Бах: Политизирањето на спортот би било многу штетно

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах оцени денеска дека политизирањето на спортот би било многу штетно и порача оти будно ги следи земјите кои не го почитуваат тој принцип, притоа, директно алудирајќи на Русија.

Бах за време на посетата на Монтевидео, по повод одбележувањето на 100-годишнината од формирањето на Олимпискиот комитет на Уругвај, рече дека „има голема поддршка во меѓународната заедница за моќта на спортот да обединува“.

„Се надевам дека следната дебата околу Резолуцијата за олимписко примирје, која ќе се одржи во ноември во Обединетите нации, ќе ни донесе нов бран поддршка“, рече Бах и повика на почитување на олимпиското примирје, чија традиција датира од древните игри.

Бах истакна дека внимателно ги следи обидите на поедини земји да го „политизираат спортот и да ги заменат спортските натпреварувања, како што се олимписките игри, со спортски настани во организација на владите“.

„Тоа соопштение пристигна од Русија. Ние тоа, се разбира, будно го следиме. Уверени сме дека светот ќе сфати дека политизирањето на спортот би било многу штетно по општеството“, изјави првиот човек на олимпиското движење. /МИА

Фото: Мадона на ревијата во Милано пристигна покриена со црн превез и со круна на главата

Поп иконата Мадона се појави на ревијата на Долче и Габана за пролет/лето 2025 година во рамките на Миланската модна недела покриена со црн вел од тантела и со круна на главата.

Со ова издание кралицата на светскиот поп го привлече вниманието на публиката.

Мадона на модната недела во Милано се појави во тесен фустан од шифон и тантела и црн корсет, покривајќи го лицето со црн превез додека оди кон своето седиште.

Таа на главата носела златна круна украсена со бисери, а дизајнерите одеа на модната писта во потрага по својата муза од првиот ред, која беше пречекана со овации.

Шри Ланка избра нов претседател

 Шри Ланка за нов претседател го избра марксистичкиот Анура Кумара Дисанајаке (55), кој ветува дека ќе се бори против корупцијата и ќе го поттикне кревкото економско закрепнување по најтешката финансиска криза во последните децении.

Дисанајаке ги победи актуелниот претседател Ранил Викремесинге и лидерот на опозицијата Саџит Премадаса и стана 10-ти претседател на Шри Ланка.

Изборите, исто така, претставуваа референдум за Викремесинг кој го води кревкото закрепнување на силно задолжената земја од економскиот колапс во 2022 година.

Дисанајаке доби три отсто од гласовите на последните избори.

Мерките за штедење кои беа клучни за тоа закрепнување придонесоа за нејзиниот пораз.

Тој заврши на третото место со 17 отсто од гласовите.

Дисанајаке освои 5,6 милиони или 42,3 отсто од гласовите, што е огромен скок од три отсто што ги доби на последните претседателски избори во 2019 година.

Премадаса беше втор со 32,8 отсто по првиот круг пребројување на гласовите.

По втор пат во историјата на Шри Ланка, претседателската трка беше решена со втор круг на броење, откако двајцата водечки кандидати не ги освоија потребните 50 отсто од гласовите за да бидат прогласени за победници на изборите.

Џеј Ло „уловена“ пред клиника

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез закажала операција на една очна клиника во Лос Анџелес, долго време го има овој проблем.

Додека процесот на развод со актерот Бен Афлек е при крај, мегапопуларната Џеј Ло решила да се фокусира на себе и на своето здравје. Таа е фотографирана пред клиника во Лос Анџелес.

„Жешката„ латиноамериканка веќе подолго време има проблеми со видот и сега дошла на клиниката за да се консултира за операција на окото, а болничкиот персонал чекал на паркингот и ја упатил понатаму.

Пејачката е фотографирана во крајно опуштено, но и модерно издание. Во широки фармеки кои се апсолутен хит оваа сезона.

притисни ентер