Боксерот Мејведер со заработувачка на деценијата пред Роналдо и Меси

Американскиот боксер Флојд Мејведер заработил најмногу од сите спортисти на светот во изминатата деценија, јавуваат британските медиуми.

Поранешниот светски првак заработил дури 780 милиони евра во последните 10 години.

Мани, според неговиот прекар, го одигра својот последен бокс меч во 2017 година кога со прекин го победи ММА мегастарот Конор Мек Грегор во Лас Вегас. Тоа беше негова 50-та победа во исто толку натпревари. После тоа, се зборуваше за можното враќање, но веќе немаше професионални натпревари.

Поранешниот светски шампион оствари повеќе од милијарда евра за време на својата кариера, со само двајца други спортисти во клубот на милијардери - легендарниот кошаркар Мајкл Џордан и голферот Тајгер Вудс.

Португалската фудбалска sвезда Кристијано Роналдо го зазеде второто место на списокот со заработувачка во последните 10 години со 640 милиони евра. Интересно е што на почетокот на деценијата, Роналдо беше само 13-ти спортист во светот според годишните приходи.

Зад Мејведер и Роналдо е ѕвездата на НБА, Леброн Џејмс со 606 милиони евра. Џејмс е единствениот спортист со тенисерот Роџер Федерер кој е меѓу 10-те најплатени спортисти во секоја од десетте години од последната деценија.

Меѓу првите петмина е и аргентинскиот фудбалер Лионел Меси со 605 милиони евра и еден од најдобрите тенисери на светот ,Швајцарецот Роџер Федерер со 572 милиони освоени во последните 10 години.

Списокот на ТОП 10 спортисти со најголема заработувачка во последните 10 години :

1. Флојд Мејведер (боксер од САД) - 780 милиони евра

2. Кристијано Роналдо (Португалија - фудбал) - 640

3. Леброн Џејмс (САД - кошарка) - 607

4. Лионел Меси (Аргентина - фудбал) - 605

5. Роџер Федерер (Швајцарија - тенис) - 572

6. Тајгер Вудс (САД- голф) - 553

7. Фил Микелсон (САД - голф) - 428

8. Нејмар (Бразил - фудбал) - 357

9. Мани Пакијао (Филипини бокс) - 350

10. Луис Хамилтон (Велика Британија - Формула 1) - 342.

Мундо Депортиво: Во понеделник ќе се решава судбината на Чави во Барселона

Раководството на Барселона утре ќе одлучи за иднината на тренерот на тимот Чави, пишува Мундо Депортиво.

Според шпанскиот спортски весник, 44-годишниот фудбалски стручњак ќе се сретне со претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта. Се наведува дека средбата може да има каков било исход.

Чави во јануари најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот од актуелната сезона. Во април тој објави дека се премислил и ќе продолжи да работи во клубот.

Подоцна, се појави информација дека Барселона не е задоволна од јавните коментари на Чави за финансиските проблеми на клубот.

По 36 одиграни кола, Барселона (79 бодови) е на второто место во шпанската Ла Лига. /МИА

Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје

 Велешанец при собирање печурки почувствувал убод во левата нога. По лекарски преглед,  од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје.

- Во СВР Велес вчера во 11 часот, 63-годишниот Д.Ј.од Велес, пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, Општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје, информира денеска Татјана Ѓуровска од СВР Велес.

Таа додаде дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и дека се преземаат мерки за негово расчистување.

На три европски банки во Русија ќе им биде одземен имотот

 Русија ќе го заплени имот на трите европски банки „Дојче банк“ (Deutsche Bank), „Комерцбанк“ (Komercbank) и „УниКредит“ (UniCredit). Тие ќе останат без речиси една милијарда евра имот во Русија.

Како официјална причина за заплената на имотот на трите банки се наведува тоа што се повлекле од финансирањето на постројка за преработка на гас во руското пристаниште Уст-Луга на Балтичко Море.

Според судските документи во Санкт Петербург, на „Дојче банк“ и се одземаат хартии од вредност, недвижен имот и средства во износ до 238 милиони евра, вклучувајќи го и имотот на банката и нејзината филијала во Русија.

Додека на „Комерцбанк“ и е запленет имот во вредност од 93,7 милиони евра, хартии од вредност и зградата на банката во центарот на Москва.

Додека на „УниКредит“ запленет и е имот во висина од 463 милиони евра.

Постројката за преработка на гас не се изгради поради санкциите од западните земји кон Русија воведени поради војната против Украина. Како одговор на санкциите Русија заплени имот на голем број западни компании и инсталираше нов менаџмент во руските подружници.

Компаниите кои се повлекуваат од Русија се принудени да ги продаваат своите деловни проекти на руски компании по драстично ниски цени. Често за нив симболично се плаќа само една рубља. /МИА

притисни ентер