Се прават анализи кои нови лекови треба да бидат ставени на позитивната листа, вели Таравари

Комисија на Министерството за здравство анализира кои лекови треба следно да бидат ставени на позитивната листа на лекови. 

-Имаме Комисија што е формирана од Министерството за здравство и која треба да одлучи кои се побитните работи, кои лекови имаат приоритет, зборувам за целото население во државата, да бидат ставени во позитивна листа. Сега не можам да кажам генерици или имиња на лекови бидејќи тоа веќе е несериозно. Очекувам комисијата која што е компетентна и која што треба врз база на сите фармако-економски и други анализи коишто ги прави да му предложи на Министерството за здравство кои треба да бидат следните лекови за позитивната листа, изјави денеска министерот на прес-конференција.

Потсети дека во првите 50 дена од Владата, листата се прошири со девет нови лекови.

За превентивните програми, рече дека се многу битни и дека се разговара тие да бидат проширени. - Поуспешни ќе бидеме не со лекови, туку со превентивни програми, толку помалку ќе имаме развиени форми на сериозни болести, така што размислуваме, меѓутоа сепак треба да размислиме и да видиме што имаме во буџетот, што се можностите. Така што, балансираме повеќе да ги истераме превентивните програми, секако и позитивната листа затоа и го направивме тоа. Од друга страна па се обидуваме да заштедуваме, рече Таравари.

Тој одговори и на реакциите дека за изминатите четири години 400 илјади евра биле скратени од превентивните програми од здруженија коишто работат со пациентите со ХИВ и реакциите дека годинава ќе бил уште помал буџетот и ќе не можат да се покријат трошоците со овие пари.

- Се надевам дека буџетот ќе биде сличен, меѓутоа немаме уште дефинитивен буџет. Дозволете ни да видиме, па кога ќе биде подготвено ќе зборуваме за тоа точно, сега ги немам ни бројките пред мене. Меѓутоа, мислам дека цифрите ќе бидат слични, можеби може да биде кратко скратување, меѓутоа не нешто сериозно, кое што ќе го загрози животот на болните со ХИВ, рече Таравари.

За неизвесноста при секој искачен врв, промената на името и руинираното здравство

Академик Д-р Сашко Кедев, гостин во Само Интервју

Поенти:

- ЏПС има да, но, во тие услови не може секогаш оптимално да се користи, при неуспесите најмногу учиме, успехот не’ учи но несонено повеќе учиме од не успехот

- Анапурна е врз каде луѓе најмногу загинуваат од лавини

- Над 8000м во тие тешки услови на хипоксија мисловниот процес е намален и не ретко некој може да заспие во такви услови.

- Колку одиме повисоко, толку подлабоко ги гледаме работите, соочувајќи се со ризиците и зоната на смртта ни овозможуваат личен раст

- Преспанскиот договор е потпишан од луѓе што можеле тоа да ги направат, но имало политичари кои пак не ни помислувале тоа да направат.

- Да не забораваме како завршија потписниците на Преспанскиот договор и како тој беше донесен

- Ако го изгубиме моментумот и останеме анестезирани, ќе го помине животот, не смее да се случи екскурзија како пред 7 години.

- Науката нема етнички предзнак, за мене не е прифатливо да правиме Академија врз основа на партиска програма.

- ФЗОМ ако не превземе соодветна контрола ќе колабира.

- Есенцијално е да се зачува афтономијата во болниците, треба да се намали администрацијата.

- Немам амбиции, но би сакал да ги споделам моите искуства од праксата.

- Не би сакал помош, искачувањата самостојно ги организирам, треба заеднички да го подигнеме нивото на оптимизмот меѓу народот.

Пронашол тајна соба зад ѕидот на куќата на дедо му, се шокирал кога видел за што служела

Необична приказна од Reddit предизвика големо внимание пред неколку години, а сега повторно се појави на интернет.

Неименуван млад човек опишал како пронашол „тајна соба во куќата на неговиот дедо“ и бил шокиран кога сфатил за што служи.

Дедо му се вселил во куќа на село, а на гости му дошол внукот.

„Бев во друштво со роднина кога почнавме да се шегуваме, а тој случајно ме турна до ѕидот. Ударот направи дупка, што беше големо изненадување“, опишал тој.

Тогаш сфатил дека се работи за преграден ѕид кој „крие“ помала просторија, пренесува Mirror.

„Заедно со дедо ми го срушивме ѕидот и најдовме соба полна со необични контејнери, големи светилки и книги за хортикултурата“, додаде тој.

Тој признава дека бил возбуден, но побелел од шок кога видел книга за одгледување марихуана.

„Не најдовме скриен влез, па беше јасно дека некој едноставно ја заѕидал просторијата“, заклучил тој.

[Serious] People who have found a secret room or space in their house: How long did you live in the house before you found it and what was in it? What was the eventual outcome of finding the room?
byu/reptilesni inAskReddit

Бројни корисници ја коментирале објавата прашувајќи дали повикале полиција и ги известиле за сѐ.

„Очигледно ја заѕидале собата пред да ја продадат куќата. Така криеле докази за одгледување марихуана“, верувало едно лице.

„Кутиот дедо мораше да се преправа дека првпат ја гледа собата“, се пошегувал друг.

Не биле дадени други детали за необичното откритие, но индивидуалните корисници ги споделија своите искуства.

„Во куќата што ја изнајмил пријател, „недостасуваше“ простор помеѓу задниот ѕид од спалната соба и гаражата. Подоцна ја најдовме иверицата со шарки и сфативме дека зад неа има просторија покриена со фолија и со приклучоци за светилки“, открило едно лице.

Нова реакција по победата на Трамп: Цената на златото на најниско ниво во последните два месеца

Декемвриските фјучерси на златото на њујоршката берза Comex денеска се тргуваа за помалку од 2.550 долари за три унци, што значи дека нивната цена е најниска од 12 септември, покажаа податоците на берзата.

Падот на цената на златото делумно се должи на силниот раст на доларот по победата на Доналд Трамп на изборите во Соединетите Американски Држави, пренесува Trading Economics.

Враќањето на Трамп во Белата куќа ги зголеми американските акции и криптовалути на рекордно високо ниво бидејќи инвеститорите веруваат дека неговите планови за повисоки тарифи, даночни намалувања и зголеменото трошење на дефицитот се добри за американската економија.

Споменатите мерки можат да ја зголемат инфлацијата, но и да ја забават стапката на намалување на каматните стапки, со што златото би станало помалку атрактивно за инвестирање.

Економистите генерално веруваат во негативна корелација помеѓу цените на златото и движењето на каматните стапки, односно цената на златото расте кога каматните стапки се пониски и обратно.

притисни ентер