Божиновска: Македонка сум и не дозволувам тоа да ми биде спорено

Фејсбук објава на министерката за енергетика, Сања Божиновска откако беше прозвана за нејзиното бугарско државјанство.

Јас сум родена во Скопје, Македонка сум и секогаш ќе бидам Македонка.

Тоа никој ниту може, ниту смее да го оспори.

Сите други зајадливи коментари, чудни прашања и погрешно толкувани одговори ќе ги разберам и прифатам како цена на моето скромно и мало политичко искуство.

Не се вратив дома за да се мешам во политички игри, се вратив да го вложам моето знаење и искуство во енергетиката како специфична и тешка проблематика.

Секогаш мислев дека личните напади и конструкции не се добри во било кои меѓучовечки односи.

Повторувањето на овие напади одговара на луѓе на кои им пречи активното занимавање на Владата со проблемите во областа која јас ја раководам. Им одговара заборав на се што направиле и слепило од државата за се што сакаат да направат.

Затоа повторувам, Македонка сум и не дозволувам тоа да ми биде спорено.

Покрај македонското државјанство поседувам и чешко државјанство затоа што живеев и работев долги години во Чешка. Тоа е точната и прецизна вистина.

За мене најзначајно е да изградиме и почнеме да имплементираме долгорочна енергетска стратегија, а тоа значи:

- да ја прекинеме корупцијата во енергетскито систем;

- да ги откриеме сите оние кои во минатото се збогатија на грбот на скапите сметки платени од граѓаните;

- да расчистиме со огромниот долг од 60 милиони евра на државата кон снабдувачите, до сега пред граѓаните лажно претставуван како субвенција;

- да ги откриеме и прекинеме криминалите со набавките во електро-енергетските објекти, РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј, ТЕЦ Неготино и други;

- да ги прекинеме преплатените тендери за надворешни компании;

- да ги запреме чудните донации од МЕПСО и ЕСМ кон фитнес студија, спортски друштва и невладини организации;

- да обезбедиме силно, одржливо и евтино домашно производство на електрична енергија;

- да обезбедиме енергетска ефикасност и инвестиции во обновливи извори;

- да ја направиме електричната енергија конкурентна предност на домашното стопанство.

На сите кои им сметаат нашите стратешки планови за воведување на ред во оваа област им упатувам порака дека овие лични напади нема да ме поколебаат во мојата намера за воведување на ред во оваа област во која минатите години владееше хаос и комплетен криминал, стои во објавата.

Израел ги напаѓа јужните предградија на Бејрут

Сведоци тврдат дека тоа се најинтензивните бомбардирања од почетокот на нападите.

Израелски воздушни напади ги погодија јужните предградија на Бејрут, при што е извршено најинтензивното бомбардирање на либанската престолнина откако Израел ја засили својата воена кампања против поддржаното од Иран - либанско шиитско движење Хезболах.

Во текот на ноќта силни експлозии одекнуваа низ различни делови на Бејрут, а небото беше осветлено со црвени и бели светла, како молњи, кои се гледаа од неколку километри.

„Ова е најголемиот напад од почетокот на израелската офанзива врз Бејрут,“ изјавија очевидци и воени аналитичари на локалните телевизиски канали. Денеска, градот е обвиткан со сива магла, а улиците на јужните предградија се полни со урнатини, додека чад се издига над областа.

„Изминатата ноќ беше најнасилна досега. Зградите околу нас се тресеа и прво помисливме дека се работи за земјотрес. Имаше десетици удари – не можевме да ги изброиме сите, а звуците беа оглушувачки,“ изјави Ханан Абдула, жителка на Бурџ ал Бараџне, во јужните предградија на Бејрут.

Израелската армија соопшти дека нејзините воздушни сили извршиле „серија прецизни удари врз складишта за оружје и терористичка инфраструктура на Хезболах во реонот на Бејрут.“

Либанските власти сè уште не соопштија кои објекти биле погодени и какви штети предизвикале ракетите. /МИА

Новинар се обиде да се запали во Вашингтон поради „израелскиот геноцид во Газа“

Маж по име Самуел Мена, кој се претставил како новинар, се обидел да изврши самозапалување во близина на Белата куќа во Вашингтон, каде протестирал против израелскиот геноцид во Газа.

На видеата објавени на социјалните мрежи, се гледа дека полицијата го спречила момчето да се запали.

– Јас сум новинар. Ве молам, запрете ги лажните вести, извикал младиот човек за време на обидот да се запали.

Еден од демонстрантите се обидел да го изгасне огнот со вода, но Мена претрпел изгореници на рацете.

Сведоци тврдат дека мажот рекол дека е новинар на Си-Би-Ес и ја обвинил оваа медиумска куќа за ширење лажни вести за Газа.

Ова е четвртиот обид за самозапалување на пропалестинските протести во САД.

Најголемо внимание привлече случајот на 25-годишниот Арон Башнел, кој беше на активна должност во американското воено воздухопловство, кога на 24 февруари се самозапалил пред амбасадата на Израел во Вашингтон.

Башнел го пренесувал неговото самозапалување во живо на социјалните мрежи.

– Повеќе нема да учествувам во геноцидни злосторства – извикал Башнел пред да се полее со бензин и да се запали./MИА

Во БиХ затворени избирачките места, прелиминарните резултати се очекуваат околу полноќ

 Избирачките места во Босна и Херцеговина беа затворени во 19:00 часот, каде што граѓаните гласаа за локалните органи на власта.

Централната изборна комисија на БиХ (ЦИК) најави конференција за медиумите во 21:00 часот, на која ќе соопштат повеќе информации за одѕивот на гласачите.

До 15:00 часот, гласале 34,98 проценти од гласачите, што е на ниво на излезноста од општите избори во 2022 година, но помалку во споредба со претходните локални избори.

Избори не се одржаа во пет општини погодени од поплави - Јабланица, Коњиц, Крешево, Кисељак и Фојница. ЦИК најави дека изборите во овие општини ќе се одржат кога ќе се создадат услови, најмалку за седум, а најмногу за 30 дена.

Граѓаните на БиХ денеска избираа советници во општинските и градските совети, собранието на Дистрикт Брчко, како и начелници или градоначалници. Прелиминарните резултати се очекуваат околу полноќ./МИА

притисни ентер