Бах нема да се кандидира за трет мандат на чело на ИОК

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), 70-годишниот Томас Бах, изјави дека нема да се кандидира за трет мандат на чело на олимпиското движење.

Бах е на чело на ИОК од 2013 година, но се откажа од нов мандат, што ќе повлече и промена на олимписката повелба.

„Пред сè сакам да го заштитам кредибилитетот на олимпиското движење. Долго размислував и дојдов до заклучок дека нема да се кандидирам за нов мандат“, рече Бах.

Неговиот наследник ќе биде избран на 143. седница на ИОК во Атина, што ќе се одржи од 18 до 21 март следната година. Бах ќе остане на функцијата до јуни следната година. /МИА

Happy buy-day Opel Македонија! 125 години Opel

По повод 125 годишнината на Германскиот производител на автомобили Opel Automobile GmbH, компанијата Еуроимпекс ДОО како генерален увозник за Opel возилата во регионот, истапува со најнова роденденска понуда!

Happy buy-day – 125 години Opel се однесува на трите најпосакувани модели во гамата.

Тоа се Opel Corsa, Opel Astra и Opel Mokka.

“Yes of Corsa”, Opel Corsa го доби признанието „Најпосакуван градски автомобил“ во Македонија на истоимениот национален избор организиран од страна на неколку реномирани македонски автомобилски медиуми.

„Она што сакаме да го истакнеме е дека, покрај оваа понуда, само оваа недела со почеток од 18.11.2024 до 25.11.2024 сме присутни во Сити Мол со специјалната понуда на верзијата на Opel Corsa – YES EDITION (1.2 Turbo 100 KS MT6) која носи дополнително роденденско изненадување!“ – изјави Драган Јовев, Продукт менаџер во Еуроимпекс и додаде:

Corsa е по многу нешта посебна. Новата верзија помина низ целосен надворешен и внатрешен “detox”, при што се отстранети сите непотребни елементи кои го одвлекуваат вниманието на возачот при возењето. Модерен изглед изработен со традиционална германска прецизност. Новата Corsa доби нов 48-волтен хибриден погон, мултимедијален уред со безжично поврзување и многубројни безбедносни системи. Препознатливата предна маска “Opel Vizor” ја интегрира најдобрата Intelli-lux Matrix технологија на предно осветлување во својата класа, прави уште на прв поглед моделот да се издвојува од другите. Opel Corsa навистина е посакуван автомобил во Македонија, a тоа го потврдуваат и продажните бројки. Оваа година e меѓу водечките модели во B-сегментот.“

Дизајнирана со прецизност. Произведена во Германија. Целосно детоксифициран дизајн, започнувајќи од препознатливиот визор во предниот дел, па сѐ до внатрешноста.... Благодарение на фасцинантниот нов Pure Panel® во кабината фокусот е свртен кон возачот. Придружете се на најдобрите. Возете го најхрабриот автомобил во својата класа. Opel Astra!

Дознај повеќе за понудата!

Осмели се да бидеш поинаков/ва. Помалку нормално, повеќе Mokka. Модерен и повеќе од смел... Стилски израз на чистиот прогресивен дизајн. Нова филозофија на германскиот инжинеринг и јасна визија за фасцинантната иднина на Opel. Во внатрешноста ќе откриете хармонија на пропорции, светлина, простор и технологија кои овозможуваат вистинско возбудливо возење. Динамичните мотори, го прават овој модел агилен во секој поглед.

Дознај повеќе за понудата!

Посетете ги салоните на Opel или побарајте понуда On line на следниов линк: https://www.opel.mk/tools/opel-videte-cena.html а може да се обратите во Скопје Сити Мол во периодот наведен погоре, за да дознаете за што станува збор.

Герасимовски: Трета година без трошоци за патувања и угостителски услуги – работиме одговорно

 Трета година без трошоци за патувања и угостителски услуги – работиме одговорно и домаќински

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, утрово одржа Брифинг со новинари кадешто се разговараше за актуелните тековни, но и за следните предвидени проекти во општината.

Герасимовски информираше дека Општина Центар е најтранспарентна општина којашто секогаш е отворена за соработка со медиумите и граѓаните.

„Со новинарите и медиумските работници имаме одлична соработка, нашата пракса е секојдневно да комуницираме со новинарите и сите прашања да ги одговараме во најбрзо време. Во Општина Центар работиме одговорно, транспарентно и домаќински. Во изминатите три години од мојот мандат имам потрошено нула денари за патни трошоци во странство и нула денари за угостителски услуги”, изјави Герасимовски во изјава за медиуми по завршување на брифингот.

Герасимовски посочи дека буџетските средства коишто ги има Општината во моментов истата ги немала никогаш, а тоа се должи на доброто менаџирање.

„Нашата општина е поразлична од сите други општини затоа што го слушаме ставот и мислењето на сите советници, а потоа сите проекти во Советот ги гласаме едногласно. Имаме можност граѓаните да дадат свои предлози, идеи и сугестии за подобрување на функционирањето на општината затоа што подобри услови за живот на граѓаните е нашиот приоритет”, рече Герасимовски.

Општина Центар

Божиновска: Во ЕСМ начекав минус 80 милиони евра работење

Тоа што го коментирате за нешто што се случило во 2017 година – тогаш вие бевте на власт и имавте седум години нешто да реагирате за тоа. 

- Во 2017 година, ЕСМ од тогашниот генерален директор беше оставен со 20 милиони евра профит, а денеска после седум години начекав минус 80 милиони евра работење, нагласи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

- Тоа што го коментирате за нешто што се случило во 2017 година – тогаш вие бевте на власт и имавте седум години нешто да реагирате за тоа. Во 2017 година, ЕСМ од тогашниот генерален директор беше оставен со 20 милиони евра профит, со направени ремонти, со направен тендер за механизација и денеска после седум години начекав – минус 80 милиони евра работење на ЕСМ. Префрлени 379 милиони евра од граѓаните на ЕСМ. Тоа се пари на граѓаните со кои сте можеле да изградите некој објект, рече Божиновска, додавајќи дека во времето на СДСМ во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар.

Во фокусот беше и тоа дали министерката Божиновска поседува бугарски пасош на што таа одговори дека поседува македонски и чешки пасош. Во однос на нејзината фирма во Прага, Божиновска истакна дека кога живеела таму морала да основа фирма за да може да купи стан бидејќи, како што рече, со македонски пасош тоа не е можно.

На прашањето за вмешаност на министерката со картел здруженија, Божиновска рече дека нема никава врска со тие здруженија и фирми.

- Во 2014 година немам никаква врска со фирми и картел здруженија. Најубаво би било тие што ви ги напишале прашањата, да бидат малку поинформирани. Тогаш живеев и работев во Белград и немам никакви правни врски со ниту една фирма поврзана во Македонија. А отсега се надевам дека ќе прашувате за работата на Министерството, рече Божиновска.

притисни ентер