Гледајте „Избор на најдобри рецепти“ секој ден од понеделник до четврток во 10 часот на Канал 5
Потребни состојки: 500 гр. телешко месо, 1 кг. свинско месо, 500 гр. мелено месо, 4 главици кромид, 2 зелени лути пиперки, 3 чешни лук, 200 мл. масло, 1-2 лажици сало, 600 гр. печурки, 200 гр. кашкавал, неколку лажици доматен сос, малку сечкан магдонос, 3 лажички буковка, 1 лажица црвен пипер, малку бибер и јенибер, малку зачин од сув зеленчук, 1 супена коцка и неколку ловорови листа.
Постапка:
Во тенџере на оган се става 200 мл. масло и 1-2 лажици сало.
Потоа се става исечкано телешко и свињско месо.
Месото се пропржува 10 – 15 минути додека не зарумени.
Потоа со постојано мешање се додава: испржен кромид, исечкани зелени пиперки, сечкан лук, буковка, сечкани печурки, црвен пипер и доматен сос.
Се зачинува со малку бибер и јенибер, зачин од сув зеленчук и растворена супена коцка и се додава една чаша топла вода.
Сите состојки од тенџерето се префрлаат во земјена тава.
Во тавата се додава: 1 чаша вода, сечкан магдонос, ќофтиња и ловоров лист.
Се пече во загреана рерна околу 40 минути.
Неколку минути пред крај се додава рендан кашкавал.