Бостон ќе го продолжи договорот со Хаузер

Раководството на Бостон селтикс  ќе го продолжи договорот со  Сем Хаусер, објави инсајдерот на „ESPN“, Адријан Војнаровски.

Новиот договор со 26-годишниот Американец ќе важи до крајот на сезоната 2028/29. Кошаркарот ќе заработи 45 милиони долари.

Хаузер игра за Бостон селтикс од 2021 година. Во сезоната 2023-2024, тој настапи на 79 натпревари во регуларниот дел од сезоната на НБА и имаше просек од 9,0 поени и 3,5 скока по натпревар.

Бостон е актуелен шампион во најсилната кошаркарска лига на светот.

НАСА тестира роботски подморници за истражување на замрзнати светови (ВИДЕО)

Американската агенција НАСА тестираше мини-роботи дизајнирани да истражуваат замрзнати светови, т.е. океан под дебел слој мраз на месечината на Јупитер, Европа, и месечината на Сатурн, Енцелад.

Овие тестови на базен ја покажаа одржливоста на концептот наречен SWIM, што значи Imaging Independent Micro-Swimmers, објави НАСА.

Прототипот на роботот е долг 42 сантиметри, а планирано е да биде уште помал во идните мисии за истражување на Европа и Енцеладус. Според плановите, роботите треба да бидат со големина на просечен мобилен телефон.

- Луѓето можеби се прашуваат зошто НАСА развива подводни роботи за истражување на вселената. Причината е што одиме на овие места во Сончевиот систем за да бараме живот и мислиме дека водата е неопходна за живот. Потребни ни се роботи кои можат самостојно да ја истражуваат животната средина стотици милиони километри оддалечени од дома - рече Итан Шалер, главен истражувач на програмата SWIM во Лабораторијата за млазен погон на НАСА.

Филипче: Не е точно дека унгарскиот кредит е со најниска камата, сме имале и 1,6% камати

За кредитот од Унгарија сè уште има многу отворени прашања и не е точно дека е со историски најниска камата, посочи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче.

За кредитот од Унгарија сè уште има многу отворени прашања и не е точно дека е со историски најниска камата, посочи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање по завршување на средбата со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

Филипче изјави дека Владата на СДСМ има давано кредити кон стопанството со многу пониски каматни стапки.

„Ние дававме кредити во стопанството со многу помали каматни стапки од 1,6%. Но има многу отворени прашања. Зошто целокупната сума е повлечена веднаш и веќе сега граѓаните плаќаат камати на пари кои не се поделени, а прашање кога и за кој временски период ќе се поделат до компаниите и кои се критериумите врз основа на кои компаниите ќе ги добијат“, рече Филипче.

При тоа, Филипче потенцираше дека спорно е и тоа што сè уште не е објавена компанијата посредничка која ја наплати провизијата.

„Никогаш не се објави која е таа компанија посредничка којашто ја наплати провизијата којашто требаше наводно да биде 70.000 евра, меѓутоа ние тоа не го видовме. Многу спорни прашања има во делот на тој кредит, посебно начинот на којшто е договорен, зошто толкава сума одеднаш, да се плаќаат камати непотребно за каматна стапка за којашто нашата Влада дала многу помала камата кон компаниите“, рече Филипче, се наведува во партиското соопштение.

Николова: Скопје и Аеродром со ВМРО-ДПМНЕ го живеат најголемиот ужас од своето постоење

Скопје, а и општина Аеродром во последните години го живеат најголемиот ужас од своето постоење.

Скопје, а и општина Аеродром во последните години го живеат најголемиот ужас од своето постоење, само како резултат на кадровските решенија кои што ги понудија ВМРО-ДПМНЕ за град Скопје Данела Арсовска и за Аеродром Тимчо Муцунски и сега в.д градоначалникот во последните неколку месеци, истакна пратеничката на СДСМ Даниела Николова, на расправата на собраниската комсија за финансирање и буџет.

Николова нагласи дека кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во касата на општина Аеродром имаше 240 милиони денари.

Наместо овие средства како и потрошените три буџети во изминатите три години да се искористат за подобрување на квалитетот на живот во општина Аеродром, таа денес станува синоним за диви депонии, пожолтени паркови, руинирани детски и спортски игралишта, а едноставно Тимчо Муцунски, кој е актуелен министер за надворешни работи не успеа да реализира ниту еден проект од програмата која што тој ја вети пред граѓаните, рече Николова, образложувајќи го поднесениот амандман со кој треба да се обезбедат 70 милиони денари, за изградба на кружен тек кај ОУ Блаже Конески, каде се спојуваат два булевари и три улици, односно три населби, Мичурин, Острово и Стар Аеродром, каде живеат над 20.000 жители.

Николова, наведе дел од неисполнетите ветувања на ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски во општина Аеродром, за кои доби поддршка од граѓаните во 2021 година.

Се уште граѓаните од Аеродом чекаат четири нови градинки, кои тој им ги вети, а со вистинска голема радост и нетрпение го очекуваат паркот Радост, најавувањето беше поддржано и од Мицкоски, со кој сечеа ленти, бришеа маркици ама затоа денес таму може да се види неискосена трева, многу смет, тоа место почнува да се претвара во дива депонија. Радоста за паркот Радост се уште ја одржуваме, иако надежта полека ни умира, рече Николова.

Таа додаде дека се уште се чека новата гимназија, новата општинска зграда, новиот мултифункционален центар со простории за младински центар, новиот спортски центар Пирин во наслебата Лисиче, Музејот на МЗТ, кино салата и театарската сцена во Ново Лисиче.

Се уште чекаме еднократната помош за новороденчињата да се зголеми од 8 на 20.000 денари, се уште ја чекаме стратегијата за млади, стипендии за млади таленти во износ од 30.000 денари, како и завршување на сите постапки за легализација, нагласи Николова.

Пратеничката Даниела Николова потсети дека СДСМ во буџетите издвои многу средства за Аеродром, и тоа за доградба на ОУ Блаже Конески 100 милиони денари, за нов објект Изворче, клон на градинката Срничка 70 милиони денари, за реконструкција на улиците Црноризец Храбар, Мите Богоевски Илија Димовски Гоче 60 милиони денари, за нов објект на полициската станица Аеродром 130 милиони денари, за реконструкција на дворот во училиштето Браќа Миладиновци, 2,6 мил денари, 700.000 денари за техничка документација за водоводна мрежа во Долно Лисиче, а граѓаните гледаат што успеаја да реализраа градоначалниците.

Ги изманипулиравте граѓаните на најлош можен начин. Ветувавте Никогаш Северна, лажевте за Преспанскиот договор, за договорот со Бугарија, дека Мицкоски го болат колениците, па мора да патува со бизнис класа, дека ќе ги зголемите платите, ветувавте учебници, па сега препорачувате да се учи од серии. Лажевте дека ќе има ред во државата, сега граѓаните плаќаат да се земе невеста од Косово, обезбедувањето на спикерот на собранието вопоставува ред и ги дисциплинира безбедностите структури на аеродромот во Скопје, на раководна позиција го ставате бодигардот на Мицкоски, кој тепаше полицаец, кој бил на должност, лажевте дека сте големи патриоти, ама не ви пречеше да објавите фотографии од средбите во Бугарија каде нема макеонско знаме. Лажевте дека ќе бидете транспарентни а сите закони што ги донесовте во овој период се по скратена постапка, ете затоа граѓаните ви веруваа, ама не знам дали сега е баш така. Вашиот претседател предложи предвремени избори па после пола саат се премисли, тоа не е случајно, порача кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката на СДСМ Даниела Николова, на расправата на собраниската комсија за финансирање и буџет, се наведува во партриското соопштение.

притисни ентер