Божиновска за „Енергетски портал“: Целиме кон енергетска стабилност и независност

Целиме кон енергетска стабилност и независност преку силни инвестиции во нови производни капацитети.

Македонија е на прагот на значајни промени во енергетскиот сектор, преку поставување на темелите за енергетска независност. Во период кога глобалните енергетски предизвици се сè поприсутни, државата се соочува со потребата од модернизација на енергетската инфраструктура, како и пренасочување кон обновливи извори на енергија. Вака, реномираниот специјализиран српски електронски медиум „Енергетски портал“ во своето магазинско издание го претставува интервјуто со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

На прашањето што ќе биде цел на новоформираното министерство, Божиновска се осврнува на плановите за иднината на Македонија на енергетски план.

„Наша основна цел е зајакнување на домашните производни капацитети во државна сопственост преку повеќегодишни и долгорочни инвестиции во енергетската инфраструктура и во капацитети кои ќе гарантираат енергетска стабилност и независност. Планираме реализација на капитални инвестиции, што е еден од приоритетите на новата Влада. Енергетскиот сектор долго време беше запоставен, но сега ќе има посебно место, па ќе работиме темелно со цел да стигнеме до енергетска независност. Покрај нови проекти, планираме да го заокружиме и енергетското поврзување со соседните земји“, вели Божиновска.

Понатаму, на прашањето кој е планот за раст на обновливите извори и што е поприоритетно, дали зголемувањето на обновливите извори на енергија или модернизација на електропреносната мрежа, Божиновска смета дека двата процеси може и треба да се одвиваат паралелно. Ќе воведеме и задолжително користење на батерии за фотонапонските елктрани преку кои ќе се складира електричната енергија и ќе може да се искористи кога ќе биде потребна во системот. Но покрај експанзијата на фотоволтаици, планираме да балансираме преку искористување на водата , ветерот, биомаса, биогас, кои исто така се ефикасни и нудат различен квалитет и можности за производство на енергија во различни делови од денот и годината. Токму затоа, во првите денови на новата Влада објавивме нова мегаинвестиција со изградба на ветерен парк од 400MW инсталирана моќност со монтажа на преку 50 ветерни турбини, што претставува најголем ветерен парк во земјите на Западен Балкан, кој ќе обезбедува електрична енергија за потребите на преку 100.000 домаќинства.

Министерката Божиновска нагласи дека во претстојниот период значајна улога кон енергетската независност ќе има и целосната гасификација на земјата и изградбата на интерконектори кон соседните земји. Одговорајќи на новинарско прашање околу потребата од промена на регулативата во енергетскиот сектор, таа образложи дека промената на регулативата е потребна пред сè , за да го заштити интересот на граѓаните, и да создаде фер услови и пристап за секој сериозен чинител што има намера да инвестира во тој сектор.

Кабинет на министерката за енергетика, рударство и минералн и суровини

Перински: 80 општини поднесоа 358 предлог проекти, фазата на евалуација ќе трае од 7 до 10 дена

 Вкупно 80 општини аплицираа на јавниот повик на Владата за добивање средства за реализација на инфраструктурни проекти во општините, поднесени се 358 предлог проекти, наредниот период ќе следува процес на евалуација.

Вкупно 80 општини аплицираа на јавниот повик на Владата за добивање средства за реализација на инфраструктурни проекти во општините, поднесени се 358 предлог проекти, наредниот период ќе следува процес на евалуација, соопшти денеска министерот за локална самоуправа, Златко Перински кој со министерот за јавна администрација, Горан Минчев и претставникот од ЗЕЛС и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски учествуваа на втората јавна дискусија од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“.

Одговарајќи на новинарски прашања Перински рече дека сите општини имале еднаква можност да се пријават со проекти на повикот кој заврши пред неколку дена. Фазата на евалуација ќе трае помеѓу седум и десет дена.

- Веќе сме во фаза на колектирање на проектните документации во рамки на ресорните министерства тој десетдневен период завршува во понеделник и потоа почнува фазата на евалуација којашто ќе се случува повторно во рамки на ресорните министерства. Нашите очекувања се дека фазата на евалуација ќе трае не повеќе од седум до десет дена и веќе очекуваме првата недела во следниот месец предлог проектите за финансирање да бидат доставени од страна на ресорните министерствата на усвојување на владина седница, рече министерот за локална самоуправа.

Тој кажа дека вчера имале и состанок на со координативното тело во кое членуваат и ресорни министерства во однос на потребната документација која требало да ја достават општините.

- Вчера имавме состанок на координативното тело во којшто членуваат и ресорните министерства повеќе од 50 проценти од општините коишто ги имаат поднесено апликативен формулар во рамки на министерството за локална самоуправа веќе ги имаат доставено своите предлог проекти, очекуваме уште неколку дена кои остануваат до истек на рокот да ги достават сите локални самоуправи, практично да го заокружиме процесот, изјави министерот Перински.

„Патека на славните“ на Широк сокак во Битола

На ден пред почетокот на 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, на Широк сокак во Битола се оформува „Патека на славните“ на која се поместени 18 ѕвезди.

На првата ѕвезда, пред киното „Манаки“ врежани се имињата на кинематограферите Милтон и Јанаки Манаки, а потоа следат имињата на сите досегашни добитници на наградата „Златна Камера 300“ за животно дело.

Од ИФФК „Браќа Манаки“ информираат дека шестмина од досегашните лауреати ќе присуствуваат во Битола и лично ќе ја откријат својата ѕвезда, меѓу нив и годинашниот добитник на Златната Камера 300 за животен опус, францускиот кинематографер Бруно Делбонел.

Ѕвездите се изработени од месинг со изгравирано име на кинематограферите лауреати и вградени во плоча од мермер, вдолж од киното Манаки, покрај куќата во која живееле браќата Манаки и се до Офицерски дом.

Фестивалот почнува утревечер и се отвора со филмот „Партенобе“ на Паоло Сорентино, а завршува на 27 септември со македонската премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оравчанец.

ФИДЕ додели златна плакета на ПСУ „Јахја Кемал“

На конгресот на Светската шаховска федерација (ФИДЕ) за имплементација на шахот во образованието за време на 45-та Шаховска олимпијада во Будимпешта беше доделена Златна плакета на ПСУ „Јахја Кемал“.

Наградата на ПСУ „Јахја Кемал“ и наставникот по шах Орце Данчевски е врачена од светскиот шампион во шах од Индија, Вишванатан Ананд.

Ова е највисокото глобално признание од ФИДЕ за имплементирање на шах во училишната програма.

ПСУ „Јахја Кемал“ доби највисоко бодување на програмата за работа, материјалите и сеопфатноста во предавањата, интегрирање на шахот во образовната програма севкупно, висококвалификувани инструктори по шах, промоција на шаховските настани со медиумска покриеност како и промоција на социјална инклузија, финансирањето на шахот преку училишниот буџет.

Златн ПСУ „Јахја Кемал“ го доби во конкуренција на шаховски школи од целиот свет и е единствен добитник на оваа награда на ниво на Балкан.

Шахот како предмет во ПСУ Јахја Кемал е воведен во 2008 година.

притисни ентер