Банкротира производителот на „ѕвездите“ на Мерцедес

Германската компанија Gerhardi Kunststofftechnik GmbH, основана 1796 година, ја преживеа наполеонската инвазија, Големата депресија и двете светски војни.

Но, актуелната автомобилска криза во Европа го доведе овој производител на пластика на работ на колапс, пишува Bloomberg.

Минатиот месец, по долг период на раст на трошоците и пад на побарувачката, Герхарди Кунстстофтехник, компанијата што ја произведе трокраката ѕвезда за Мерцедес, меѓу другото, поднесе барање за стечај, оставајќи ги своите 1.500 вработени во неизвесност.

Герхарди е само една од стотиците мали компании во европскиот синџир на снабдување со автомобили кои се борат да преживеат бидејќи производителите на автомобили го намалуваат производството поради послабата продажба и турбулентната транзиција кон електрични возила.

Француската компанија Forvia SE, која произведува компоненти за Stellantis и Volkswagen, отпушта илјадници работници бидејќи префрлањето на електрични возила ги застарува традиционалните производи како што се менувачите и издувните системи.

Но, дури и добавувачите поврзани со електрични возила - како што е шведскиот производител на батерии Northvolt AB - исто така страдаат откако владите ги намалија субвенциите и драстично опадна продажбата.

Оваа година, европските производители на делови објавија 53.300 отпуштања, повеќето од нив во Германија, според податоците од индустриската асоцијација CLEPA. Ова е повеќе отколку за време на пандемијата на коронавирус, кога фабриките и салоните беа затворени со месеци.

„Со високите цени на енергијата на континентот, бирократските пречки и заканата од влошување на трговските односи со САД, следната година изгледа исто толку мрачна“, рече Матијас Цинк, претседател на здружението CLEPA. „Компаниите инвестираа многу очекувајќи пораст на продажбата на електрични возила, но тоа не се случи.“

Добавувачите во автомобилската индустрија вработуваат околу 1,7 милиони работници ширум Европската унија и годишно трошат околу 30 милијарди евра за истражување и развој. Според консултантската фирма McKinsey, секој петти добавувач на автомобили се очекува да направи загуби следната година.

Утре пресуда за мајката и таткото на детето кое уби 9 ученици и чувар во Белград

 Суд во Белград утре се очекува да ја соопшти пресудата против Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на детето кое на 3 мај 2023 година усмрти со пиштол девет ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

Суд во Белград утре се очекува да ја соопшти пресудата против Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на детето кое на 3 мај 2023 година усмрти со пиштол девет ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, и рани уште пет ученици и наставничка.

Судот ќе донесе првостепена пресуда на која одбраната и обвинителството ќе имаат право на жалба до Апелациски суд.

Судскиот процес од самиот почеток е затворен за јавноста, но пресудата ќе биде јавно објавена.

Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, побара судот да изрече максимална затворска казна. Тој во завршниот збор му предложи на судот Владимир Кецмановиќ да биде осуден на затворска казна од 14 години и 11 месеци за кривични дела - тешко дело против општата безбедност и запуштање и злоставување малолетно лице.

Тој предложи и единствена затворска казна од пет години и пет месеци за Миљана Кецмановиќ за сторени кривични дела - недозволено производство, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи и запуштање и злоставување малолетно лице.

Предложена е максимална казна затвор од три години за инструкторот за стрелање Немања Маринковиќ за кривично дело давање лажен исказ.

Стефановиќ смета дека за брачниотѕ пар Кецмановиќ нема олеснителни околности, туку само отежнувачки бидејќи не изразиле ниту каење ниту емпатија за жртвите.

СДСМ: Цели 20 дена Тошковски не знае каде е Груби, дебакл на ВМРО-ДПМНЕ

Јалови се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја префрлат вината за бегството на Артан Груби врз СДСМ. 

Фактите се јасни: Тошковски дозволи Груби да избега и сега цели 20 дена истиот тој Тошковски не знае каде се наоѓа Губи.

Откако „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат и „случајно“ службеникот на границата, инаку кадар на Тошковски, направил „грешка“ затоа што бил „возбуден“ од Груби.

Џабе се препелка сега ДПМНЕ, тие го пуштија Груби да избега и целата одговорност е кај власта.

Границата со Косово, откако стана канал за бегање на криминалците. Блерим Рамадани избега, Гаши безбедно се шеташе, а сега мистериозно исчезна и Груби.

Јавноста има право да знае кој е политичкиот договор и која е цената за овој скандал.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Дуото Заев и Филипче, свесно ги поддржувале ДУИ во криминалите

За да останат ден повеќе на власт, дуото Заев и Филипче, свесно ги поддржувале ДУИ во криминалите.

Заев и Филипче, свесно ги поддржувале ДУИ во нивните криминали. Знаејќи за криминалите, СДС не поведуваше постапка за Груби, поради тоа што власта ќе им паднеше.

СДС, преку дуото Заев и Филипче, му овозможија на Груби да си прави криминал во Лотарија.

Груби не можел без поддршката од СДС да го прави овој криминал.

Молчејќи и не преземајќи никакви мерки, СДС се соучесници во криминалот, со цел да останат уште некој ден плус на власт.

Да не беа Заев и Филипче, криминалот на Груби и ДУИ, немаше да биде возможен.

Груби и ДУИ, Лотарија ја имаа претворено во приватна фирма, преку која делеле тендери и пари.

Очајните обиди на СДС да го прикријат криминалот, им се удри од глава.

Затоа, граѓаните ги прочитаа нивните деструктивни обиди за останување на власт и ги казнија на изборите.

ВМРО-ДПМНЕ седум години зборуваше за криминалот на Груби. Правда и одговорност мора да има!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер