Чешкиот селектор поднесе оставка по пласманот на ЕУРО2024

Селекторот на фудбалската репрезентација на Чешка, Јарослав Шилхави, поднесе денеска оставка на должноста, ден откако му обезбеди настап на националниот тим на ЕУРО2024.

Чешка синоќа во Оломуц ја совлада Молдавија со 3-0 и како второпласирана репрезентација во групата Е обезбеди место на завршниот турнир идното лето во Германија.

„Иако сега сме среќни, уште пред натпреварот одлучивме дека нема да продолжам со работа. Притисокот беше огромен, понекогаш дури не го ни разбирав. Тоа, исто така, придонесе за одлуката“, образложи Шилхави.

Ден пред решавачкиот натпревар против Молдавија од редовите на чешкиот тим беа исклучени тројца репрезентативци, откако беа фотографирани во ноќен клуб во Оломуц во саботата вечер.

Истекува рокот за поднесување на ДДВ пријава, повеќе од половина се уште не ја поднеле

Истекува рокот за поднесување на ДДВ пријава, повеќе од половина од даночните обврзници се уште не ја поднеле.

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека нешто повеќе од половина од даночните обврзници се уште немаат поднесено ДДВ-04 пријава, а рокот истекува во четврток.

Согласно податоците на УЈП, од вкупно 40 509-те даночни обврзници, ДДВ-04 пријава поднеле 19.030 обврзници, а 21 479 обврзници тоа треба да го сторат до четврток.

- УЈП уште на почетокот на месецов информираше и апелираше за навремено поднесување на ДДВ-04 пријава. Укажуваме да се прифатат досегашните повици од Управата за јавни приходи и да се избегнат последици, со оглед на тоа дека законот пропишува глоба за непостапување, односно неподнесување на даночната пријава во законски пропишаниот рок, се наведува во соопштнието од УЈП.

Советот на ЕУ ги продолжи економските санкции против Русија

Советот на Европска Унија соопшти дека ги продолжува економските санкции против Русија воведени поради војната во Украина до 31 јануари 2025 година.

Санкциите првично беа воведени пред 10 години и беа продолжени во 2022 година.

- Санкциите вклучуваат ограничувања на трговијата, финансиите, технологијата и стоките со двојна употреба, производството, превозот и луксузните артикли. Тие, исто така, вклучуваат забрана за увоз или претовар на море на сурова нафта и одредени нафтени деривати од Русија во ЕУ, исклучување од меѓународниот платен систем СВИФТ (SWIFT) на неколку руски банки и суспензија на емитувањето и лиценците на неколку про-Кремљ канали за дезинформација.

Советот додава дека санкциите треба да се задржат и доколку е потребно да се прошират сè додека продолжат незаконските дејствија на Русија.

Од топлотен удар почина жена на Кипар, три други хоспитализирани во сериозна состојба

Според портпаролот, трите жени на возраст од 25, 67 и 80 години се во сериозна состојба,.

Поради високите температури на Кипар, 64-годишна жена починала од топлотен удар, а три други се хоспитализирани, изјави за кипарската новинска агенција портпаролот на Државната организација за здравствени услуги Хараламбос Харилау, јави дописничката на МИА од Атина.

Според портпаролот, трите жени на возраст од 25, 67 и 80 години се во сериозна состојба, а поради топлотниот бран во изминатите денови „има зголемен број случаи на топлотна исцрпеност“ на сите возрасти од деца до стари лица.

притисни ентер