Бред Пит ги изненади сите со изборот на најубавата актерка на светот

Бред Пит е некој кој има импресивна работна биографија.

Некои од филмовите што ви паѓаат на ум кога ќе помислите на овој 60-годишник се Se7en, Troy, Ocean's 11, Fight Club, Legends of the Fall, Interview with the Vampire.

И бидејќи тој глумел во многу филмови низ годините, Пит работел со многу различни актери и актерки. Легендарниот актер глумел во филмови со други легенди, вклучувајќи ги Леонардо ди Каприо и Џулија Робертс, а ова се секако некои од најголемите имиња во Холивуд, објави Унилед.

И додека можеби мислите дека Пит ги оценува како најдобри актерки оние со кои некогаш работел, негова омилена е некоја што сигурно не би ја очекувале.

Пит верува дека членката на њујоршката театарска сцена е „најголемата икона“ со која некогаш работел, додавајќи дека таа е „најубавата жена во актерскиот свет“.

Актерот ова го сподели со публиката во далечната 1996 година, за магазинот „Tiger Beat“: „Познавам многу малку мажи на кои би можел да се осврнам. Затоа ги ценам постарите филмови бидејќи прикажуваат човек кој се залага за своите принципи. Како Роберт Редфорд кој покажува каков маж сакаат да бидат мажите “.

И покрај тоа што изгледа божествено, Пит верува дека најголемите ѕвезди не се секогаш луѓето што ги нарекуваме „секс симболи“.

- Дали кога ќе видите некоја личност се концентрирате само на неговиот изглед? Тоа е само првиот впечаток. Потоа има некој кој веднаш не ви паѓа во очи, туку разговарате со него и тие личности стануваат најубавото нешто на светот.

Неговата омилена сопруга на сите времиња, Дијана Вист, не била ценета ниту за нејзиниот изглед, ниту како „секс симбол“. Најпознати улоги на 75-годишната актерка се „Edward Scissorhands“ и „Footloose“.

- Најголемите актери не се она што би ги нарекле убави секс симболи. Ќе ти кажам која е мојата омилена актерка: Дијана Вист. И не би ја нарекле секс симбол. За мене Дијана Вист е најубавата жена на екранот.

По студирањето театарски уметности на Универзитетот во Мериленд, Вист го имаше своето деби на Бродвеј во 1971 година во Двојниот пасијанс на Роберт Андерсон.

Таа продолжи да гради неверојатно успешна кариера на сцената, пред да направи голема улога и на филм - освои два Оскари за “Хана и нејзините сестри“ на Вуди Ален и „Куршуми над Бродвеј“.

Филипче: Категорично сум против етнички поделби во науката

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, изрази сериозна загриженост за идејата за формирање на паралелна академија за науки и уметности.

Во пост на фејсбук, Филипче остро реагира против ваквиот проект, нагласувајќи дека е категорично против етнички поделби во науката.

-Загрижен сум и категорично се спротивставувам на идејата за формирање на паралелна нова академија за науки и уметности. Преседан е создавање на “етнички чисти” институции, а оваа иста идеја недвосмислено беше и претходно отфрлена од актуелните академици, вели Филипче.Тој потенцира дека СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите. Изрази жалење што ВМРО-ДПМНЕ молчи за ова прашање, што според него значи одобрување на иницијативата и најави дека СДСМ ќе се спротивстави на ваквите проекти со сите механизми.

.

Во Кривичен продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со испитување на сведоци на предлог на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

На денешното рочиште ќе бидат испитувани сведоците Музафер Калишиќ и Ристе Самарџиев.

На минатото рочиште во понеделникот сведочеше мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, како и ќерката на Жежовски, Ана Киркова и нејзиниот сопруг, Тодор Кирков.

Мајката на убиената Вања Ѓорчевска изјави дека не ги познава обвинетите за убиството на нејзината ќерка. На расправата таа сведочеше за денот кога нејзината ќерка исчезнала и потрагата по неа.

Киркови сведочеа за моментот кога увиделе дека го нема Жежовски, пријавата во полиција и неговото пронаоѓање.

Адвокатот Марјан Витановски, бранител на првообвинетиот Љупчо Палевски за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, по рочиштето изјави дека исказот на мајката на Вања, не може да се доведе во поврзаност со конкретните кривични дела кои му се ставаат на товар на првообвинетиот Љупчо Палевски, додека адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој е исто така осомничен во случајот, вели дека со исказот на Зорица Ѓорчевска се расчистиле сите шпекулации.

Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски на првото рочиште се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, тие се сомничат дека испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. На 22 ноември минатата година, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

Јавен повик за партиципација на високообразовните установи во CEEPUS-мрежите

Јавен повик за партиципација на високообразовните установи во CEEPUS-мрежите за академската 2025/2026.

Централноевропската програма за размена во областа на универзитетски студии (CEEPUS-Central European Exchange Program for University Studies) објави јавен повик за партиципација на високообразовните установи во CEEPUS-мрежите за академската 2025/2026 година.

Република Северна Македонија како потписник на Договорот меѓу Албанија, Австрија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Полска, Молдавија, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Косово за промовирање на соработката во областа на високото образование во рамките на Централноевропската програма за размена во областа на универзитетските студии (CEEPUS IV - Central European Exchange Program for University Studies), им овозможува на високообразовните институции да партиципираат, како координатори или партнери во универзитетските мрежи од различни области.

-Согласно CEEPUS IV договорот има одредени промени. Имено, CEEPUS-мрежата треба да ја сочинуваат најмалку пет високообразовни установи од најмалку пет држави членки на CEEPUS-програмата, при што еден член ја има улогата на координатор на мрежата. Координаторите и партнерите на мрежите можат да бидат високообразовни установи и нивните придружни членки. Од академската 2024/2025 година еден професор со наставно знаење може да координира само една мрежа, додека бројот на мрежите во кој еден професор со наставно знаење може да ја има улогата на контакт лице ограничен е на четири академски мрежи, наведува МОН во објавениот повик.

Програмата има цел да промовира мобилност на студенти и наставен кадар и соработка и развивање заеднички програми што води до заеднички дипломи (Joint degree).

Поднесувањето пријави за вмрежување односно за учество во CEEPUS-мрежите е онлајн на официјалната платформа на CEEPUS-програмата: www.ceepus.info

Рокот за аплицирање е 30 ноември 2024. Во јавниот повик објавен од МОН се содржани повеќе информации за условите и начинот на аплицирање, потребната документација што треба да се приложи со електронската пријава, како и контакти од Националната CEEPUS-канцеларија за подетални информации.

притисни ентер