Дали принцот Хари и Меган се пред развод??

Светските медиуми шпекулираат за наводниот развод на канадската актерка Меган Мркл и  британскиот принц Хари?!

Се погласни се шпекулациите дека Меган и Хари се разведуваат!

Ако им се верува на медиумските натписи на британски, шпански и американски портали - бракот на некогаш многу популарната актерка и принцот Хари, „побегнат“ од англиското благородништво е на „климави “ нозе.

Нивните неодамнешни соло јавни настапи само ги поттикнаа гласините за развод.

Додека принцот Хари патува во Африка, го посетува Лесото, присуствува на вечера организирана од Светската здравствена организација во Њујорк, посветена на луѓето кои претрпеле насилство во детството, настапува на добротворниот концерт на Кевин Костнер во неговиот имот во Калифонија, Меган Маркл оди на црвениот тепих во Лос Анџелес и учествува во развојна програма за девојки кои учат да стекнат самодоверба и независност. И двајцата се цело време сами!

Без другиот при рака дури и на фотографии.

Британските медиуми дури и видно го истакнаа прашањето - каде е Меган?

Фото: Карлеуша ги истакна облините

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно ги воодушеви фановите на социјалните мрежи со секси фотки.

Популарната Карли на Инстарам објави фотки на кои во преден план се нејзините бујни облини.

Русокосата пејачка може да се види во секси брусхалтер, пинк шорц, сребрен комплет....

Петрушевски: СДС е во фаза на самоуништување и во опозиција не умее да биде конструктивна

 СДС е во фаза на самоуништување и во опозиција не умее да биде конструктивна, а тоа е потребно за доброто на Македонија  .

Петрушевски: СДС е во фаза на самоуништување и во опозиција не умее да биде конструктивна, а тоа е потребно за доброто на Македонија

„Народот го кажа мислењето за СДС, дека не ги бива и го доживеаа најлошиот и најкатастрофалниот резултат во историјата на постоењето на плурална Македонија и на СДС како политичка партија“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ на денешното гостување на актуелниот подкаст „ВМРО – ДПМНЕ зборува“.

Петрушевски спомена дека иако пратениците од СДС биле против унгарскиот заем, сепак нивните градоначалници аплицирале за да земат средства и напомена дека тука се гледа целото нивно лицемерие. Нивната неспособност да поздрават и поддржат добри политики. Исто така спомена дека како партија сеуште се во некаква реорганизација на која и нема крај.

„Имаше случај кога пратениците беа против законот за поволниот заем од Унгарија кој што го обезбеди Владата, додека од нивната страна нивните градоначалници буквално сите до еден аплицираа со проекти за да земат пари од тој заем иако СДС го критикува. Венко Филипче како претседател го нема во Собранието, дел од другите функционери поранешни сегашни пратеници исто така ретко можат да се видат во Собранието, не предлагаат закони или пак некакви проекти и решенија“, рече Петрушевски.

Исто така тој додаде дека констатациите кои ги дава не се затоа што се грижи за СДС, туку дека на политичката сцена е потребна опозиција која ќе дава конструктивни критики и предлози, се со цел да може да се работи за доброто на граѓаните.

„Ова го зборувам не затоа што ми е грижа за проблемите во СДСМ, туку зборувам дека во Македонија мора да имаме конструктивна политичка опозиција и тоа е добро за државата. Ако ја имаме СДСМ во фаза на уништување, ако ја имаме Левица која што не ја интересира буквално државата и граѓаните туку само лични привилегии, ако го имаме ДУИ кој што исто така го интересираат само некакви националистички теми не е добро за државата, за демократијата. И мислам дека крајно време е целата опозициска сцена во Македонија да се консолидира, да се реформира за да можеме да имаме соговорници, да може да добиваме конструктивни критики и предлози кои што ќе можеме да ги имплементираме токму во интерес на граѓаните“, заклучи Петрушевски.

Петрушевски: Димовски, Зечевиќ и Муслиу како истакнати кадри на СДС наместо да се грижат за безбедноста на Македонија, тие ги злоупотребуваа безбедносните служби

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денес на подкастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува” се осврна на нападите од страна на СДС во однос на новопоставениот директор на АНБ, Бојан Христовски.

„СДС во моментот се наоѓа во политички knock down по дебаклот на последните избори. Тие сега се обидуваат да создадат некакви теми за да добијат политички поени", рече Петрушевски.

Петрушевски истакна дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ поставува експерти и професионалци на клучни позиции.

,,СДС ја сака власта, ги става највисоките луѓе за да ја злоупотребува, а од друга страна го имаме ВМРО-ДПМНЕ, кое што првенствено го гледа професионализмот, капацитетите, способноста на луѓето на прво место“, се изјасни Петрушевски.

Според Петрушевски, СДС е партија која ги партизирала институциите во повеќе наврати.

„Поранешниот директор на УБК, Миле Зечевиќ, бил генерален секретар на СДС, а Ерол Муслуи, кој ја претвори агенцијата за разузнавање во партиски штаб, е само дел од оваа слика. СДС не само што партизираше, туку и ги злоупотребуваше безбедносните служби", истакна Петрушевски.

Петрушевски зборуваше и за случајот со Виктор Димовски, кој, според него беше познат по неговата партиска активност и брутална партизација на АНБ.

„Тие не ја штитат државата, туку ги следат опозициските пратеници. Виктор Димовски беше директор претходен на АНБ кој се прослави со случајот Онишченко, дојде на таа позиција како поранешен член на Извршен одбор како највисоко партиско тело што им е на СДС член на многу партиски комисии на дипломатскиот совет на сдсм, брутално партиски човек”, посочи Петрушевски.

Во контекст на новиот директор на АНБ, Бојан Христовски, тој нагласи дека е професионалец со над 10 години искуство во безбедносните служби и дека се трудел да ја спроведат правдата, а не да бидат инструмент за партиски цели.

,,Наместо да ја штитат државата, националниот интерес и безбедноста, да спречат тероризам, тие ресурсите на граѓаните кои што ги добивале преку буџетот ги трошеле да ги следат опозициските пратеници“, заклучи Петрушевски.

Петрушевски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ првенствено се фокусира на професионализмот и способностите на луѓето, додека СДС ја злоупотребуваше власта за партиски цели.

„Ние ставаме експерти, тие ставија партиски членови," дециден е Петрушевски.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Изразуваме длабока разочараност, што СДС не смогна сили да испратат честитка

Изразуваме длабока разочараност, што СДС не смогна сили да испратат честитка по повод Денот на македонската револуционерна борба

ВМРО-ДПМНЕ изразува длабоко разочарување од односот на СДС кои денес не најдоа елементарна државничка сила да испратат честитка до граѓаните по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Овој потег на СДС покажува целосно непочитување кон историските вредности и борбата на македонскиот народ за слобода и независност.

Каде е СДС да го честита празникот, или можеби и натаму Венко Филипче размислува како претходниот Зоран Заев дека Бугарите биле администратори, а дека македонскиот јазик не постои? Дали навистина СДС сметаат дека македонската држава се создала без никаква борба и жртва како што тврдат во Бугарија и како што кажа Заев.

За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на одржувањето на овие свети идеали и на чувањето на македонскиот идентитет и национално достоинство.

Ги повикуваме граѓаните да се обединат околу вредностите кои нè поврзуваат и да продолжат да ја слават борбата за слободна и суверена Македонија, бидејќи револуционерниот дух е жив и борбата за нашата татковина продолжува.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер