не само што има ресурси на нафта и гас, добар транзитен потенцијал, туку и поволна воено-стратешка позиција што овозможува да се обезбеди безбедност во Централна Азија, Кавказ и Блискиот Исток. 

Помошникот на рускиот претседател и претседателот на Поморски колегиум, Николај Патрушев изјави дека военото присуство на Русија во Касписко Море овозможува да се ограничат обидите на некои крајбрежни држави да ги отворат своите води за воените поморски сили на трети земји, пред сè на САД и членките на НАТО.

- Каспиското Море е уникатно водно тело, кое не само што има ресурси на нафта и гас, добар транзитен потенцијал, туку и поволна воено-стратешка позиција што овозможува да се обезбеди безбедност во Централна Азија, Кавказ и Блискиот Исток. Проширувањето на соработката помеѓу Русија, земјите од Јужен Кавказ, Централна Азија и намерата на касписките држави да ги решат регионалните проблеми предизвикуваат незадоволство на колективниот Запад, наведе Патрушев.

Како што јавија руските медиуми, тој истакна дека САД и Европска Унија се обидуваат да ги заострат односите помеѓу тие држави, да ги намалат нивните политички и трговски врски.

Во такви услови, прашањето за развој на каспискиот регион треба да се решава сеопфатно, потенцира Патрушев.

притисни ентер