Омилениот нискобуџетен филм на Тарантино

 Квентин Тарантино е познат по љубовта кон среднобуџетните и нискобуџетните тн. „Б-филмови“ и слични „жанровски експерименти“.

Оние филмови, пак, коишто тој ги режираше, како „Убиј го Бил“ 1. и 2. дел и „Отпорен на смртта“, се класици што неодоливо потсетуваат на акционите филмови од 1970-тите. Таа страст го навлекла режисерот и на култниот филм „Побрзо, маче, убиј, убиј!“ (Faster, Pussycat! Kill! Kill!) во режија на Рас Мајер, од 1965 година.

А пак, една од глумиците во тој филм - Сузан Бернард имала посебно влијание врз Тарантино. Следствено, нејзиниот син - режисерот Џошуа Џон Милер за „Колајдер“ (Collider) споделува како, додека работел на својот филм „Егзорцизам“, Тарантино неочекувано му се јавил...

- Тој ми рече: „Само што гледав филм со Вашата мајка, и тоа е најдобриот филм што некогаш сум го гледал, и никој не знае за тоа!“, открива Милер.

Тој тоа го сфатил како знак на поддршка и дополнителна мотивација да го заврши својот проект.

Филмот на Милер, во којшто глуми Расел Кроу, имал тежок пат до реализацијата. Снимањето почнало 2019 година, но пандемијата го одложило, па тоа продолжи дури во 2023 година „Егзорцизам“ беше премиерно прикажан на 21 јуни оваа година - на истиот датум, но пет години по смртта на Сузан Бернард. Тарантино, пак, дента го прикажа филмот „Побрзо, маче“ во полноќната програма на неговото омилено кино. Милер се пошегува:

- Ако не Ви се допаѓа филмот, внимавајте - мајка ми ќе дојде по вас.

Иако „Побрзо, маче, убиј, убиј!“ беше критички и комерцијален неуспех по издавањето, подоцна стана култно дело поради субверзијата на родовите улоги во 1960-тите. Очигледно, Тарантино го смета за еден од најдобрите филмови на сите времиња. /МИА

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Амандманот на државниот буџет за 2025 предложен од пратеници од СДСМ, со кој треба да се обезбедат 50 милиони денари за набавка на еколошки автобуси, кои треба да се поделат на општини со организиран јавен превоз, беше одбиен .

Амандманот на државниот буџет за 2025 предложен од пратеници од СДСМ, со кој треба да се обезбедат 50 милиони денари за набавка на еколошки автобуси, кои треба да се поделат на општини со организиран јавен превоз, беше одбиен од заменик министерот за финансии и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската комисија за финансирање и буџет.

Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во расправата по амандманот истакна дека во буџетот не се предвидени средства за набавка на еколошки автобуси, што беше образложение на власта за одбивање на амандманот.

Основната лекција во креирање буџет е да има приходна и расходна страна, ако на приходната страна нема пари, не може да има трошок на расходната страна. Велите гледаме да купите 120 автобуси, а ги нема ви буџетот, како 35 милиони за Мајка Тереза универзитетот што ги најдовте на седница на влада, а во буџетот се предвидени одвај 100.000 евра, рече Битиќи.

Тој истакна дека денеска тие шест еколошки автобуси, не изникнаа, тоа пред 5 години е влезено во програмирање, така се води држава, една партија почнува, друга ќе продолжи, тоа е нормален начин.

Вашата градоначалничка во Скопје, требаше да купи 250 еколошки автобуси, па БРТ, за денеска нема ни БРТ, ни еколошки автобуси, гледаме дали Белград ќе ни даде. Не само да кажуваме дека планираме, три години видовме во Скопје како се планира, и како не се купуваат 250 автобуси, порача пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи, на собраниската комисија за финансирање и буџетВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси, се наведува во партиското соопштение.

Среде шума снимиле животно, кое не било видено во последните 140 години: Ова ми е најсреќен ден

Необична приказна е снимена на островот Фергусон (Папуа Нова Гвинеја), каде група научници снимиле птица која не била видена од 1882 година!

Овој остров, инаку, претежно е покриен со шума и има три вулкани.

Членовите на експедицијата, предводени од Џон Митермаер и Џејсон Грег, поставиле надзорни камери на одредени локации и трпеливо чекале да се развие ситуацијата. Немале поим дека нивните напори ќе се исплатат многукратно.

Сѐ започнало откако жителите на островот рекле дека претходно виделе фазан гулаб (otidiphaps nobilis) и го слушнале неговото „чврчорење“. Истражувачите ги поставиле уредите на опишаните точки, верувајќи дека има помалку од 1% шанси да снимаат нешто.

„Откако го симнаа материјалот, почнавме да гледаме фотографии и видеа. Се воодушевивме кога видовме шарена птица пред камерата. Тоа е момент за кој сонувате цел живот како заштитник на природата“, изјави Џон Митермаер.

Истражувачите објавија и видео на кое го слават нивниот голем успех, истакнувајќи дека тоа бил „најсреќниот момент во нивните животи“, пренесува Unilad.

„Ова е како да пронајдете еднорог“, додаде Митермаер.

Патем, фазанскиот гулаб живее во тропските шуми на Нова Гвинеја. Препознатлив е по широката и странично набиена опашка, а видот е загрозен поради уништувањето на шумите. Неговото постоење првпат било документирано во 1882 година, а второто 140 години подоцна.

Пронајдени се црните кутии на авионот на ДХЛ, што се урна во Литванија (ВИДЕО)

Во Вилнус се пронајдени црните кутии на товарниот авион на ДХЛ, соопшти денеска литванското Министерство за правда.

Како што е соопштено, црните кутии биле пронајдени околу 11:30 часот и биле извадени од остатоците на авионот.

Претходно Јавното обвинителство на Литванија соопшти дека досега собраните податоци укажуваат дека причина за падот на авионот на DHL може да биде технички дефект или грешка на пилотот.

Оттаму за БНС изјави дека прелиминарните причини за авионската несреќа треба да бидат познати во рок од неколку дена.

Виткаускас, исто така, го демантира извештајот на администрацијата на DHL во Германија дека авионот извршил принудно слетување.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок вчера изјави дека Германија соработува со Литванија и Шпанија во истрагата за авионска несреќа во близина на аеродромот во Вилнус за да се утврди дали се работи за несреќа или друг хибриден напад, пренесе Ројтерс.

Бербок рече дека бранот хибридни напади врз луѓето и инфраструктурата ја стави Европа во готовност.

Авион на DHL се урна вчера наутро во близина на аеродромот во Вилнус, при што загинало најмалку едно лице, а неколку се повредени.

Полицискиот претставник Рамунас Матонис за ЛРТ потврди дека во авионот имало четири лица, а еден од двајцата пилоти загинал.

Надлежните се уште немаат информации за евентуални жртви во близина на зградата или во зградата каде што се урнал авионот.

притисни ентер