Четири години од членството во НАТО

Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството.

Членството на Македонија во НАТО се реализираше во многу соодветен момент, пред почетокот на руската агресија во Украина. Интеграцијата во НАТО и ЕУ е најдобар одговор на руските империјалистички амбиции. Украина е само прва станица, а една од следните ќе биде Западен Балкан, истакна денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој го водеше традиционалниот НАТО настан, со што започнаа Деновите на НАТО во земјава, со кои се одбележуваат четири години од членството на Македонија во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата.

-Членството на Северна Македонија во НАТО се реализираше во многу соодветен момент, пред почетокот на руската агресија во Украина. На тој начин, земјава претставува не само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за земјите во нашето соседство, кои имаат волја и се подготвени да застанат зад заедничките евроатлантски вредности и цели, рече Османи, потенцирајќи дека сега е време за забрзување на европските и евроатлантските интегративни процеси.

Според него, сега повеќе од било кога, евроатланската и европската интеграција на Западниот Балкан е клучна за подобрување на безбедноста и за консолидирање на стабилноста.

-Евро-атлантските интегративни процеси се најдобрите демократски алатки за спречување конфликти и злонамерно вмешување на трети страни, рече министерот.

Османи го поздрави проширувањето на трансатлантското семејство со две нови земји членки – Финска и Шведска, нагласувајќи дека ваквиот чекор е особено значаен бидејќи ќе ја направи Алијансата посилна и дополнително ќе ја зајакне евро-атлантската безбедност.

Првиот вицепремиер задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ во своето обраќање рече дека со гордост можеме да кажеме дека го исполнивме сонот на многу генерации и дека така, треба да го исполниме сонот за Европската Унија, сега пореален од било кога.

-Денешните околности ни потврдуваат дека сме донеле вистинска одлука, дека сме биле на вистинската страна. Имаме силно оправдување за големите политички жртви што ги направивме бидејќи беа вредни за граѓаните и за државата. Како што не се откажавме од НАТО, така, без разлика на сите предизвици, нема откажување ниту од ЕУ. Како што ги ставивме интересите на граѓаните и на државата во преден план наспроти личните или партиските кога ги носевме тешките одлуки за НАТО, така ќе направиме и за нашето членство во ЕУ. Но, како и денес за НАТО, кога ќе прославуваме годишнина од членството во ЕУ, знаеме дека граѓаните ќе ни бидат благодарни, рече Маричиќ.

Тој истакна дека со одговорниот однос кој го имаме кон реформите и пристапните преговори со ЕУ, ќе успееме во достигнување на целта, Северна Македонија до 2030 да биде успешна европска приказна.

Со честитки за четиригодишнината од НАТО членството на земјата, нејзиниот придонес во колективната безбедност и свои видувања за тековните предизвици се обратија и претставници на дипломатскиот кор во земјата.

Шведската амбасадорка Ами Ларсон Џаин, чија земја неодамна се приклучи кон НАТО, изрази благодарност од страна на Шведсака за поддршката на нивната апликација за членство.

-Изразувам благодарност најмногу на Владата на Македонија за безрезервната поддршка на нашата апликација во тешки околности овде и имавме широка поддршка од оваа земја на нашиот пат до полноправно членство во НАТО и сме ви благодарни за тоа. Ние ќе бидеме доверлив и кредибилен партнер што ќе покажува солидарност до сите земји-членки на НАТО, со нетрпение очекуваме да имаме целосна улога за следната година да прославиме едногодишнина од нашето членство во НАТО.

Украинската амбасадорка Лариса Дир истакна дека Украина и честита на Македонија за четвртата годишнина од пристапувањето кон моќното семејство на НАТО и сега го гради својот сопствен одбранбен систем, ја модернизира македонската армија во согласност со стандардите на НАТО, и македонската Влада отсекога, како што рече, одговарала на барањата на Украина за помош со муниција и со оружје.

-Украинците и се благодарни на Македонија за нејзината помош и што донесоа толку одлуки за да помогнат на одбранбените сили на Украина, за да се одбранат против руската агресија, рече Дир.

Јапонскиот амбасадор Казуја Оцука ја осуди руската агресија врз Украина и изрази солидарност и најдлабоко сочувство до Украина и украинскиот народ.

Евроамбасадорот Дејвид Гир ја поздрави Македонија за нејзиното продолжено усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ до сто проценти и исто така ја пофали за, како што кажа, нејзиното лидерство и примерот што го поставува во однос на Украина.

-ЕУ ужива стратешко партнерство со НАТО коешто се заснова на споделените вредности, одлучноста да се справиме со заедничките предизвици и нашата безрезервна заложба во одбрана на мирот и безбедноста во евроатлантската област. Особено е важно во време кога постои еден јавен замор во лицето на многуте конфликти да продолжиме да се соочуваме со најголемата закана за евроатлантската заедница со децении, а тоа е руската брутална агресија, насилство и прекршување на меѓународното право и начелата на Повелбата на ОН, што ги поткопува начелата за глобалната безбедност и стабилност и која што ја зајакна енергетската и прехранбената криза, рече Гир.

Вработените во фондот за здравство утре излегуваат на протест

Вработените во фондот за здравство утре повторно излегуваат на протест.

Целта како што велат е да го изразат незадоволството дека не добиле усогласување на платите со растот на минималецот. Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата.

На протестот според Деаноски ќе се бара и разрешување на управниот одбор кој обвинува дека е против барањата на вработените.

Доколку утрешниот протест на вработените во ФЗОМ не вроди со плод, синдикалците најавија штрајк од 1. Јуни. Инаку, ова не е првпат да има проблеми во Фондот за здравство. Во февруари, вработените два дена штрајкуваа поради најавата од Управниот одбор дека платите ќе им бидат намалени за 21 процент. Сепак, до такво нешто не дојде.

Предизборни калкулации околу составот на идната влада

Откако ги прозваа дека за да му се допаднат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се откажале и од условот за уставни измени, албанските опозиционери ги повторија нивните барања за  учество во новата влада. 

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши порача дека коалицијата „Вреди“ е доследна на ставот за усвојување на уставните измени и тоа во конкретен рок, како и дека претседателот на државата треба да се избира во Собранието. Според Гаши, тие се обврзани да бидат дел од идната влада во која ќе водат важни институции од секторот за внатрешни работи. Со ВМРО-ДПМНЕ, вели, се уште не разговарале за темата уставни измени, но оти за тоа е потребен поширок консензус и дебата.

Позициите од кои не планираат да се откажат ги повтори и потпретседателот на ДУИ, Османи - усвојување на уставните измени, почитување на договорите како и ветинг, се условите за коалицирање на „интегративците“. На Мицкоски му одговори дека тој не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците во новата влада туку народот, а скандирањето „УЧК“ од лидерот на ДУИ Ахмети на митинг среде Скопје, според Османи, е реакција на националистичката реторика од Мицкоски која ги иритирала Албанците.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митинг синоќа од Битола упати порака до Мала Речица, како што рече, да не праќаат емисари да го премислат, бидејќи партнерот за новата влада ќе го бара во албанската опозиција, а на ДУИ време и е за опозиција и одговорност.

Отворена врата за коалицирање Мицкоски остави и за движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски и во партиите со кои ќе споделуваат исти принципи и вредности и чии гласови ги очекува на контото на Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските избори.

МФ-Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките

Министерството за финансии пред малку информираше дека комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледала извештајот за зголемените цени на осигурителните полиси за возилата. 

Од таму велат дека комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување. Пред Минситерството за финансии е Игор Манасиевски, целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер