Бројот на туристи лани зголемен за 20.6% во споредба со 2022 година

Во земјава лани се евидентирани вкупно 1.168.730 туристи, од кои 434.598 биле домашни, а 734.139 странски туристи. 

Во однос на 2022 година, бројот на туристите е зголемен за 20.6 %, и тоа кај домашните за 0.6 %, а кај странските за 36.6 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќавањата, пак, во 2023 во однос на претходната година е зголемен за 10.1 %, кај домашните за 1.4 %, а кај странските за 22.9 %.

Во декември лани се евидентирани 55 875 туристи, од кои 38.6 % биле домашни, а 61.4 % се странски туристи. Бројот на ноќевањата во декември 2023 година изнесува 111 668, од кои 41.6 % се од домашните, а 58.4 % од странските туристи.

Андонова: ИЈЗ оставен без реагенси за голема кашлица

Иако и натаму на сила е прогласената епидемија на голема кашлица во Скопје, Институтот за јавно здравје бил оставен без реагенси, тврди новата директорка Марија Андонова.

Според неа претходното раководство не ги направило потребните набавки за реагенси.

Во Шпанија уапсен еден од најопасните италијански мафијаши во бегство

Еден од најопасните италијански мафијаши во бегство, член на организацијата Роман камора, Франческо Лапис, е уапсен во Барселона, соопшти денеска шпанската полиција.

Како што се наведува, Лапис бил на италијанската листа на „најопасните бегалци“ откако се дознало дека е поврзан со таа организација.

Тој е осуден во Италија за шверц на големо количество кокаин, хашиш и марихуана во Шпанија. Откако побегнал, италијанската полиција побарала помош од шпанските колеги да го пронајдат.

Шпанската полиција прво претпоставувала дека тој е на островот Ибица, но кога неговите соработници од Франција пристигнале во Барселона, почнала операција за надзор во тој град.

Иако неговите соработници презеле мерки да избегнат апсење, полицијата ги следела до предградие на Барселона, каде го пронашла на улица и набрзо го уапсила. Италијанската полиција по Лапис распиша потерница преку Интерпол.

Малцинствата во Албанија со остри реакции за неприфаќање на гарантирани места во парламентот

Со незагаранитираните места за малцинствата во албанскиот парламент со усвоената нова изборна реформа, албанските политичари го игноираат Советот на Европа

Со незагаранитираните места за малцинствата во албанскиот парламент со усвоената нова изборна реформа, албанските политичари го игноираат Советот на Европа кој во извештајот за Албанија објавен во 2023 година силно препорача Албанија да креира политика со загаранитирани места за малцинствата во парламенот, пратеникот во Албанија Васил Стеројвски за канал 5.

Според Стерјовски оваа одлука преставува игнорирање и е јасен показател за недостигот на волја за следење на европските стандарди и подобрување на демократијата во земјата. Партиите потенцираат дека сегашниот регионален пропорционален изборен систем е „дискриминаторски и не гарантира правична застапеност на малцинствата“, а географската распространетост на малцинствата низ целата територијата на Албанија го отежнува ефективно застапување на нивните интереси во Парламентот. А исто така претставува и клучен критериум за членство на Албанија во Европската Унија.

Албанскиот парламент, со 106 гласови за, оние на пратениците од владејачкото мнозинство и опозициските демократи на Сали Бериша, доцна синоќа го усвои изменетиот Изборен законик, со кој од 140 пратеници, колку што брои законодавниот дом, 1/3 ќе се избираат со отворени листи, додека останатите според досегашниот пропорционален модел.

Со законикот за прв пат се дава можност да гласа и албанската дијаспора. На полноќ Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата. причината за оставката е поврзана со нејзината здравствена состојба.

притисни ентер